Connect with us

економија

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

објавено

на

Дигитализацијата, вештачката интелигенција и финансиските услуги беа во фокусот на овогодинешната 22-ра по ред Годишна конференција на Македонската берза што се одржа во Охрид.

На 27-ми септември во Охрид во организација на Македонската берза АД Скопје се одржа 22-та Годишна конференција на Берзата. Оваа година на овој настан присуствуваа преку 200 претставници од финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност, котираните компании и другите друштва, државните институции и универзитетите и сите останатите субјекти чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредност.  

Македонска берза веќе две децении години организира годишни конференции коишто претставуваат настан со препознатлив имиџ, како во однос на актуелноста на темите кои се предмет на дискусија, така и во однос на компетентноста на учесниците во бројните панели и одржани презентации и говори. Годинава на програмата беа два главни панела и неколку интересни презентации на теми поврзани со пазарите на капитал. 

Конференцијата со воведни обраќања ја отворија Министерот за финансии, г-дин Фатмир Бесими, Претседателката на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, г-ѓа Нора Алити и Главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје г-дин Иван Штериев.

„Врвен развоен приоритет на Македонска берза е подобрување на понудата на пазарот. Веруваме дека на нашиот пазар побарувачка за квалитетни финансиски инструменти има. Побарувачката може да се надгради – да се привлечат нови инвеститори од земјата или странство, но таа не е суштинска пречка за понатамошен развој. Понудата е огромен предизвик. Токму поради тоа акцентот го ставаме на подобрување на постојната понуда, преку проекти како што се новиот Кодекс за корпоративно управување, вградување на ЕСГ стандардите кај компаниите, континуираните новелации на правилата за котација и обелоденување, инсистирање на повеќе информации на англиски јазик, организирање на роад шоуа итн.“, рече Штериев.

Тој додаде дека моменталниот фокус на Берзата е да ги анимираат неакционерските друштва да се подготват организациски, кадровски и суштински за среднорочно излегување на берза.

„Затоа го формиравме т.н. БУМ клуб (Берзата и Успешните во Македонија). Во овој клуб се зачленија над  20 успешни фирми и идниот месец почнуваме со активности. Во очекување сме и на најавените промени во регулативата согласно кои ќе формираме нов пазарен сегмент – т.н. Growth market, каде помалите компании многу полесно ќе можат да издаваат акции и да прибираат капитал. Компаниите од БУМ клубот ќе бидат природни кандидати за ова. Околу клучното прашање за зголемување на пазарната понуда и стимулирање на нови емисии целосно сме на иста бранова должина со нашиот регулатор, Комисијата за хартии од вредност, и ја имаме нејзината голема поддршка што е од суштествено значење.“ Целиот говор на Штериев може да го прочитате овде.

Работниот дел на конференцијата беше отворен со специјална презентација фокусирана на актуелни геополитички случувања од страна на Marko Papic, Партнер и главен стратег Clocktower Group на тема Иднината на Северна Македонија во мултиполарниот свет. Учеството на г-дин Papic на годинешната конференција, беше поддржано од страна на Амбасадата на САД во Северна Македонија.

На првата панел дискусија „ Што ни донесе 2023 година? “ своето искуство на оваа тема го споделија Сашо Арсов, Редовен професор, Економски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Гоце Христов, Директор на финансии во Гранит АД Скопје, Бранко Грегановиќ, Претседател на Управен одбор, НЛБ Банка АД Скопје, Вилма Учета Дузлевска, Претседател на Управен одбор, Триглав осигурување Загреб и Васко Митев, Извршен директор, Илирика Инвестментс Скопје. Модератор на овој панел беше Иван Штериев, Главен извршен директор, Македонска берза. Панелистите дискутираа и ги споделија своите размислувања за досегашните економски и финансиски текови во 2023 година и идните перспективи.

Вториот панел беше на тема „ Дигитализација, вештачката интелигенција и финансиски услуги “, на којшто своите разислувања со присутните ги споделија Даниел Даниловски, Менаџер за професионални услуги, Nextsence, Скопје, Matko Maravic, CEO, InterCapital Securities Ltd, Хрватска, Jovanka Lukic, Team Lead, Central Risk Management – Model Validation – Innovations and Projects, ABN AMRO Bank и Киро Чадиковски, Директор на Дирекција за банкарски картички и платежни сметки, Комерцијална банка Скопје. На оваа тема видео обраќање имаше Jacek Kubas, Head Of Digital – EBRD. Модератор на овој панел беше Александар Иљов, Директор на маркетинг и продажба, Халк Банка Скопје.

Во продолжение презентациите од 22-та Годишна конференција на Берзата:

свет6 часа ago

BlackRock, најголемиот инвестициски фонд во светот, менаџира средства колку економиите на Германија, В. Британија и Франција заедно

банки7 часа ago

ПроКредит Куманово на нова локација во строгиот центар на градот

македонија5 дена ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија1 недела ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија1 недела ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки1 недела ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија1 недела ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју2 недели ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија2 недели ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“