Connect with us

економија

Македонска берза, 25 години потоа

објавено

на

„Четврт век потоа може да констатираме дека Македонска берза стана значаен чинител  и интегрален дел во нашиот финансиски систем. Најголем предизвик што сеуште тешко се надминува е тоа што Берзата не е практично искористена и од корпоративниот и од јавниот сектор како пазарен механизам за нивно финансирање, но тоа е општа аномалија на економиите и на финансиските системи на сите пост-транзициски економии во регионот и пошироко“, вели извршниот директор на Берзата, Иван Штериев во колумна за Дојче Веле.

„Деведесеттите години од XX век, гледано од паневропска перспектива, беа период на еуфорија, оптимизам и надеж за подобра иднина. Социјализамот, и оној со и оној без човечки лик, целосно и ненадејно се срушија како кула од песок. Френсис Фукујама прогласи крај на историјата, а Џефри Сакс ја пропагираше потребата од шок терапија како лек за болните плански економии. Либерализацијата во стопанскиот живот стана водечка мантра, а приватизацијата света крава.“, ја почнува својата колумна за Дојче Веле, Иван Штериев, директорот на Македонска берза, во којашто се осврнува на почетоците, развојот, достигнувањата во 25 – годишната историја на оваа институција, чиешто ѕвоно на симболичен начин ја означило првата трансакција на 28 март 1996 година.

„Сите, вклучително и довчерашните комунисти, станаа безалтернативни поборници на пазарната економија. Дебатите дали економските реформи на поранешните социјалистички држави во Европа можат и треба да се спроведат без претходно да се изградат ефикасни институции или двата процеси треба да се одвиваат паралелно, се актуелизираа подоцна. ММФ и Светска банка наметнаа високи реформски таргети што требаше брзо да се остварат. Политичарите се сметаа за успешни според бројот на фирми кои ги приватизирале или планираат да ги приватизираат. Со други зборови, во деведесеттите економската агенда на постсоцијалистичките општества беше повеќе од амбициозна и според неа и нејзините заговорници градењето нова пазарна економија, помеѓу другите општествени бенефити, неминовно и само по себе требаше да доведе до создавање на ефикасен пазар на капитал што ќе ги редистрибуира финансиските вишоци и ќе врши оптимална алокација на ресурсите во економијата. Ова стојалиште беше стимулирано и од локалниот, наивен ран ентузијазам и од странските експерти што ги преплавија земјите во транзиција во рамките на многубројните програми за техничка помош од Западот.“….

Целата колумна може да ја прочитате овде.

Интервјуто со г. Иван Штериев што Капитал го направи за своето печатено издание на новиот бренд Менаџер, може да го прочитате овде.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија16 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал