Connect with us

економија

Македонска иновација за кровни градини се пробива на огромниот турски пазар

објавено

на

Семпервел е модул на кровни градини  решение на македонската компанија ФОЈА, која е специјализирана за хортикултурно уредување. Со него се крати времето за изведба и се намалуваат трошоците за реализација на екстензивните кровни градини.

Македонското иновативно решение за кровни градини Семпервел се претстави на меѓународниот саем Анталија Експо 2022 наменет за иновативни земјоделски технологии и опрема, хортикултурни решенија, системи за наводнување, одгледување семиња и садници, како и за исхрана и заштита на растенијата, а кој се одржува во период од  23-26 ноември.

Семпервел е модул на кровни градини  решение на македонската компанија ФОЈА, која е специјализирана за хортикултурно уредување, производство и продажба на декоративни садници. Со него се крати времето за изведба и се намалуваат трошоците за реализација на екстензивните кровни градини. Станува збор за квалитетно, трајно и одржливо решение кои ги прави кровните градини многу подостапни за сите. Може да се изведува на куќи, згради, компаниски објекти и други рамни кровни површини.

“Воспоставивме контакти и разговаравме за можности за пласман на овој иновативен производ првично на турскиот пазар, но и пошироко. Семпервел како решение има огромен потенцијал, и 100% придонесува кон зачувување на животната средина. Придобивките од Семпервел кровните градини се бројни но првенствено тие обезбедуваат: заштеда на енергија, го прочистуваат воздухот и ја намалуваат бучавата! Неопходни се во градските средини, посебно таму каде има огромна концентрација на бетон, недостиг на зелени површини и огромна концентрација на луѓе и автомобили. Анталија Експо 2022  е еден од најголемите и најзначајните саеми во светот каде се претставуваат земјоделски и хортикултурни иновации од целиот свет, што за нас е голем предизвик, но истовремено и можност за потврда на иновативноста и функционалноста на нашето решение”, изјави Ѓорѓи Самарџиев од ФОЈА.

економија6 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки24 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас