економија
Македонскиот берзански индекс се врати на ниво од пред пандемијата
објавено
на
автор:
Игор Петровски
МБИ10 деновиве премина 5.000 поени, што е првпат по 21.02 лани, период пред да почне корона – кризата. По паниката и дното што го достигна индексот на 27.03, до крајот на 2020 неговата вредност пораснала за 45%, а до денеска за 55%. Оние што купиле акции среде паниката, на „распродажба“, оствариле одличен принос за само девет месеци.
Главниот индекс на Македонската берза, МБИ10, деновиве ја помина границата од 5.000 поени, што е за првпат по 21.02 минатата година, односно периодот пред да почне корона – кризата и големиот пад на цената на акциите што се случи во март месец лани. Тогаш индексот загуби речиси 35% од вредноста и го допре дното на 27.03, со вредност од 3.257 поени. Веднаш потоа следеше нагло закрепнување, и до крајот на месец април се врати на 4.460 поени, по што следеше период на благи осцилации и стабилен раст до крајот на годината.
Последниот ден од 2020, МБИ10 имаше вредност од 4.705 поени, што во споредба со вредноста од 31.12.2019 е минимален пораст од 1,20%. Едноставно, големиот пад пролетта го зеде својот данок ако ја гледаме годишната динамика. Инаку, од дното во март, до крајот на годината индексот пораснал за 45%, што значи дека оние што купиле акции среде паниката, на ниски цени, оствариле одличен принос за само девет месеци.

Да потсетиме, во март месец покрај тоа што се случи драстичен пад на цените на акции, се случи и најголем месечен промет, поточно, прометот во класично тргување со акции беше 23,5 милиони евра, што е за 2,3 пати повеќе од претходниот месец и дури 4 пати повеќе од просечниот месечен промет со акции во 2019 година. Ако одиме малку поназад во времето со „копањето“ на берзански податоци, ќе видиме всушност дека овие 23,5 милиони евра беа најголемиот месечен промет во изминатите 10 години, а и подолго. Поголем месечен промет имало само во фамозната 2007 година, кога берзанското лудило по купување акции како на панаѓур, доведе до просечен месечен промет од над 40 милиони евра.
За цела, пак, 2020 година, вкупниот промет на Берзата изнесувал 133 милиони евра, од коишто 97 милиони евра во класично тргување со акции и обврзници. Од остатокот од 36 милиони евра во блок трансакции, речиси половина или 17,5 милиони евра отпаѓа на преземањето на Еуролинк осигурување од страна на австриската осигурителна групација Граве.
Најтргувани акции лани се на Комерцијална банка, со 35,5 милиони евра (без блок трансакции) или 39% од целокупниот промет во класично тргување. Следи акцијата на Алкалоид, со двојно помал промет, од 17,2 милиони евра и 18,7% од вкупната трговија, пред Макпетрол со 10,5 милиони евра (11,4%), НЛБ Банка со 8,7 милиони евра (9,45%), итн. Треба да се истакне фактот дека 85% од прометот со акции лани на берзата бил со само пет акции, што укажува на недостигот на квалитетни хартии од вредност, плиткост на пазарот, недоволно акции во т.н. free float, итн.
Прочитај Уште...
A1 со нова понуда: 30 GB мобилен интернет за нов постпејд договор
Годината почнала со поголем извоз за 15,4% и увоз за 5,3%
„Џонсон Мети“ во Македонија доби нов директор
Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации
Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега
Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020



A1 со нова понуда: 30 GB мобилен интернет за нов постпејд договор

Годината почнала со поголем извоз за 15,4% и увоз за 5,3%

„Џонсон Мети“ во Македонија доби нов директор

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

Приходите на хотелските компании и до 90% помали во 2020

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

Стравот од инфлација им пресуди на акциите

Македонската економија на среден и долг рок (6)

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

Стојче Тасков: Нашата мисија е да обезбедиме брзо и ефикасно управување со документи и информации

Ѓорги Самарџиев: Создадовме иновативно решение за многу поедноставна конструкција на кровни градини

Позајмени 700 милиони евра по најниска камата досега

Џулијан Васало: Одблизу ја следиме борбата со корупцијата и криминалот: Бараме опипливи резултати!

Се менува регулативата: полесен пристап до државна помош за нови инвестиции

Излегоа финансиските биланси: хотелските компании со приходи помали и за 90% лани

Милан Димитриевски: Ја почнавме новата инвестициска програма

Стив Кејс: Упорноста не е гаранција дека ќе успеете во нешто, но без неа, сигурно нема да успеете.

Не поставуваат прашања само оние што интервјуираат. Еве што можете и вие да го прашате вашиот потенцијален работодавец
