Connect with us

македонија

Македонските граѓани го зголемиле прометот кон домашни е-продавници за 126%

Анализа на број и обем на онлајн трансакции во првиот квартал

објавено

на

Во првиот квартал од 2021 година вредноста на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство, изнесува 86,6 милиони евра, што во споредба со истиот период 2020 година кога се реализирале 49,6 милиони евра претставува пораст за 74,6%. Бројот на направените трансакции во истиот период спрема минатата година забележува пораст од 65%, што значи дека вредноста на просечната трансакција е зголемена.

Народната банка ги објави статистичките податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба, кои се однесуваат на периодот заклучно до 31.03.2021 година.

Согласно податоците за бројот на реализирани трансакции во текот на првите три месеци од 2021 година, објавени на веб страната на НБРСМ, бројот и вредноста на реализирани онлајн нарачки и купувања во текот на анализираниот период покажува дека растот на е-трговијата продолжува и оваа година.

Во првиот квартал од 2021 година вредноста на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство, изнесува 86,6 милиони евра, што во споредба со истиот период 2020 година кога се реализирале 49,6 милиони евра претставува пораст за 74,6%. Бројот на направените трансакции во истиот период спрема минатата година забележува пораст од 65%, што значи дека вредноста на просечната трансакција е зголемена. Имено, во текот на првите три месеци од 2021 година реализирани се вкупно 3.228.182 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 1.954.957 онлајн трансакции во текот на првите три месеци од 2020 година.

Македонците потрошиле 65,3 милиони евра онлајн за само три месеци кон домашни онлајн продавници

Македонците во текот на 2021 година продолжуваат да ги ползуваат придобивките од онлајн купувањето и да ја зголемуваат довербата која ја имаат кон домашните е-продавници. Имено, во текот на првите три месеци од 2021 година Македонците со домашни картички потрошиле 65,3 милиони евра онлајн, што претставува пораст од 125,8% (35,9 милиони евра) во однос на истиот период претходната година.

“Е-трговијата повеќе не е избор, туку неопходност за компаниите да остварат раст и да достигнат до нови клиенти. Пандемијата уште повеќе го нагласи тоа и се повеќе домашните компании се адаптираат отворајќи нов канал за продажба – онлајн. Купувачите од друга страна стекнуваат дигитални вештини и ги менуваат навиките, што се рефлектира и преку трицифрениот раст од 126% во вредноста на реализирани трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци. Растат дигиталните вештини, довербата во домашните е-продавници, е-трансакциите и домашната понуда. Се надевам дека овој тренд ќе продолжи и понатаму, како што и Асоцијацијата за е-трговија ги продолжува напорите, иницијативите и активностите со цел креирање поволна клима за забрзан раст на е-трговијата во земјава.” – вели претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, д-р Нина Ангеловска

Ако ја земеме предвид вредноста на онлајн трансакциите реализирани со домашни платежни картички кон е-продавници во Македонија (65,3 милиони евра), наспроти вкупната вредност на онлајн плаќања (86,6 милиони евра), можеме да заклучиме дека 75,4% од вкупната вредност на трансакциите се насочени кон домашните компании.

За една година отворени 523 нови е-продавници во Македонија

Согласно податоците за бројот на уредите на виртуелните места на продажба (веб страници за е-трговија), заклучно со 31.03.2021 година во Република Северна Македонија активни се 1.552 продажни места. Станува збор за активно регистрирани виртуелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги.  За период од три месеци во текот на 2021 година бројот на онлајн продавници се зголемил за 93 новоотворени.

Споредбено со 31.03.2020 година кога бројот на активни е-продавници изнесувал 1.029, можеме да заклучиме дека за една година отворени се вкупно 523 нови е-продавници што претставува пораст од 51%.

Сè почесто користење на мобилните апликации за плаќање

Од почнувањето на корона-кризата па наваму, заради потребата од заштита на јавното здравје, изолација и социјална дистанца, граѓаните сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство при иницирањето на кредитните трансфери. Така, бројот на електронски иницираните кредитни трансфери во првиот квартал од 2021 година се зголемил за значителни 49% на годишна основа, што е повеќе за 2,3 пати во споредба со годишниот раст во истиот квартал во 2020 година (21%). За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации, што укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на дигиталните канали за плаќање. 

Како и во изминатиот период од пандемијата, тренд на пораст на бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон има и во првиот квартал од 2021 година и тој достигнува годишен раст од 99%. Остварениот раст кај плаќањата извршени на ваков начин е исто така двојно повисок од годишниот раст остварен во истиот период од 2020 година, којшто изнесуваше 46%. Покрај тоа, во првиот квартал од 2021 година, иако послабо во однос на употребата на мобилните апликации, и натаму расте употребата на компјутерите за извршување плаќања во земјата од страна на граѓаните. Поконкретно, кај овие плаќања, во првиот квартал од 2021 година се забележува висок годишен раст од 30%, којшто е двојно повисок од годишниот раст во истиот период од 2020 година, којшто изнесуваше 14%. 

Условите коишто ги наметна пандемијата на ковид-19 придонесоа за  менување на навиките на граѓаните и во однос на иницирањето кредитни трансфери на хартија, при што бројот на кредитните трансфери иницирани на овој начин забележа годишен пад од 7% во првиот квартал од 2021, наспроти годишниот раст во истиот квартал во 2020 година, од 4%.

Continue Reading
интервју7 часа ago

Маја Филипчева: Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка

македонија3 дена ago

Акцелератор УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР: Повик за нова акцелераторска програма на Акцелераторот УКИМ

банки4 дена ago

УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

технологии / компании4 дена ago

Комтрејд ги донесе OnePlus телефоните во Македонија

македонија5 дена ago

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен -наградна игра на Триглав Осигурување

македонија5 дена ago

Асура станува официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

банки6 дена ago

Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка споени во една банка

македонија6 дена ago

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

македонија6 дена ago

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

банки1 недела ago

Народната банка и МБА донесоа Насоки за банките и штедилниците – за поголема транспарентност и стандардизација при објавувањето информации за депозитите и кредитите за населението

македонија5 дена ago

Асура станува официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

банки6 дена ago

Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка споени во една банка

македонија3 дена ago

Акцелератор УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР: Повик за нова акцелераторска програма на Акцелераторот УКИМ

македонија6 дена ago

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

банки4 дена ago

УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

технологии / компании4 дена ago

Комтрејд ги донесе OnePlus телефоните во Македонија

интервју7 часа ago

Маја Филипчева: Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка

македонија5 дена ago

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен -наградна игра на Триглав Осигурување

македонија6 дена ago

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите