економија
Македонските граѓани лани купиле и продале акции во странство за 57 милиони евра
објавено
на
автор:
Игор Петровски
На Македонска берза во класично тргување со акции прометот бил 92 милиони евра, што значи дека тргувањето во странство станува се’ поголема конкуренција на домашниот пазар на капитал.
Вкупно 3,5 милијарди денари или околу 57 милиони евра е прометот реализиран на странски пазари од страна на македонски инвеститори минатата година, покажува извештајот на Комисијата за хартии од вредност. Гледано по квартали, во вториот и четвртиот квартал трговијата со акции и други инструменти на странските пазари е речиси изедначена, односно 17,5 и 17,2 милиони евра респективно. Во првиот квартал прометот е околу 10 милиони евра, додека во третиот нешто над 12 милиони евра.
Со оглед на тоа што тргувањето на странските пазари за македонските граѓани и компании стана дозволено кон средината на 2019 година, КХВ прави споредба помеѓу периодот на 3 и 4 квартал таа година и истиот период лани, при што прометот е поголем за 157%. Ова е очекувано, со оглед дека државава е на самиот почеток со оваа инвестициска можност, па троцифрени и двоцифрени стапки на раст на прометот ќе бидат вообичаени следните неколку години, велат аналитичарите.
Kварталните и месечните податоци по одделни овластени банки, од јуни 2019 година до крајот на 2020, упатуваат дека Шпаркасе Банка Македонија е насочена кон сервисирање на клиенти/резиденти кои вложуваат на странски пазари, коишто во четвртиот квартал од 2020 зафаќаат 98% од вкупниот промет реализиран на сите пазари од страна на оваа банка. Така, на годишна основа прометот преку оваа банка речиси во целост се реализира на странски пазари. Од вкупно 29.84 милиони евра, само 2 милиона евра се промет реализиран на домашен пазар.
Слични тенденции се забележуваат и кај останатите две овластени банки, Комерцијална и НЛБ, каде што соодносот меѓу процентното учество на прометот на домашен и на странски пазари се менува за сметка на намалување на прометот реализиран на домашен пазар, односно значително стеснување на учеството на прометот на домашен пазар во вкупниот промет на сите пазари. Имено, 34% од вкупниот годишен промет во 2020 година на Комерцијална Банка е реализиран на странски пазари, додека пак , кај НЛБ Банка ова учество изнесуваше 45%. Ваквата состојба укажува на се поголем интерес на резиденти за вложување на странски пазари, е заклучокот на Комисијата за хартии од вредност.
На домашниот пазар пак, минатата година е реализиран промет од 8,2 милијарди денари (133 милиони евра), што е пораст за 6,4% во однос на 2019-та. Во класично тргување со акции е забележан промет од 92 милиони евра, додека во блок трансакции 33 милиони евра. Остатокот од околу 8 милиони евра е промет со обврзници, јавни понуди на хартии од вредност и други хартии од вредност. Ако класичното тргување со акции е некаков пандан на домашниот пазар на она што се инвестира од нашите граѓани во странство преку целата година, излегува дека во 2020 – та македонските граѓани за 62% повеќе тргувале дома, одошто надвор или во вкупно реализираниот промет на македонски резиденти во класично тргување што изнесува без малку 150 милиони евра, 38% отпаѓа на тргување во странство. Ако се земе предвид вкупниот промет во 2020 на Македонската берза, тогаш учеството на трговијата во странство е 30%.
Прочитај Уште...
-
Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа
-
Антикризни мерки за збогум на корона – кризата
-
Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио
-
Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг
-
Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%
-
Столб на срамот, наместо на демократијата



Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Столб на срамот, наместо на демократијата

Танцот со национализмот прекинат или само паузиран?

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Македонската економија на среден и долг рок (5)

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата
