Connect with us

македонија

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

Онлајн шопингот продолжува да расте со двоцифрена стапка

објавено

на

Во 2023 година вкупната вредност на направени е-трансакции кон домашни е-трговци направени и од домашни и од странски купувачи изнесува 453.6 милиони евра што преставува пораст од 15.2% во однос на претходната година. Вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува без малку 40 милијарди  денари или 649.3 милиони евра, односно бележи пораст од 18%.

Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба во 2023 година на Народната Банка на Република Северна Македонија, вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува без малку 40 милијарди  денари или 649.3 милиони евра, односно бележи пораст од 18% во однос на 2022 година, соопштуваат од Асоцијацијата за е-трговија – АЕТМ.

Притоа, вредноста на направените вкупни е-трансакции од физички лица изнесува 455.6 милиони евра и има пораст од 18.7%, додека правните лица оствариле пораст од 16.3% во однос на 2022 година. Доминира учеството на физичките лица во направените вкупни трансакции со 70.2%. Се зголемува и бројот на вкупните онлајн трансакции, но со помал интензитет на пораст односно 15.2% во однос на 2022 година.

Кај правните лица бројот на реализираните вкупни е-трансакции се зголемува за 8.7%, додека кај физичките лица за 17.1% во однос на минатата година. Просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2023 година изнесува 33.7 евра и е за 2.3% поголема од 2022 година. При тоа растот на просечната вредност е поголем кај правните лица каде што просечната трансакција се зголемува за 6.8% и изнесува 45.6 евра, додека кај физичките има минимален пораст (1.05%) и изнесува 30.3 евра.

Структура на вредноста на онлајн трансакциите

Во структурата на вкупната вредност на направените онлајн трансaкции во 2023 година се забележува намалување на учеството кон домашни е-трговци од 72% во 2022 година на 70% во 2023 година, на сметка на зголемениот раст на вредноста на направените е-трансакции кон странски е-трговци. Имено, во 2023 година вкупната вредност на направени е-трансакции кон домашни е-трговци направени и од домашни и од странски купувачи изнесува 453.6 милиони евра што преставува пораст од 15.2% во однос на претходната година. Македонците во странство со платежни картички на виртуелни продажни места оствариле трансакции во вредност од 195.6 милиони евра што преставува раст од 25.3% во однос на 2022 година.

Што се однесува до структурата на бројот на направените е-трансакции според потеклото на картичката и местото на направената трансакција кон домашните е-трговци Македонци и странци со своите картички оствариле 76% од трансакциите, додека во странство Македонците оствариле 24% од трансакциите. Тоа ни укажува на поголема просечна вредност која е направена кон странски е-трговци односно 42.9 евра. При тоа физичките лица оствариле просечна вредност по трансакција од 32.6 евра додека правните од 129 евра.

Просечната вредност на направените онлајн трансакции во 2023 година изнесува 33.7 евра и е за 2.3% поголема од 2022 година. При тоа растот на просечната вредност е поголем кај правните лица каде што просечната трансакција се зголемува за 6.8% и изнесува 45.6 евра, додека кај физичките има минимален пораст (1.05%) и изнесува 30.3 евра.

Унапредување на регистарот на е-трговци

Во 2023 година, согласно подaтоците на Народната банка има вкупно 1703 виртуелни места на продажба, што претставува зголемување од 105 нови е-продажни места или 6.5% пораст. Што се однесува до активни е-продажни места, од вкупните 75% биле активни, односно 1293 имале барем една трансакција во текот на 2023 година.

Асоцијацијата за е-трговија неодамна направи унпаредување на регистарот на е-трговци, кој претставува единствен регистар на онлајн продажни места кој се обновува во соработка со петте банки кои нудат процесирање на е-трансакции. Регистарот содржи и категоризација, односно може да се прегледаат сите активни е-трговци и може да се пребаруваат е-трговците.

“Вредноста на онлајн трансакциите бележи годишен раст од 18% во 2023 година. Вредноста реализирана кон домашни е-трговци (со домашни и странски картички) бележи раст од 15% и изнесува 453.6 милиони евра. Асоцијацијата за е-трговија минатата година придонесе за зајакнување на домашната понуда во е-трговија и тоа преку две иницијативи беа помогнати 65 микро, мали и средни компании да започнат да продаваат онлајн и да ги зајакнат своите дигитални вештини.“, вели  претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска.

Таа додава дека и оваа година продолжуваат со бројни активности кои ќе придонесат за проширување и зајакнување на понудата во е-трговија, унапредување на дигиталните вештини, намалување на сивата економија и зајакнување на довербата во онлајн купувањето.

„Преку активности како што е регистарот на е-трговци, беџот за верификувани е-трговци и информативно-едукативните кампањи за јавноста влијаеме на поголема информираност, свесност и самозаштита на граѓаните со што придонесување и за унапредување на страната на побарувачката”, истакнува Ангеловска.

економија6 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%