Connect with us

македонија

Македонските угостители сакаат своја крипто валута

објавено

на

Од Независната комора на угостители ги прашуваат надлежните институции како може  законски да регистрираат македонска крипто менувачница; да издадат македонски крипто средства – токени за угостителската индустрија, како и да постават крипто АТМ апарати кај реномирани угостителски објекти низ повеќе градови.

Независната комора на угостители (НУК) е заинтересирана за инвестиции и законско тргување со крипто валути преку овластена македонска крипто менувачница, со можност за онлајн купување и продавање крипто средства. Од НУК во октомври месец годинава испратиле писмо до Народната банка, министерствата за финансии и економија, УЈП и Централниот регистар, со прашање како може законски да регистрираат македонска крипто менувачница; да издадат македонски крипто средства – токени за угостителската индустрија, како и да постават крипто АТМ апарати кај реномирани угостителски објекти низ повеќе градови.

„Изминатите месеци сведоци сме на експанзија од локална и глобална популаризација на работење, тргување  и издавање на крипто валути. Согласно постојната македонска законска регулатива и информациите на  Народна банка за крипто валути инвестирање, тргување и содавање на крипто валути во Македонија не е  забрането туку истото не е законски регулирано. Моментално сите трансакции и инвестиции во крипто  средства се одвиваат преку разни странски крипто менувачници или со размена на крипто средства помеѓу  физички лица при што не се води евиденција односно се нема контрола на готовинските текови на пари. Големата популаризација во инвестирање и трговија со крипто средства доведе до повеќе глобални  усогласувања на тргување и евиденција на сопствениците на т.н. крипто паричници (crypto wallets) со што во  различни извештаи за крипто средства се наведуваат бројки од 25.000 регистрирани сметки на Македонски  граѓани (неофицијално бројот веќе надминува 50.000 сметки) на кои корисниците имаат вложено повеќе  стотина милиони евра во крипто валути.“, се вели во писмото на НУК.

Поттикнати од овие сознанија, од НУК изминатиов период барајќи примери во разни земји за начини на користење и употреба на крипто средства во угостителската индустрија, ги разгледувале можностите и начините за користење, трговија и издавање на крипто средства кај македонските угостители. Преку концепт на проект-модел на работа со  крипто средства усогласен со ЕУ регулатива запазувајќи ја и постојната домашна регулатива НУК планира да  имплементира и овозможи инвестиции и законско тргување со крипто валути преку овластена македонска  крипто менувачница со можност на онлајн купување и продавање крипто средства со целосна евиденција на  паричниот тек заради евиденција на даночните обврски кои произлегуваат од работењето со крипто  средства.

„Воведувањето на законска можност за трговија и инвестиција во македонски крипто валути за угостителската  индустрија во услови кога угостителите трпат енормни штети и загуби поради пандемијата со Ковид-19 ќе  допринесе инвестиции во свеж надворешен капитал со што ќе може директно да се помогне во нивната  ревитализација и анимирање на туризмот и угостителството во привлекување на потенцијални странски  гости-туристи кои ќе можат на лесен и брз начин да инвестираат и плаќаат со крипто валути кај  македонските угостители со што ќе може да се зголемат и забрзаат приходите од туризмот. Официјализирање  на работење со крипто валути со званична регистрација на македонска менувачница на крипто валути со која  ќе се воведат и КРИПТО АТМ апарати во реномирани угостителски објекти (ресторани и хотели) ќе може да  се врши законска и официјална размена на крипто валути низ цела Македонија за домашни и странски гости.“, велат од Независната комора на угостители.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал