Connect with us

македонија

Македонски енергетски форум: Мапирање на енергетската иднина

објавено

на

Кои се предизвиците на енергетската транзиција што ја спроведува Северна Македонија; што е направено досега на патот кон „Зелениот договор“ на ЕУ што го поддржува и земјава; што значи правена транзиција кон чиста енергија; се само дел од прашањата на коишто учесниците на четвртиот по ред Македонски енергетски форум ќе се обидат да дадат одговори денес и утре во Скопје.

Северна Македонија е лидер во Западен Балкан во однос на зелена трансформација и е првата земја во регионот која што прави енергетска транзиција на една термоелектрана во капацитет кој ќе произведува електрична енергија со фотоволтаици, беше посочено денеска на почетокот на дводневниот МЕФ Енергетски форум кој по четврти пат се одржува во Скопје, во организација на ЗИП Институтот, Владата и Амбасадата на САД во земјата.

Премиерот Зоран Заев во своето обраќање е осврна на досегашните и на идните енергетски проекти нагласувајќи дека во нив учествуваат повеќе реномирани европски компании.

„Ние сме земја на сонцето, тоа сите го знаеме, за жал во минатото истото не било искористено соодветно, меѓутоа сега во последните 3,4 години, во фаза на градба се веќе 60 мегавати на фотонапонски електрани по пат на премиум тарифи, и 100 мегавати во Осломеј по пат на јавно приватно партнерство кој ќе го заменат РЕК Осломеј.

Првата фотонапонска електрана на ЕСМ во Осломеј од 10 мегавати до крај на октомври годинава ќе биде готова, значи станува збор за 170 мегавати електрани на сонце или 10 пати повеќе од 17-те мегавати изградени во претходните 11 години.

Донесовме Закон за стратешки инвестиции, за големите инвеститори да ја препознаат заложбата на Владата и да бидат похрабри во донесувањето на одлуки за инвестирање во Република Северна Македонија. Веќе неколку сериозни инвеститори доставија официјални проекти за стратешки инвестиции како што се WPD од Германија за изградба на 415 мегавати ветерна електрана,  EFT Group за изградба на 80 мегавати фотонапонска електрана, неколку сериозни инвеститори искажаа интерес за инвестирање во големи енергетски инфраструктурни објекти како што се Митилинеос од Грција, Akuo Energy од Франција, проекти вредни стотици милиони евра.

Досега во севкупните намери за инвестиции и отпочнат процеси на разговори имаме покриеност од околу 1.500 мегавати фотонапонски централи за кои интензивно се разговара, за дел е готова документацијата и над 550 мегавати ветерници во државата. Се надеваме дека голем дел од тоа ќе биде успешно реализирано.

Ова за нас е показател дека добро сме ги сработиле реформите, сме ја донеле потребната легислатива и сме создале услови за инвестирање, тоа е суштината на постоењето на владите и администрацијата, да создадат фер услови за сите. Од имињата што ги спомнав, може да се види дека станува збор за сериозни европски компании што уште повеќе потврдува дека сé е транспарентно и конкурентно во согласно со европските правила. Ако на ова ги споменам и ГЕНИ од Словенија, Фортис од Турција и Соларпро од Бугарија кои веќе ги градат своите електрани, јасно е дека сме го избрале вистинскиот пат.

Со изградбата на две по 50 мегаватни електрани во Осломеј на приватни инвеститори, како и на две по 10 мегавати сопствена инвестиција на ЕСМ, ја правиме првата енергетска транзиција на електрана на јаглен со фотонапонска електрана, ова е пример за останатите земји во регионот на Западен Балкан и на Југоисточна Европа.“, рече Заев.

Тој рече дека Северна Македонија во целост го поддржува европскиот зелен договор и зелената транзиција и ја нагласи помошта која што земјата ја добива од Европската комисија во однос на дијагнозата за праведна транзиција и како таа успешно да се спроведе и во нашата земја.

„Зелената транзиција нема да биде успешна доколку не е праведна. Односно, доколку во целиот процес не се земат во предвид и човечката димензија, како и економските и социјалните аспекти“, нагласи Заев.

Заев го спомна и проектот „Чебрен“, којшто исто така е клучен за успешна енергетска транзиција и за реализацијата на најавените инвестиции во обновливи извори на енергија, фотонапонски и ветерни електрани

„Чебрен треба да ја даде потребната сигурност на електроенергетскиот систем на Северна Македонија и на регионот.

Започна втората фаза, во која има 9 сериозни европски и светски компании. Се надевам дека до почетокот на наредната година ќе го потпишеме Договорот со најуспешниот понудувач и конечно после серија неуспешни тендери, овој проект ќе ја доживее светлината на денот.

Само овој огромен енергетски проект вреди 700 милиони евра, а овој пат е осигурена неговата успешност.

Овде ќе ги додадам и проектите на кои работиме како ТЕЦ Неготино , Waste to Energy, Zoka Energy Solution, се преку 400 милиони евра.

Во услови на здравствено-економска криза предизвикана од КОВИД-19,  покрај справување на ефектите од пандемијата, Владата и економските ресори прават максимални заложби и ја следат состојбата во што најмногу се вложува во светот. Токму енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот.“, истакна Заев.

Министерот за економија Крешник Бектеши говореше на панел сесијата насловена „Придонесот на Западен Балкан кон Зелениот договор на Европската унија„
„Министерството за економија како креатор на политиките за енергетика со усогласување на Законодавството во областа на енергетиката создава  основа за развој на енергетиката и енергетска транзиција.

Стратешкото планирање на политиките и идните чекори ќе допринесат за навремено и правилно постигнување на зацртаните цели. Северна Македонија е прва држава што изработи Национален план за енергија и клима кој опфаќа декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност во снабдувањето со енергија, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност кој ќе биде донесен во октомври оваа година“ кажа министерот Бектеши и додаде дека Северна Македонија е лидер меѓу земјите Договорни страни на енергетска заедница со изготвувањето на овој план.

Министерот потенцираше дека енергетската транзиција поттикнува намалување на стакленичките гасови поради што се размислува за затварање на термоцентралите во земјата, но и изградба на нови хидроцентрали, гасни централи и зголемени инвестиции во изградба на фотонапонски централи.

“Министерството за економија во 2019-2020 година успешно спроведе  тендерски постапки за доделување на право на користење на премија за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште за вкупен инсталиран капацитет од 62 MW, по што беа склучени вкупно 35 Договори за право на користење на премија. Досега изградени се вкупно 4 фотонапонски електроцентрали на приватно земјиште со инсталиран капацитет од 2,5 MW.

Минатиот месец беше објавен  нов Јавен оглас за доделување на договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали на приватно земјиште за вкупен инсталиран капацитет од 80 MW и истиот е отворен до 05.10.2021 година“ кажа министерот Бектеши и потенцираше дека покрај ова Владата даде согласност за изградба на две фотонапонски централи по принцип на јавно-приватно партнерство со вкупен инсталиран капацитет од 100 MW и ќе се градат на постојната инфраструктура на ТЕЦ Осломеј.

Бектеши потенцираше дека гасификацијата на Македонија е уште еден клучен момент за енергетската транзиција и диверзификација на енергетските ресурси . 

“Во моментов има еден прекуграничен гасовод со Бугарија, имајќи ги предвид целите за намалување на емисии на стакленички гасови и ЕЕ, како и за подобрување на сигурноста во снабдувањето со конкурентни цени, целта на Македонија е да се спроведат проектите за изградба на гасоводи на природен гас кон Грција, Косово и Србија. Преку гасоводот кон Грција, Македонија може да пристапи до Транс-јадранскиот гасовод преку грчкиот преносен систем (DESFA), кој носи природен гас од Каспискиот регион во Европа, но исто така ќе овозможи пристап до светските пазари и на ТНГ преку Грција. Се очекува овој проект да овозможи пристап до ликвидни пазари и да го стимулира влезот на трговци на природен гас на македонскиот пазар.

Ова ќе овозможи поголема конкуренција и пазарно поставени цени на природниот гас што ќе обезбеди одржливост на секторот, со конкурентни цени. Во моментов, проектот е во фаза на финализирање на меѓусебната физибилити студија по што треба да следи поднесување на апликација за финансирање и започнување со изградбата“, кажа министерот и додаде дека гасоводот кон Србија и Косово може да обезбеди дополнителен алтернативен извор и можност за транзит.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка