Connect with us

start up

Македонски средношколци креираа решенија за зелена технологија – Стартап Македонија домаќин на натпреварот

објавено

на

Од прочистувачи за воздух, амбалажи за пакување храна направени од лушпи од портокал и компир, па до мобилна апликација за мапирање диви депонии – иновациите на учениците од средните технички училишта го воодушевија стручното жири на GreenTech Entrepreneurship Challenge натпреварот.


TRASHPINGER – апликација за мапирање на диви депонии од различен размер, ја освои првата награда на GreenTech Entrepreneurship Challenge (GTEC), натпревар наменет за ученици од средните технички училишта надвор од главниот град Скопје. Натпреварот беше организиран во рамки на проектот поврзан со зелени технологии, имплементиран од Стартап Македонија заедно со Lean Startup Croatia.

Учениците требаше да дизајнираат иновативни решенија во областа на зелената технологија и и да го развиваат својот претприемнички начин на размислување преку практична работа. Проектот истовремено се спроведуваше во македонските и хрватските средни училишта во партнерство со Lean Startup Croatia, кофинансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија.

Проектот за прв пат се реализираше кај нас во Македонија.
По пет недели едукација за основите на процесот на дизајнирање
претприемнички потфати и развој на иновации, интересни работилници за
климатските промени, како и разбирање на улогата на зелените технологии,
менторирани од страна на македонските стартапи и парнерски организации, дојде
на ред и денот за pitching на решенијата.

Финалето на натпреварот се одржа во Netaville во Скопје – Coworking простор со училница за обуки, зона за одмор, кафе и амфитеатар на едно место – простор за студенти и ИТ заедницата. Настанот го отвори Христијан Волкановски – проектен координатор на GTEC. Најуспешните тимови беа избрани од стручна комисија составена од: Startup Macedonia – Игор Маџов; ProCredit Bank – Методија Миноски; ARNO – Марјан Ицоски; IME – Дане Јосифовски; GIZ – Филип Нелковски.

Годинава на GTEC предизвикот учествуваа пет училишта од различни градови од
Македонија – СЕОУ „Гостивар“ – Гостивар, ОЕМУЦ „Наум Охридски“ – Охрид, СОУ
„Гошо Викентиев“ – Кочани, СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола и СОУ „Киро Спанџов –
Брко“ – Кавадарци.

Учениците имаа слобода во изборот на својот предизвик кој потоа го решија со
помош на иновации во полето на зелените технологии.

Но, учениците не застанаа само на презентации, туку отидоа чекор понатаму и под
менторство на своите наставници развија прототип модели за решавање на
предизвикот кој го избраа. На овој начин, жирито можеше лично да ја провери
функционалноста на решението. Прочистувачот за воздух и мобилната апликација
за мапирање на диви депонии од различен размер беа прототип модели кои беа во
топ 5те решенија.

По финалниот pitching учениците заедно со наставниците отидоа на едукативна
прошетка низ објектите на ProCredit Bank која беше еден од главните партнери за
реализација на овој проект.

Методија Миноски во улога на раководител на единицата за животна средина во ProCredit Bank со голем ентузијазам раскажа што ја прави ProCredit зелена банка. Од -1 па до кров, објектот е енергетски ефикасен, произведуваат електрична енергија за сопствени потреби преку фотоволтаици и користат електрични автомобили. Овој пример служеше за инспирација на младите ентузијасти.


Игор Маџов и Христијан Волкановски од Стартап Македонија го затворија
GreenTech Entrepreneurship Challenge заблагодарувајќи им се на сите учесници,
наставници и соработници. Тие најавија дека овој проект во 2023та година ќе се
реализира во уште поголем обем и ги повика помладите генерации ученици од
техничките училишта да бидат двигатели на позитивните промени во македонскиот
старт ап екосистем.

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје