Connect with us

технологии / компании

Македонски Телеком го привршува проектот „Скопје паметен град“

објавено

на

10 000 паметни светилки и систем за паметно осветлување; сензори за паметен паркинг; сензорни станици за следење на микроклиматските параметри; уреди за мерење на потрошувачката на вода; интерактивна мобилна апликација и паметни столбови за изградба на паметна мрежа се инсталираните елементи во оваа фаза на проектот „Скопје паметен град“.

Македонски Телеком ја најави финалната фаза на проектот Скопје паметен град, кој почна во март годинава. Преку иновативна и напредна технологија, главниот град ќе добие поздрава животна средина, намалување на трошоците, подобри услуги и подобра комуникација со граѓаните, поголема безбедност, а со тоа и поквалитетен живот, велат од компанијата.

„За развојот на паметни градови потребна е врвна инфраструктура и најсовремена технологија „Теснопојасен интернет на нештата“ (Narrowband Internet of Things), со која Македонски Телеком го потврдува технолошкото лидерство на пазарот. Оваа технологија  претставува основниот комуникациски протокол преку кој се овозможува поврзување со  апликациите и функционалностите за паметен град. Кога еднаш е поставена, платформата нуди голем потенцијал и многу можности. Со надградбата на мрежите и доаѓањето на новите технологии, како што е 5G, овој потенцијал сè повеќе ќе се зголемува.“, објасни главниот извршен директор на Македонски Телеком на денешната прес конференција.

На оваа интегрирана платформа, во оваа фаза се имплементирани следните елементи за Скопје паметен град: 10 000 паметни светилки и систем за паметно осветлување, сензори за паметен паркинг, сензорни станици за следење на микроклиматските параметри, уреди за мерење на потрошувачката на вода, интерактивна мобилна апликација и паметни столбови за изградба на паметна мрежа. Бројот на овие уреди со тек на време ќе се зголемува.

„Паметните градови се следната фаза во урбаната еволуција, пример за користење на технологијата за подобар живот на граѓаните. Технологијата ќе биде алатка со која ќе можеме да ги надминеме предизивиците на денешницата.  И нашиот главен град влегува во друштво на светските паметни метрополи и за многу брзо време сите ќе ги почувствуваме придобивките. Реализацијата на овој проект го позиционира Телеком не само како технолошки лидер, туку и како предводник на долгорочни општествени промени, на што сме особено горди “, додаде Љушев.

Со проектот е предвидена и интерактивната мобилна апликација „Мое Скопје“ која ќе служи за комуникација и информирање на граѓаните.

„Мое Скопје ќе донесе сосема ново ниво на интеракција и информираност. Во оваа фаза апликацијата ќе им понуди на граѓаните: информации од сферата на градскиот живот, настани, случувања и новости, анкети, пристап до апликациите и сервисите на градските институции и преглед на паркинзите на Град Скопје. Во следната фаза, ќе се надополни со содржини за сообраќајот и јавниот превоз, а ќе може да се пријавуваат инфраструктурни и комунални проблеми. Мое Скопје е иновативен, информативен и интерактивен канал за комуникација со граѓаните.“, изјавија од Град Скопје.

Македонски Телеком придонесува за успешноста на проектот и преку моделот на финансирање, што е уште еден показател за посветеноста на компанијата кон општествено одговорни практики. Градот ќе го исплаќа надоместокот за оваа инвестиција во наредните три години и тоа од заштедите од електрична енергија, кои ќе ги постигне со паметното осветлување. Скопје паметен град ќе донесе над 60% заштеда на електрична енергија и 70% заштеда на трошоците за одржување, намалување на емисиите на CO2 во воздухот, подобра инфраструктура, побезбедни улици, ефикасно користење на ресурсите, поквалитетен живот и подобра животна средина.

свет9 часа ago

Русија ги прекинува дипломатските односи со НАТО

свет10 часа ago

Почина Колин Пауел, првиот афроамериканец државен секретар на САД

македонија14 часа ago

Арсовска води пред Шилегов во Скопје со 4.000 разлика, после 80% пребројани гласови

македонија23 часа ago

Заев најави повеќе градоначалници одошто опозицијата, Мицкоски веќе прогласи победа на локалните

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

економија3 дена ago

Средба Народна банка – ММФ: Повисоката инфлација во Македонија е резултат на глобални притисоци

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

македонија4 дена ago

Димитров од Самитот на The Economist: ЕУ и Бугарија да покажат одговорност и лидерство

македонија4 дена ago

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

економија3 дена ago

Хаос на светските стокови берзи, растат цените на се’

регион5 дена ago

Немири на северот во Косово, Србин тешко повреден

македонија6 дена ago

Заев ја најави досега најголемата инвестиција во земјава: германската WPD ќе гради ветропарк од 500 милиони евра

македонија3 дена ago

Ист Гејт Мол се отвора за две недели, доаѓаат нови светски брендови

lifestyle6 дена ago

„Божиновски“ го донесе часовникот на Џејмс Бонд во својот новодизајниран салон

македонија6 дена ago

Утре во Скопје се одржува „Самитот на Западен Балкан“ организиран од лондонски The Economist

регион4 дена ago

Курти на Самитот во Скопје: Криминалот не познава националност. Старовиќ: Акцијата во Митровица е прекумерна употреба на сила

македонија6 дена ago

Струјата за домаќинства со иста цена до крајот на годинава

македонија4 дена ago

Блумберг Адрија – првата мулти-платформа за деловни вести во Југоисточна Европа, стартува во 2022 година

свет7 дена ago

Директорката на ММФ, Георгиева, го „преживеа“ скандалот со Дуинг Бизнис