Connect with us

македонија

Македонски Телеком одбележува 25 години мобилна телефонија во Македонија

објавено

на

Од првото АЛО до најновите генерации на технологии

Кога на 14 октомври 1996 година, во Македонија беше воведена 2G технологијата и првата мобилна мрежа во земјата, таа имаше капацитет да опслужи 25.000 корисници и обезбедуваше само говорни услуги. Денес, кога целиот свет се подготвува за имплементирањето на последната генерација на мобилната технологија 5G, првиот мобилен оператор во земјата, Македонски Телеком, е подготвен за предизвикот.

Првите мобилни телефони

Во 1996 година, мобилните телефони почнаа масовно да се употребуваат и  направија  вистинска револуција во комуникацијата и поврзаноста. Со поставувањето 16 базни станици коишто имаа капацитет за 25.000 корисници, тогашниот мобилен оператор МобиМак за првпат им овозможи на македонските корисници да направат повик во движење и да комуницираат преку сопствен уред додека се надвор од домот и канцеларијата.

Со текот на времето, мрежниот сигнал стануваше сѐ пораспространет и подостапен, а телефоните сѐ помали и побрзи. Вртоглаво брзата еволуција на мобилната мрежа го најави своето доаѓање – откако беше промовиран 2G стандардот, повеќе ништо не беше исто.

Непосредно пред новиот милениум, бројот на базни станици на територијата на Македонија се зголеми, а капацитетот за обезбедување услуга на корисниците се прошири до 70.000. Брзиот развој на мрежата на тогашен МобиМак веќе следната година овозможи услуга за 170.000 корисници и покриеност на 80% од територијата на земјата. Истата година беше промовирана и GPRS технологијата, којашто на корисниците во Македонија за првпат им обезбеди податочни услуги со брзина до 48 Kbit/s.

video  https://www.youtube.com/watch?v=eaydRc9OUFc

Ширење на мобилната мрежа

Со преминот кон 2000-те, стана кристално јасно дека мобилните технологии ќе ја обележат нашата иднина. За петтиот роденден, првиот македонски оператор повторно ја зајакна мрежната инфраструктура, покри 90% од населението и можеше да опслужи 270.000 корисници. Во меѓувреме, компанијата стана дел од Групацијата Дојче Телеком, се ребрендираше во T-Mobile Македонија и стана првиот оператор којшто ја претстави EDGE технологијата со која овозможи побрзи податочни услуги.

Следната голема револуција во однос на мобилната мрежа се случи во 2009 година, кога T-Mobile Македонија за првпат го имплементираше новиот мрежен стандард 3G. Брзината почна да се мери во Mbit/s, прикачувањето и преземањето видеа беше олеснето, а социјалните мрежи само што го започнаа својот подем. Стануваше очигледно дека корисниците реагираат позитивно на новите технологии, интересот за нив се зголеми и се отвори потенцијал за развој на мобилната мрежа којшто покажуваше нова перспектива за она што допрва ќе се случува.

Пионери во новата ера на технологии

Со претставувањето на стандардот 4G (LTE) навистина почувствувавме како е кога „ја живееме иднината“. Почнувајќи од октомври 2013 година, корисниците на Македонски Телеком можеа да користат мобилен интернет со брзини до 150 Mbit/s и услуги базирани на оваа нова технологија. Конечно, мобилната мрежа доби функционалности коишто овозможија смартфоните да станат неизоставен дел од нашето секојдневние, алатка за работа, комуникација и забава. Само две години подоцна, се случи и надградбата на 4G+ и се овозможија уште поголеми брзини коишто во 2015 година двојно се зголемија. До денес, 4G технологијата е најшироко распространетиот мрежен стандард. Таа овозможува низа функционалности коишто пред само 10-15 години не можевме ниту да ги замислиме.

Подготовки за новата 5G технологија

Но светот оди напред, а технологиите за мобилни комуникации постојано се развиваат со многу брзо темпо. Во 2018 година, Телеком беше првиот оператор којшто  го изведе првото 5G демо во Македонија и измери брзини над четири пати поголеми од брзините на 4G мрежата. Веќе наредната година, Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во Скопје и Охрид, со што се овозможи тестирање на оваа технологија во реални услови и притоа беа измерени гигабитски брзини на пренос.

Годинава, мрежата на Телеком се модернизира на целата територија со што се создаваат реални услови за воведувањето на најновите технологии во мобилните комуникации – 5G генерацијата, којашто ќе се имплементира кога ќе има предуслови за тоа.

Цели 25 години по поставувањето на првата мобилна мрежа во земјата не можеме а да не се запрашаме колку мобилната техологија го смени начинот на комуницирање и колку со новата 5G технологија, којашто е на повидок, ќе се смени целото наше општество и начинот на кој живееме.

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор