Connect with us

македонија

Македонски Телеком ја модернизираше мрежата и влезе во нова технолошка ера

објавено

на

Македонски Телеком целосно ја модернизираше и ја надгради мрежата во 2022 година, со што таа сега е подготвена за наредната генерација технологии. Вакви големи промени во телекомуникациите се случуваат еднаш на 10 години и со себе носат трансформација на самата технологија и на услугите за корисниците, како и супериорност на корисничкото искуство.

Модернизиација на мрежата

Со завршувањето на овој проект, којшто се реализираше со милионски инвестиции и посветена работа на терен, се постави основата, односно најсовремената мрежа, врз која ќе се гради новиот дигитален свет. За само 18 месеци беа поставени 900 нови базни станици на кои е достапен NBIoT за M2M комуникација. Капацитетот на новата модернизирана мрежа е зголемен за дури 70%, а просечните брзини на корисниците за 50%.

Прва и најголема 5G мрежа

После неколкугодишни тестирања и подготовки, во февруари годинава, компанијата ја пушти првата комерцијална 5G мрежа во Македонија и овозможи користење 5G услуги со напредна технологија за динамично користење на постојните радиофреквенции. Во јули, таа ги доби 5G радиофреквециите, а со тоа и можноста за гигабитни брзини за корисниците. Мрежата растеше и се развиваше и за само 18 месеци на корисниците во 26 града и нивните околини им беше овозможено да ги користат услугите на новата генерација. Гигабитните брзини и ниската латенција се реалност, а веќе 12% од целиот сообраќај е на 5G.

Идна примена на новите технологии

Оваа технологија ќе биде движечката сила за развојот на нови функционалности во повеќе области коишто ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери.  На пример, преку Massive IoT, ќе биде овозможен значителен развој во делот за паметни градови и паметна инфраструктура. 5G ќе овозможи примена на вештачката интелигенција за подобрување на ефикасноста на самата мрежа. Преку вештачката интелигенција ќе може да се детектираат и најмалите недоследности во функционирањето на мрежите и системите коишто испорачуваат клучни услуги. На тој начин, тие ќе можат да бидат спречени без корисниците воопшто и да ги забележат. Сето ова ќе обезбеди супериорна мрежа и услуга, досега невидени услуги и производи, како и широк пристап за сите до новите технологии.  

банки8 часа ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија1 ден ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет4 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија4 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

економија4 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

свет4 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

банки4 дена ago

Дигитализација: До каде се македонските банки? Процесот е започнат и нема назад