Connect with us

македонија

Македонски ученици ќе учествуваат на Европскиот квиз на парите

објавено

на

Тим од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува Македонија на европското финале коешто ќе се одржи виртуелно, на 20 април 2021 година, од 11:00 до 13:00 часот, на англиски јазик.

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност упатува јавен повик до основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.

Европскиот квиз на парите се одвива во две фази – првата фаза се националните натпревари во секоја земја, а втората фаза е европското финале. Националниот натпревар во Република Северна Македонија ќе се одржи виртуелно на 24 март 2021 година, на македонски и на албански јазик.

Тим од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале коешто ќе се одржи виртуелно, на 20 април 2021 година, од 11:00 до 13:00 часот, на англиски јазик. Оттука, националните победници треба да имаат и солидни познавања од англиски јазик.

Европската банкарска федерација ќе им додели парична награда на училиштата за освоено прво, второ и трето место.

Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра.

Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија, најдоцна до 15 февруари 2021 година, на следнава електронска адреса на Македонската банкарска асоцијација: info@mba.mk

Притоа, треба да се има предвид следново:

  • Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови;
  • Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денот на пријавувањето;
  • Заедно со податоците за одделенијата/класовите, треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.

Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за  националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на следниве веб-страници: www.mba.mk и www.efb.eu.

Поддржано од:

  • Министерството за образование и наука на РСМ
  • Министерството за финансии на РСМ

економија2 дена ago

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

банки3 дена ago

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

економија2 дена ago

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

македонија5 дена ago

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

економија3 дена ago

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

интервју22 часа ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари22 часа ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

економија22 часа ago

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

економија22 часа ago

Македонската економија на среден и долг рок (5)

економија22 часа ago

Кои се најголемите ризици за финансиските компании