Connect with us

економија

Македонците надвор инвестираат преку 60 милиони евра годишно

Не стивнува интересот за странските акции и обврзници

објавено

на

Изминативе неколку години откако македонските граѓани и компании добија можност да тргуваат на странските пазари на капитал, не стивнува интересот за купување на акции или обврзници на берзите во САД, Западна Европа, Азија, итн. Во 2020 година вкупниот промет на странските пазари изнесувал околу 57 милиони евра, следната година 65 милиони евра, а лани, 2022 година, сумата е 64 милиони евра.

Во првите три месеци годинава македонските физички и правни лица направиле помал промет на странските берзи одошто истиот период лани, покажуваат податоците на Комисијата за хартии од вредност.  Прометот на странски пазари изнесува 12,25 милиони евра, што во однос на истиот период во 2022 е намалување за околу 5 милиони евра, или околу 30%. Во првиот квартал од 2023 тргувањето со акции учествува со 81% во вкупниот промет на странски пазари, а по него следува прометот со обврзници со учество од 15%.

Но, сепак прометот на странски пазари расте од месец во месец, односно од 3,6 милиони евра во јануари пораснал на 4,15 милиони евра  во февруари, за март да заврши со 4,5 милиони евра. Во јануари пак бил за 22,5% поголем во однос на декември 2022.

Извор: Комисија за хартии од вредност

На домашната берза падот на прометот многу поголем одошто на странските пазари

Изминативе неколку години откако македонските граѓани и компании добија можност да тргуваат на странските пазари на капитал, не стивнува интересот за купување на акции или обврзници на берзите во САД, Западна Европа, Азија, итн. Во 2020 година вкупниот промет на странските пазари изнесувал околу 57 милиони евра, следната година 65 милиони евра, а лани, 2022 година, сумата е 64 милиони евра.

Трендот на намалување на прометот на годишно ниво во однос на 2021 е присутен и на домашниот пазар, односно лани многу поголем пад на прометот има на домашниот, цели 42%, додека на странските пазари намалувањето е незначителни 2,47%. Како резултат на ваквите бројки на прометот во 2022 година соодносот на тргување на странски пазари на годишно ниво спрема прометот реализиран на домашен пазар е 34,53% наспроти 65,47%.

Извор: Комисија за хартии од вредност

Во четвртиот квартал од 2022 година тргувањето со акции учествува со 65,06% во вкупниот промет на странски пазари, наспрема 90% во 2021 година. Покрај тргувањето со акции во 2022 година, 22,45% е промет со други хартии од вредност, а 12,49% е реализиран промет со обврзници на странски пазари.

 Македонските граѓани и компании на странските берзи тргуваат преку овластените учесници на пазарот на капитал, и тоа три банки (Комерцијална, Шпаркасе и НЛБ банка), и една брокерска куќа (Инвестброкер).

На годишно ниво, најголемо учество во прометот на странски берзи има убедливо Шпаркасе банка, односно 65% во 2022 година, пред Комерцијална банка со 19%, НЛБ Банка со 12% и Инвестброкер со 4%.

Во текот на 2022 година, Шпаркасе Банка АД Скопје првенстевно била насочена кон тргување на странските пазари, па така оваа банка на годишна основа 89% од промет го реализирала на странски пазари. НЛБ Банка АД Скопје, 58% од остварениот промет го има направено на странски пазари, додека кај Комерцијална Банка АД Скопје и Инвестброкер АД Скопје, овие бројки се пониски односно првенствено се насочени кон тргување на домашниот пазар, па така кај Комерцијална Банка АД Скопје 33% и кај Инвестброкер АД Скопје 23% од остварениот промет е на странски пазари.

Промет реализиран на странски пазари и на домашен пазар
Извор: Комисија за хартии од вредност

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје