Connect with us

свет

Макрон повторно претседател на Франција: Европа (за сега) спасена

Победа на Макрон на изборите во Франција

објавено

на

Многу аналитичари, партии и организации пред изборите упатија повик да се спречи евентуална победа на Ле Пен и да се гласа за Макрон, повик што очигледно Французите го следеа – дури и ако всушност беа незадоволни од политиката на Претседателот.

Затоа, за многумина аналитичари, оваа победа всушност не е толку израз на задоволство и на поддршка за досегашните претседателски политики, туку своевиден страв од тоа што Ле Пен претставува и за што се залага. Оттука, резултатите, како што и самиот Макрон кажа после гласањето не се гаранција, туку обврзуваат на вистински фокус кон европската иднина што европските поборници ја бараат и очекуваат, а која и натаму ќе биде под закана од силите на десницата.

Со освоени речиси 60 проценти од вкупниот број на гласови (според прелиминарните резултати) Емануел Макрон, 44 – годишниот досегашен претседател на Франција, ја задржува фотелјата и останува да биде шеф на француската Република. Со тоа Макрон стана втор француски претседател по Жак Ширак (1995-2002) и (2002-2007) кој добил втор претседателски мандат.

Неговата противкандидатка, десничарската популистка Марин Ле Пен на своето изборно конто има 41,45% освоени гласови.

Фото: Le Monde
 
Аналитичарите ценат дека во следниот период Макрон ќе настојува на претстојните парламентарни избори (12-ти и 19-ти јуни) Франција да добие премиер кој ќе биде близок до неговите идеи, но во никој случај да не биде евроскептичната ултра – десничарка Марин Ле Пен, која сега се доживува како лидер на француската опозиција, смета дека ништо не е завршено и се надева на победа на парламентарните избори во јуни.

Анализите покажуваат дека разликата во освоените гласови сега е значително помала отколку на претседателските избори во 2017 година, кога Макрон ја победи Ле Пен со 66 отсто од гласовите, што можеше да се забележи уште после првиот круг од претседателските избори, кога практично и се запали црвениот сигнал дека популарноста на десницата расте и дека евентуална победа на Ле Пен може да биде опасна за иднината не само на Франција, туку и на целата Европа, ако се земат предвид нејзините ставови и визии за иднината на ЕУ и на француското општество под нејзина палка.

Многу аналитичари, партии и организации пред изборите упатија повик да се спречи победата Ле Пен и да се гласа за Макрон, повик што очигледно многу Французи го следеа – дури и ако всушност се незадоволни од политиката на Претседателот. Затоа, за многумина аналитичари, оваа победа всушност не е толку израз на задоволство и на поддршка за досегашните претседателски политики, туку своевиден страв од тоа што Ле Пен претставува и за што се залага.

Самиот Макрон во својот говор се осврна на ова незадоволство во земјата по објавувањето на резултатите од изборите: „Свесен сум дека ова гласање ме обврзува за следните години“, рече тој, порачувајќи дека ја разбрал пораката што гласачите му ја испратија:

 „Знам дека многу гласаа за мене, не за да ги поддржат моите идеи, туку за да ги блокираат идите на екстремната десница. Сакам да им се заблагодарам. Ова гласање ме обврзува за годините што доаѓаат. Следните години сигурно ќе бидат тешки, но тие ќе бидат историски и заедно мораме да ги испишеме за новите генерации“, им рече Макрон на своите приврзаници во Париз, и додаде:

За Македонија, најзначајната одлука во политичката кариера на Макрон ќе остане онаа кога тој реши да ја менува методологијата на пристапниот процес токму пред одлуката за почеток на преговори со официјално Скопје. Тогаш (пред бугарското вето), за Македонија имаше уште една препрека –  несогласноста на дел од земјите членки и Албанија да почне преговори, па новата методологија, во пакет со стравот од тоа каков сигнал би се пратил за регионот, ако Скопје тргне напред само, а Тирана остане позади, излезе одлично алиби за ЕУ да не дозволи Македонија да ги почне преговорите – процес што подоцна го блокираше Бугарија и до ден денеска е заглавен.

„Избравте хуманистички, републикански, социјален и еколошки проект заснован на работа и креативност, проект за ослободување на нашите академски, културни и претприемачки моќи. Ќе бараме резултати и ќе бидеме амбициозни. Имаме многу да направиме, а војната во Украина е тука да нѐ потсети дека живееме во трагични времиња, во кои Франција мора да го најде својот пат“.

Првичната реакција на Ле Пен за изборниот резултат беше прилично борбена. Таа порача дека играта сѐ уште не е завршена, затоа што сега почнувала борбата за парламентарните избори.

Нејзината партија  Национално обединување е отворена за секој што сака да се обедини против Емануел Макрон, рече Ле Пен. Според неа, резултатот на Макрон покажува „голема недоверба на народот“, па таа во поразот гледа „и надеж“. „Ќе ја продолжам мојата посветеност кон Франција и Французите со енергија, упорност и наклонетост што ги знаете од мене“, вети Ле Пен.

Што значи победата на Макрон  за европската политика на  проширување?

Резултатите од претседателските избори во Франција се разбира дека со големо внимание ги следеа и земјите од регионот, оние кои се на списокот за нови членки на Унијата. За Македонија, најзначајната одлука во политичката кариера на Макрон ќе остане онаа кога тој реши да ја менува методологијата на пристапниот процес токму пред одлуката за почеток на преговори со официјално Скопје. Тогаш (пред бугарското вето), за Македонија имаше уште една препрека –  несогласноста на дел од земјите членки и Албанија да почне преговори, па новата методологија, во пакет со стравот од тоа каков сигнал би се пратил за регионот, ако Скопје тргне напред само, а Тирана остане позади, излезе одлично алиби за ЕУ да не дозволи Македонија да ги почне преговорите – процес што подоцна го блокираше Бугарија и до ден денеска е заглавен. Сепак, за многумина аналитичари, победата на Макрон носи шанса токму за земјава, и за самиот процес.

Дојче Веле на македонски имаше интересна анализа барајќи одговор на прашањето – што значи победата на Емануел Макрон за Северна Македонија и земјите од Западен Балкан, кои со години чекаат пред вратите на ЕУ? Дали и и колку оваа победа

Фото: Leon Vidic/Delo

Во Франција класичната левица и десница исчезнаа и дел од аналитичарите сметаат дека и во кампањата и од финалните резултати победиле деполитизирани политичари. Победата на Макрон може да се заокружи со надмоќната победа на парламентарните избори во Словенија на партијата на Роберт Голоб, 55-годишен менаџер за електроенергетски системи, којшто иако долго време е присутен во политиката, директно или индиректно, никогаш не бил поврзан со главните политички партии и во јануари годинава го формираше Движењето за слобода .

Ќе влијае на патот на Македонија кон ЕУ во сегашните околности, безбедносни предизвици и соседски проблеми?

„Прашањето за проширување на ЕУ не беше експлоатирано во оваа кампања на Макрон, но од неговите блиски соработници, од една страна јасна беше ревандикацијата на Украина за забрзан прием во ЕУ, а паралелно тука се и останатите држави од Западен Балкан“, вели професорот и поранешен амбасадор, Нано Ружин, за Дојче Веле.

„Макрон е свесен дека државите од регионот покажаа проатлантско расположение, но немаат големи воени капацитети. Свесен е дека државите од Западен Балкан се ставаат во непријатна и опасна ситуација, кои можат да инклинираат кон руското влијание, но и да се разочараат од долгото чекање пред вратите на ЕУ. Добра вест е што Макрон е еврооптимист. Тој ги запозна државите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата, но исто така тешко е да се верува дека до крајот на јуни, кога истекува француското претседателство со ЕУ, но и кога се одржуваат парламентарните избори во Франција, ќе преземе некој посериозен чекор.

А кога се работи за новите аспиранти од Западен Балкан, јавното мислење не е многу наклонето кон проширувањето. Единствена утеха е што украинската криза ги зближи европските партнери и можеби токму во таква ситуација постојат извесни расположенија за Северна Македонија и Албанија“, смета Ружин.

Во меѓувреме, општа констатација на светските лидери е дека со победата на Макрон „победила Европа“. Со таков став настапија и македонските официјални лидери во своите честитки

„Честитки до Емануел Макрон за неговата изборна победа. Овој успех доаѓа во време на суштински предизвици каде што е важен проевропскиот избор. Се надеваме на продолжување на нашата соработка насочена кон приближување на нашите земји и народи“, напиша на Твитер претседателот Стево Пендаровски.

Честитки за реизборот за претседател. Ова е победа за Франција и за ЕУ. Претстојат многу предизвици и со нетрпение очекувам да работиме заедно во интерес и на Франција и на Северна Македонија. Во интерес на иднината на Европа“, напиша премиерот Димитар Ковачевски.

Аналитичарите ценат дека во следниот период Макрон ќе настојува на претстојните парламентарни избори (12-ти и 19-ти јуни) Франција да добие премиер кој ќе биде близок до неговите идеи, но во никој случај да не биде евроскептичната Марин Ле Пен, која сега се доживува како лидер на француската опозиција, смета дека ништо не е завршено и се надева на победа на парламентарните избори во јуни.

„Франција му покажа на Макрон дека била разочарана од неговиот прв мандат и затоа ќе биде внимателен во своите потези. Свесен е дека голем број од неговите гласачи гласаа за него иако не ја прифаќаа неговата програма. Франција живее во една значајна констелација на социјална, културна и политичка фрактура, затоа тој ќе настојува да ги задоволува вкусовите на Французите“, оценува Ружин за Дојче Веле.

Деполитизација на политиката?!

Ружин потсетува дека една од основните изборни парадигми на Макрон беше концентрирана врз екологијата, владеење на правото и битката против екстремната десница. Затоа, она што во неделата на 24 април го привлече вниманието во тој контекст, е и исходот од парламентарната изборна трка во една друга европска држава – Словенија. Победник на изборите е партијата Движење Слобода предводена од менаџерот Роберт Голоб, 55-годишен стручњак за eлектронегеретски системи, поранешен државен секретар за енергетика во словенечкото Министерство за животна средина (1999 -2002 г.), а претходно и предводник на преговарачкиот тим на Словенија за енергетска политика во пристапните преговори со ЕУ.

„Во Франција класичната левица и десница исчезнаа и дел од аналитичарите сметаат дека и во кампањата и од финалните резултати победиле деполитизирани политичари. Победата на Макрон може да се заокружи со надмоќната победа на парламентарните избори во Словенија на партијата на Роберт Голоб. Дали сме пред нов феномен на деполитизација на политиката?“, прашува Ружин.

Тој посочува дека критиките кон Макрон досега се однесувале на неговата личност на доминатор и на неговиот ултралиберализам, па се очекува во идните пет години повеќе да инклинира кон социјалдемократијата.

„Неговите жешки теми на внатрешен план ќе бидат подобрување на куповната моќ на Французите, битка против сиромаштијата, но и темите кои се однесуваат на ЕУ. Тој се надева на нов план за лансирање на Европа, потпирајќи се на своите европски партнери, меѓу кои германско-францускиот мотор останува главна европска оска на дејствување, особено по пандемијата и украинската криза. Ќе прави напори за масивна финансиска и воена помош на Украина, со можност за ембарго кон увозот на руската нафта (15%), но и натаму останува отворено прашањето на ембарго кон рускиот природен гас од кого француската економија зависи 40%. Сепак, Макрон нема да ги затвори сите прозорци кон Москва. Неговиот телефон останува отворен за комуникација со Путин, бидејќи само со дијалог може да се дојде до мирот. Впрочем, со оваа ‘интелектуална победа’ како што констатира Бруно Дару, тој останува најзначајниот лидер на ЕУ“, оценува Ружин.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал