економија
Макстил ќе инвестира 6,6 милиони евра следниот период

Инвестициите треба да се реализираат во следната година дена, за набавка на основни средства и други проекти.
Скопската челичарница Макстил АД планира инвестиции од 6,64 милиони евра следниот период, информира компанијата во известувањето до Македонска берза.
Во известувањето се вели дека Одборот на директори на Макстил АД на седница одржана на ден 15.10.2021 го усвоил планот за набавка на основни средства и реализација на инвестициски проекти за периодот септември 2021 – октомври 2022 година. Согласно наведениот план одобрен е вкупен буџет во износ од 6.637.000 евра, наменет за набавка на основни средства и инвестиции.
„Напомнуваме дека реализацијата на одобрениот план зависи од развојот на настаните во горенаведениот период; можностите за финансирање на одобрените проекти, како и од можностите за набавка на основни средства, имајќи ја предвид сложената ситуација на пазарите предизвикана од нарушувањата во синџирите на снабдување и се’ посложените логистички проблеми“, се наведува во соопштението на Макстил, производител на топловалани дебели лимови..