Connect with us

македонија

МАЛМЕД, ДСЗИ, ОЈО и МВР прибираат документација од „Жан Митрев“

објавено

на

Почнува расветлување на случајот со наводното нерегуларно третирање на болни од ковид што беше тема на емисијата “Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ).

Инспекциските служби на МАЛМЕД, ДСЗИ, ОЈО и МВР деновиве прибираат документација од клиничката болница „Жан Митрев“ заради расветлување на ситуацијата околу наводното нерегуларно третирање на болни од ковид што беше тема на емисијата “Нечиста крв“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Ова го потврдија од самата клиника денеска, наведувајќи дека “во интерес на утврдување на фактичката состојба, остануваат на располагање за соработка со сите официјални државни органи.“

“Ги повикуваме медиумите и сите страни од интерес да се воздржат од предвремено донесување заклучоци и изнесување разни шпекулации“, велат од „Жан Митрев“.

Да потсетиме, во неделата, 17 јули, ИРЛ на МРТВ ја емитуваше најновата епизода од својот истражувачки серијал, каде што беа изнесени наводи за  проблематичен и нелегален начин на лекување на пациенти болни од Ковид во 2020 и 2021 година во клиниката „Жан Митрев“ во Скопје. Документарецот предизвика лавина жестоки реакции од јавноста, социјалните мрежи буквално зовреа од коментари насочени против сопственикот и основач на болницата д-р Жан Митрев.

Од ИРЛ во својот едночасовен филм, меѓу другото, прашуваат дали методот на хемофилтрација во болницата за кој се наплаќало меѓу три и пет илјади евра всушност бил одобрен за Ковид лекување, но и која била причината за пост Ковид компликациите на пациентите лечени во клиниката, поради кои некои од нив подоцна и починале и покрај скапите услуги за кои ги плаќале за подобрување на нивното здравје.

Јавното обвинителство извести дека оформило предмет по допрен глас, а од ИРЛ велат дека за два дена до нив веќе стигнале стотина пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем. Од „Жан Митрев“ реагираа дека “неточните наводи, односно фабрикуваните информации единствено се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на нивната болница.“

економија1 ден ago

Конференцијата на ПроКредит Банка и ЕБОР „Круг на нови можности“ за поддршка на младите претприемачи и жените во бизнисот

македонија2 дена ago

Живко Мукаетов прогласен за премиум партнер на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Црвен крст

економија3 дена ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

економија1 недела ago

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија1 недела ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион1 недела ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија1 недела ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија1 недела ago

Зелена иднина за секое дете

регион1 недела ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија1 недела ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија1 недела ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

економија1 недела ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија1 недела ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија1 недела ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

свет1 недела ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%