Connect with us

македонија

Мандатарот Ковачевски ги соопшти имињата на министрите од СДСМ

објавено

на

Славица Грковска како вицепремиер за борба против корупција, Славјанка Петровска во Одбрана, Никола Тупанчевски во Правда, Јована Тренчевска во Труд и социјала и Бисера Костадиновска – Стојчевска во Култура се новите имиња за министри од редовите на СДСМ.

Претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски вечерва пред највисоките партиски тела ги соопшти имињата на кандидатите од неговата партија кои ќе бидат членови на Владата. Извршниот и Централниот одбор на СДСМ ги прифатија едногласно.

Како што кажа тој, во обраќањето пред јавноста,станува збор за докажани кадри со искуство во секторите кои ќе ги водат.

За министри од редовите на СДСМ во новата влада коишто Ковачевски ќе ги предложи до Собранието се:

Вицепремиер за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ, магистер по математички науки.

Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, актуелен вицепремиер

Вицепремиер за европски прашања, Бојан Маричиќ, досегашен министер за правда, магистрант по меѓународно и европско право.

Министерка за одбрана, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ, поранешна заменик-министерка за внатрешни работи во техничката влада.

Министер за ватрешни работи, Оливер Спасовски, кој и досега ја извршуваше оваа функција, магистрант по уставно право.

Министер за правда, Никола Тупанчевски, професор на Правниот факултет при УКИМ.

Министер за земјоделство, Љупчо Николовски, поранешен министер во овој ресор и досегашен вицепремиер задолжен за борба против корупција и криминал.

Министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, магистар по социолошки науки, членка на повеќе меѓународни тела, директорка на Државниот инспекторат за труд.

За министерка за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, актуелна пратеничка на СДСМ, доктор на науки, професорка на Педагошки факултет.

Министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, актуелен министер, поранешен градоначалник на Штип, дипломиран архитект.

Ковачевски истакна дека примарен фокус на новата влада во следните месеци ќе биде ставен на одговоот на глобалната енергетска криза која се надоврза на веќе тешката економска состојба предизвикана од Ковид пандемијата.

„Свесен сум колку граѓаните и компаниите се финансиски исцрпени и новата Влада целата енергија ќе ја насочи кон обезбедување на соодветна финансиска поддршка, зајакување на економијата, отворање на нови работни места и заштита на постоечките.

Веќе имаме подготвен план. Подговуваме сет на мерки кои ќе значат директната поддршка за граѓаните и стопанството, ќе бидат поткрепа за семејниот буџет на граѓаните но и помош за компаниите. Во буџетот веќе има резервирани 130 милиони евра, а правиме аналзизи за алокација или обезбедување на повеќе средства.

Ова Влада има можност во следните 2,5 години континуирано и без изборни циклуси, да се посвети целосно на економијата и квалитетот на живот на нашите граѓани.“, рече Ковачевски.

Во ДУИ нема да има промени, сите ги задржуваат досегашните функции, освен што го отстапуваат информатичко општество во замена за министерството за образование.

Артан Груби е прв вицепрмеиер, Крешник Бектеши останува во Економија, Бујар Османи продолжува како шеф на дипломатија, Фатмир Бесими ќе ги води Финасии, Насер Нуредини во Министерството за екологија, а Јетон Шаќири во Образование

Новата Влада ќе добие и нов партнер, Алтернатива, со три министерски места. Стоматологот Беким Сали ќе го наследи Филипче во Здравство, Адмирим Алити ќе биде нов министер за информатичко општество и администрација, а Џемаил Чупи ќе биде без ресор задолжен за дијаспората.

Мандатарот Ковачевски утре ќе го достави предлог составот на новиот Кабинет до Собранието, а очекувањата се дека спикерот Џафери ќе ја закаже седницата на која пратениците ќе гласаат за новиот сосатв на Владата на 15 јануари и со оглед на моменталната поставеност и мнозинство во Парламентот Владата ќе биде избрана најдоцна до недела.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал