Connect with us

интервју

Марија Анастасовска Николова: Вештините и знаењето стекнати на докторските студии ми помогнаа да ги подигнам моите истражувачки способности на повисоко ниво 

Марија Анастасовска Николова, PhD, доктор на науки при Докторската школа на Универзитет Американ Колеџ Скопје

објавено

на

Марија е самостоен аналитичар II степен во Отсекот за управување со ризици во Дирекцијата за операции на финансиските пазари, Народна Банка на РСМ. Таа го поминала целиот циклус на високо образование и понатамошна надградба (постдипломски и докторски студии) на УАКС и разговаравме со неа за тоа какви се нејзините искуства од таму и колку докторските студии и помагаат во секојдневната работа како аналитичар и напредокот во нејзината кариера.

Го завршивте највисокиот степен на формално образование со комплетирање на вашите докторски студии при Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Како би го опишале  Вашето искуство како студент на Докторската школа на УАКС?

Искуството како студент на Докторската школа на УАКС беше навистина инспиративно и интересно. По природа сум личност што е многу љубопитна и желна за нови знаења, па докторските студии ми беа еден вид предизвик којшто уште еднаш ми покажа и докажа дека ништо не е невозможно доколку дадеме сѐ од себе. Најмногу ми се допаѓа што го проширив кругот на познаници и пријатели и запознав луѓе со различни интереси и познавања од коишто може многу да се научи. Секако, тука е и блискиот однос со мојата менторка, комисијата којашто несебично ми даваше предлози како да го подобрам моето истражување, како и целиот колектив на УАКС и чувството дека припаѓаш на една голема фамилија која што те бодри и ти помага да успееш во секој чекор од твоето академско патување.

Како одраз на Вашиот континуиран професионален раст во Народна Банка на РСМ низ текот на годините, на кој начин знаењето што го стекнавте во вашиот трет циклус на студии на УАКС, Ви овозможи предност во поглед вашето професионално унапредување?

Вештините и знаењето стекнати на докторските студии ми помогнаа да ги подигнам моите истражувачки способности на повисоко ниво, што пак од друга страна ми овозможи поефикасно и поефективно извршување на работните обврски, како и вклучување во нови проекти и задачи и можност за поголем придонес кон процесот на креирање идеи и решавање на потенцијални препреки во секојдневното работење.

И за крај, со оглед на тоа што покрај вашите докторски студии ги имате завршено и вашите додипломски и постдипломски студии на Универзитет Американ Колеџ Скопје, која е Вашата препорака за сите оние кои размислуваат да изберат студирање на УАКС во иднина?

Како личност која што сака да ја види теоријата применета во пракса во кое било поле од животот и личност која што обожава јазици, изборот да ги започнам моите додипломски студии на УАКС на англиски јазик беше прелесен откако се запознав со можностите коишто им се нудат на студентите. Студирањето на англиски јазик го отвора светот кон странската литература во областа на економијата и финансиите, а исто така е и од голема помош при спроведувањето на истражувачкиот престој, како и при самото истражување на литературата во текот на постдипломските и докторските студии. Дополнителен фактор којшто ме доведе до одлуката да ги започнам студиите, а понатаму и да ги продолжам моите постдипломски и докторски студии на УАКС беше фактот што увидов дека добивам знаење со светски квалитет преку професорите коишто се експерти во својата област и коишто несебично се вложуваат во своите предавања. Исцрпните лекции проследени со практични примери и работни посети на едни од најважните институции во нашата држава, како и работењето на проекти, придонесоа за полесно совладување на материјалот. Да треба одново да бирам, повторно би го избрала УАКС за моја alma mater бидејќи тоа е мојот втор дом каде што поминав прекрасни 13 годинии на студии и запознав пријатели коишто ги чувствувам како дел од мојата фамилија.

технологии / компании9 часа ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика9 часа ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион9 часа ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија9 часа ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија9 часа ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија9 часа ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија9 часа ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки9 часа ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија9 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија9 часа ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија3 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија4 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија2 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки9 часа ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија9 часа ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија