Connect with us

интервју

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи

Марија Кукуноска, основач и главен извршен директор, Премиум Сејфти Солушн

објавено

на

„Безбедноста е еден од најбитните елементи за секој бизнис и со имплементација на сите законски прописи и стандарди за безбедност секоја компанија го штити своето работење од можни ризици и непредвидени ситуации и секако, на крајот оддава доверба и сигурност кај вработените кои се чувствуваат сигурно и безбедно на своите работни места.“

Компаниите и граѓаните се делумно запознаени со можните и потенцијални ризици, но она што е многу битно и би сакала посебно да го потенцирам е дека во овој дел е потребна темелна и континуирана едукација на населението и одделно кон компаниите, со акцент на превенција и како да се постапува во дадена несакана ситуација на пожар или повреда на работно место.

Својата компанија Премиум Сејфти Солушн (Premium Safety Solution) г-ѓа Марија Кукуноска ја основала со идеја да понуди нов современ концепт за безбедносни решенија, со широк спектар на услуги во делот на противпожарна заштита, заштита и спасување, безбедност и здравје при работа, како и заштитата на животната средина. Цел на овој концепт е да може да одговори на барањата на големи клиенти во сите делови на безбедноста.
Големо внимание и фокус е насочено кон едукативниот дел за што говорат многубројните тековни и изминати проекти кои беа реализирани за само една година, а иницирани од страна на Кукуноска  и нејзиниот тим, а во соработка со повеќе домашни и меѓународни институции.

„Мојата идеја е да ги поместам стандардните делувања на компаниите, да станеме конкуренција со силни и професионални делувања и заедно како фела, да ја доведеме безбедноста на нивото кое заслужува да биде“, истакнува Кукуноска во интервјуто за Капитал.
Таа смета дека менаџментот на компаниите, без разлика дали се приватни или државни, треба да го промени размислувањето за  противпожарната заштита и безбедноста на работа.
„Тоа не е само нешто кое мора да се има поради задоволување на законските нормативи, туку компаниите треба да учествуваат во една своевидна конкуренција за престиж во имплементација на безбедносните стандарди.“

Зошто е важно секој бизнис да размислува за безбедноста, заштитата и   здравјето на работното место?

Безбедноста е еден од најбитните елементи за секој бизнис и  со имплементација на сите законски прописи и стандарди за безбедност секоја компанија го штити својот бизнис од можни ризици и непредвидени ситуации и секако, на крајот оддава доверба и сигурност кај вработените кои се чувствуваат сигурно и безбедно на своите работни места.

Дали нашите компании и граѓани се свесни за потенцијалните ризици поврзани со безбедноста – дали размислуваат за подигнување на стандардите во безбедноста?

Од наше искуство, компаниите и граѓаните се делумно запознаени со можните и потенцијални ризици, но она што е многу битно и би сакала посебно да го потенцирам е дека во овој дел е потребна темелна и континуирана едукација на населението и одделно кон компаниите, со акцент на превенција и како да се постапува во дадена несакана ситуација на пожар или повреда на работно место.

За подигнување на стандардите за безбедност на индивидуално ниво, дефинитивно не се размислува, а за тоа да се постигне според мене потребно е изготвување на национална стратегија за едукација каде би биле вклучени сите компетентни чинители, од приватен и јавен сектор и таквата поставеност на тимовите би овозможила соодветна и високо професионална обука и тренинг (теоретски и практично).

Во контекст на претходното би сакале да ве прашаме, според вашето искуство, кои се најчестите предизвици со кои нашите компании се соочуваат во доменот на спроведување на мерките за заштита и спасување и обезбедување здравје и безбедност на работното место?

Како компанија се разликуваме пред сѐ во начинот на кој пристапуваме кон нашите клиенти, односно наш приоритет е детална анализа на потребата на клиентот, понатаму кратка едукација за она што ние ќе го понудиме зошто, каде и како може да го имплементира и примени и на овој начин воспоставуваме долготрајна соработка која се темели на доверба и одржливост.

Најголемиот предизвик или поконкретно проблем кај нашите компании при спроведување на мерките за заштита и спасување и обезбедување здравје и безбедност на работното место го детектирам во неколку сегменти

Прво, начинот на работа на компаниите кои нудат услуга за обезбедување на здравје и безбедност на работното место и спроведување на мерките за заштита и спасување, во смисла дека многу малку или воопшто не работат на грижата за корисници и едукацијата на своите клиенти како правилно и најдобро да ги имплементираат и спроведат овие мерки.

Понатаму,  во нерегулираноста на пазарните цени, особено во противпожарната заштита, каде што се појавуваат  конкуренти со нереално ниски цени и самиот клиент е доведен во ситуација да не избере квалитет, бидејќи квалитетот секогаш чини повеќе. И секако,  она што го споменав и погоре,  а тоа е недостиг на информации и едуцираност, кои што се и тоа како  потребни за еден бизнис да ги има применето сите мерки за заштита и спасување и обезбедување здравје и безбедност на работното место.

Како се мери успешноста на програмите за здравје и безбедност на работното место – што треба да направат компаниите?

Во една компанија многу лесно може да се направи скенирање на успешноста на воведените програми за здравје и безбедност на работното место, како и почитување на истите со што се зема предвид бројот на евидентирани настанати повреди на работно место, исто така како една компанија се справила со потенцијална опасност, како  на пример почетен пожар, на кој начин вработените ја спровеле евакуацијата, колку вработените се запознаени со потенцијалните опасности на своето работно место.

Сите овие индикатори, ја мерат успешноста на воведените програми за здравје и безбедност на работното место, но исто така што е многу битно, даваат слика и за начинот на работа на надворешните компании кои се задолжени за следење и имплементација на програмите за здравје и безбедност.

Како вашата се разликува од останатите компании кои обезбедуваат услуги во областа на безбедноста?

Се разликуваме пред сѐ во начинот на кој пристапуваме кон нашите клиенти, односно наш приоритет е детална анализа на потребата на клиентот, понатаму кратка едукација за она што ние ќе го понудиме зошто, каде и како може да го имплементира и примени и на овој начин воспоставуваме долготрајна соработка која се темели на доверба и одржливост. Поставеноста и екипираноста на нашиот тим е исто така нешто што нѐ разликува од останатите.

Би сакале да ве прашаме и за една тема и предизвик  која подолго време бара посебно внимание, а тоа се ризиците од пожари и противпожарната заштита – кои се најголемите предизвици во заштитата од пожари – дали правиме како бизниси и држава сѐ што можеме во оваа насока?

На оваа тема има многу што да се каже, но ќе се обидам кратко и сублимирано да одговорам. Предизвици има многу и за да се постигне посакуваното и високо ниво треба самата држава односно институциите кои се надлежни континуирано да ги контролираат и се грижат за компаниите кои работат во делот на противпожарна заштита од една страна, од друга страна компаниите треба да посветат внимание на подигнување на стандардите на работа и професионалност и задолжително регулирање на цените на услугите и стандардите за противпожарната  опрема која се нуди на пазарот.

Дали е тешко да се менаџира компанија која работи во областа на безбедноста – како успевате да бидете во тек со најновите стандарди, а воедно да одговорите на бројните потреби на компаниите и граѓаните?

Во секоја прилика сакам да потенцирам дека лично јас се доживувам како човек кој го менаџира процесот, иако веќе и академски се едуцирам во делот на безбедноста, и пред мене е нов предизвик- докторски студии за заштита од пожари.

Исклучително е тешко во нашиов амбиент да се менаџира ваков тип на компанија и истото бара исполнување на неколку сегменти истовремено. Како прв и најбитен сегмент,  препознавање на потребите на клиентите, процена на нивната спремност за имплементација и спроведување на мерките, понатаму  оформување на добар и професионален тим; постојана надградба и едукација, лична и на тимот; следење на сите тековни трендови и новитети; точно и навремено услужување и информирање  на клиентите; секогаш достапност за клиентите во случај на непредвидени интервенции; обезбедување на соодветни простории за организација на обуки и тренинзи; обезбедување на современа опрема за мерење; воспоставување на високопрофесионална соработка со институциите и сите релевантни фактори како комори, здруженија, институти итн.

На крај едно лично прашање – каков предизвик беше започнување на ваков тип на бизнис?

Безбедноста е дел од бизнисот без кој ниедно правно лице не може и не смее да функционира.

Оттука да се започне бизнис за кој едноставно знаете дека имате загарантиран пласман од една страна, од друга страна дека е нешто за што компаниите веќе имаат свој тековен добавувач и сега вие како нов играч на пазарот треба да се позиционирате, исто да се борите со нерегулиран пазар во однос на ценовната политика, и сѐ ова за мене беше огромен предизвик и мотивација да се осмисли концепт кој ќе нѐ издвои од другите, и со постигнатите резултати ќе докажеме дека цената не е секогаш одлучувачки фактор во одлука за соработник во делот на безбедноста.

економија2 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%