Connect with us

македонија

Марија Цветковиќ, Штедилница ФУЛМ: Остануваме доследни на нашето мото „Луѓе помагаат на луѓе“

објавено

на

Оваа пролет ја започнуваме иницијативата – Заедно да го направиме светот поубаво место за живеење. За таа цел, ја започнавме кампањата ЕКО ГРИН, при што подготвивме ПОДАРОК – САДНИЦИ, за сите нови ЕКО-ГРИН ДЕПОЗИТИ И КРЕДИТИ!

Во изминатите 22 години, Штедилница ФУЛМ се изгради во една стабилна финансиска институција, безбедно место за штедење за граѓаните на Р.С. Македонија како и вообичаена дестинација за сите оние на кои им е потребна кредитна поддршка. Штедилницата има организациски единици во Скопје, во Аеродром, Автокоманда, Центар, во Битола, во Кавадарци, во Струмица и во Тетово. Поттикнати од позитивниот рејтинг кој Штедилница ФУЛМ го заслужи во изминатите 22 години, поразговаравме со раководителот на Филијала ЈСП Скопје и дел од успешниот тим за дигитална трансформација, Марија Цветковиќ.

Штедилница ФУЛМ се приклучи поинтензивно во Агендата 2030 за одржлив развој, преку кампањата ЕКО-ГРИН, со специјална понуда на промотивни ЕКО ГРИН депозитни и кредитни линии. Може ли да ни кажете нешто повеќе за тоа?

Оваа пролет ја започнуваме ИНИЦИЈАТИВАТА – ЗАЕДНО да го направиме светот поубаво место за живеење. За таа цел, ја започнавме кампањата ЕКО ГРИН, при што подготвивме ПОДАРОК – САДНИЦИ, за сите нови ЕКО-ГРИН ДЕПОЗИТИ И КРЕДИТИ!

Еко-грин кредитите треба да го поттикнат интересот  на граѓаните кон поефикасни и одржливи начини на греење, заштеда на електрична енергија, алтернативни начини на транспорт, зазеленување на животната околина, алтернативи за почист воздух,органско земјоделско производство итн.

Додека пак, ЕКО-ГРИН депозитите имаат највисоки каматни стапки за орочување на македонскиот пазар, 100% се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, а во ЕКО-ГРИН насока, со секој нов депозит, подаруваме садница.

Ве молам, објаснете, зошто Штедилница ФУЛМ е различна од другите финансиски институции?

Штедилница ФУЛМ е основана во согласност со бизнис модел на кредитни унии е единствена во Република Северна Македонија. Слоганот ,,Луѓе помагаат на луѓе” е препознатлив за ФУЛМ и на сите кредитни унии во светот, коишто според статистиката на www.woccu.org опслужуваат над 375 милиони членови, на шест континенти.

Првата и основна разлика е што штедачите кои што се корисници на нашите услуги се во исто време и „сопственици”, преку Здружението на граѓани ФУЛМ со еднаква можност да учествуваат во управувањето и да придонесат кон повисоко ниво на транспарентност и отворена комуникација.

Различноста е во пристапот и во односот кон нашите клиенти. Луѓето сакаат да се чувствуваат добро. Тие ја сакаат нашата гостољубивост, нашата отвореност, начинот на кој се однесуваме со нив и тоа е она што ги носи кај нас.

Нашите членови знаат дека Штедилница ФУЛМ е институција којашто се грижи за нив и се чувствуваат безбедно да ја остават својата заштеда или да добијат пари кога тие најмногу ќе им бидат потребни.

Во изминатите 22 години, бројот на корисници на услугите на ФУЛМ постојано расте, а со тоа и на заштедите и кредитите.

Од она што го прочитав за Вас, ФУЛМ имате голем меѓународен углед, признанија и соработници од цел свет. Може ли да ни кажете нешто повеќе за тоа?

Во 2020 година, Штедилницата ФУЛМ, како прва и единствена финансиска институција од РС Македонија, е наградена со „СЕРТИФИКАТ за усогласеност со Европскиот кодекс на добро однесување при одобрување на микро – кредити“ издаден од Европската комисија, Дирекција „Вработување, социјални односи“.

Во 2018година, Штедилницата ја доби меѓународната награда за раст во Сингапур, во конкуренција со повеќе од 100 земји од светот.

Штедилницата ФУЛМ е основоположник на Европската мрежа на кредитни унии во Брисел.

ФУЛМ Македонија, во 2016 година, преку Форумот на жени на ФУЛМ, се приклучи на Глобалната мрежа на жени – лидери, која ги поврзува жените од кредитните унии ширум светот и им овозможува професионален и личен развој преку електронски или лични едукативни платформи.

економија20 часа ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор