lifestyle
Марк Бениоф: Не заборавајте да сторите нешто и за другите луѓе
Марк Бениоф, основач и директор на Salesforce

Педесет и шест годишниот Бениоф ја основаше Salesforce во 1999 година, откако забележа вртоглав скок во хиерархијата на Oracle, уште еден софтверски гигант. Марк Бениоф е препознатлив по блескавите облакодери што ги одбира за седишта на својата компанија, контроверзните говори што ги дава во Давос и екстравагантните корпоративни конференции. Неговото богатство се проценува на околу 8,5 милијарди долари во моментов, но тој е познат по своите заложби за нов вид на капитализам, каде што профитот за акционерите повеќе не треба да е врвен приоритет.
Голем број компаниски шефови сè уште имаат прилично испран мозок мислејќи дека работата на еден бизнис е само бизнисот.
За да бидат навистина успешни, компаниите треба да имаат мисија што е поголема од само правење профит.
Брзината е новата валута на бизнисот.
Колку повеќе трансформативна е вашата идеја, толку повеќе трпение ќе ви треба за да ја реализирате.
Во бизнисот велиме дека луѓето го преценуваат она што може да го сторите за една година, а го потценуваат она што може да го сторите за една деценија.
Треба да го имате умот на почетник за да може да креирате храбра иновација.
Не заборавајте да сторите нешто и за другите луѓе.