Connect with us

интервју

Марјанчо Дамески: Електронски отпад опасност за денешницата, предизвик и за најразвиените општества

Разговор со Марјанчо Дамески, управител на Друштво за управување со отпад „Нула Отпад“ ДОО Скопје

објавено

на

Основањето и почетокот на дејствување  на Друштвото за управување со отпад Нула Отпад ДОО Скопје, датира од 2012 година. Која е позицијата на Нула Отпад денес во нашето општество?

Нула Отпад“ ДОО Скопје успешно го решава проблемот со управувањето на специфичните текови на отпад, почитувајќи ги европските стандарди и согласно законските прописи, постојано воведувајќи нови вредности и стандарди кои ја подигаат самосвеста на популацијата и културата на живеење. Во моментов имаме преку 170 компании членки во колективниот систем  за отпад од електрична и електронска опрема и преку 130 компании членки кои се увозници на преносни, автомобилски и индустриски батерии и акумулатори.

Нула Отпад денес е компанија  со остварени национални цели осум години по ред и позитивна оцена од МЖСПП.

Електричен и електронски отпад или се што работи на струја и батерии. Колкава е листата на уреди земајќи ги во предвид постојаните иновации и брзиот технолошки развој?

Дефиницијата за е-отпад секојдневно се проширува. Во ера на брз технолошки напредок, се повеќе и повеќе софистицирани електронски производи се измислуваат и произведуваат. Само помислете на концептот на „паметен дом“. Лесно е да се препознае колку електронски уреди сега можат да сторат сè, од понуда за безбедност до вклучување и исклучување на светлата, до подготвено свежо кафе пред да се разбудиме. Иноваторите во технологијата продолжуваат да создаваат електрични и електронски уреди дизајнирани да го олеснат и  направат поудобен нашиот живот на секој можен начин. Новите модели пристигнуваат дури и кога се чини дека сегашниот работи добро. И покрај тоа, најновата верзија секогаш дава дополнителни функции што ја прават да изгледа премногу примамливо за да се одолее.

Рециклирањето на електронскиот отпад повеќе не е опција, туку неопходност. Зошто е тоа така?

Електричниот отпад содржи опасни, но исто така вредни и ретки материјали. До 60 елементи може да се најдат во сложената електроника.

Бидејќи повеќе луѓе купуваат електронска опрема, производителите почнуваат да се соочуваат со недостаток на суровини потребни за производство на нивните производи, па затоа повторната употреба на материјалите од отфрлените производи и отпад – процес наречен урбано рударство, има економска и еколошка смисла. Да се има еколошки извор на рециклиран метал е подобро за животната средина отколку компанија што копа нови извори на руда.

Рециклиран алуминиум користи 95% помалку енергија, бакар 85% помалку, олово 65% помалку и пластика 80% помалку енергија – тоа е сценарио кое победува – ние ги штитиме скапоцените ресурси, ги пренасочуваме употребливите материјали од депонија и заштедуваме енергија, време и средства  истовремено, и најважно ја заштитуваме животната средина.

Без безбедни практики во отстранувањето на е-отпад и уште повеќе со негово мешање со останатиот комунален отпад, високо токсични елементи како жива, олово, литиум и кадмиум завршуваат на депонии или во природа предизвикувајќи огромна штета на животната средина и загрозувајќи човечки животи.

Во тек е глобалната транзиција кон кружен пристап во управувањето со отпад. Какви предизвици му претстојат на нашето општество во тој поглед?

Силен аргумент во прилог на афирмирање на идејата за кружна економија е нејзината основна премиса дека постигнувањето одржлив развој на глобално ниво не значи промена на квалитетот на животот на луѓето, ниту пад на производството и профитот од страна на производителите, но дека кружниот модел може и мора да биде профитабилен како линеарниот и да им овозможи на потрошувачите подеднакво уживање во производите и услугите.

Со цел да се воспостават економски и еколошки одржливи модели на развој и на тој начин да се постигнат целите на циркуларната економија, оваа дисциплина става акцент на иновативното размислување во сите процеси на производство (размислување за дизајн), на теории на системи (системско размислување), на продолжување на животниот век на производот, како и рециклирање.

Зошто е кружна економија важна за Р.С.Македонија?

 Освен подобрувањето на македонската економија и можноста за создавање на нови работни места, концептот на циркуларна економија е неизбежен, бидејќи тој е вграден во европските регулативи што сите земји-кандидати за членство во ЕУ мора да ги усогласат и применат.

 Се проценува дека со воведувањето на циркуларна економија во Македонија може да создаде нови 7.500 работни места и зголемување на конкурентноста на домашната економија, особено во секторот за рециклирање.

Кој е  правилен и најлесен начин граѓаните и правните лица да ја отстранат старата електроника за истата да заврши на рециклирање?

Граѓаните се заинтересирани да се информираат за важноста и начинот на селектирање на отпадот, како и штетноста на овој вид на отпад доколку заврши во нашата животна средина. Но, иако има начини преку кои може тоа да се направи, желбата за промена на навиките и стилот на живеење оди бавно.

Затоа Нула Отпад понуди едноставен модел преку Еко Линијата, телефонскиот број 070 236 000, каде со едноставно јавување, секој работен ден граѓаните и правните лица можат да ги пријават неисправните уреди од својот дом или компанија и бесплатно истите ќе бидат преземени и однесени на рециклирање. Единствено треба уредите да бидат исклучени од вода или струја.

Во насока на зачувување на животната средина и човековото здравје Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и компаниите да ја користат Еко линијата како БЕСПЛАТЕН, БЕЗБЕДЕН И ЛЕСЕН начин да се ослободат од опасниот отпад.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија19 часа ago

Дознајте зошто е важна техничката анализа – вебинар на Инвест Поинт на 20 јуни

економија19 часа ago

По две децении повторно домашен менаџер на чело на Пивара Скопје

регион1 ден ago

Акционерите на Заваровалница Триглав ќе добијат дивиденда од 2,5 евра бруто по акција

македонија1 ден ago

Словаците ќе бидат меѓу најчестите туристи во Македонија

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија5 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија1 недела ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

македонија1 недела ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија1 недела ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

економија1 недела ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

свет1 недела ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?