Connect with us

свет

Маск продаде уште едно „пакетче“ акции од Тесла, за 3,6 милијарди долари

објавено

на

Иако штотуку продаде дополнителни 22 милиони акции, Маск и понатаму е најголемиот акционер на Тесла  со 13,4 отсто од акциите.

Де  најбогатиот, де  вториот најбогат  човек во светот, Илон Маск, продаде 22 милиони акции на Тесла  во вредност од 3,58 милијарди долари, според поднесената пријава до  американскиот финансиски регулатор. Ако ги собереме сите акции што ги продаде во текот на минатата и оваа година, ќе дојдеме до вредност од речиси 40 милијарди долари.

Иако штотуку продаде дополнителни 22 милиони акции, Маск и понатаму е најголемиот акционер на Тесла  со 13,4 отсто од акциите. Минатиот месец Маск откри дека продал 19,5 милиони акции на Тесла, тогаш вредни 3,95 милијарди долари, само неколку дена откако го заврши преземањето на социјалната мрежа Твитер за 44 милијарди долари.

Тесла е една од акциите со најлоши перформанси меѓу големите производители на автомобили и технолошки компании оваа година, поради стравувањата на инвеститорите дека Маск е премногу фокусиран на Твитер и дека новата аквизиција премногу му го одвлекува вниманието.

Тековната цена на акцијата на Тесла  на њујоршката  берза  падна под 500 долари за прв пат од 2020 година. Компанијата вредеше повеќе од 1000 милијарди долари на крајот на минатата година, но нејзината вредност падна во последните месеци.   Исто така, од продажбата на акциите на Тесла, Маск го финансираше купувањето на Твитер, што придонесе за пад на акциите на Тесла.

Инвеститорите  се загрижени и  дека побарувачката за електричните автомобили на компанијата би можела да забави бидејќи економијата слабее, повисоките трошоци за задолжување ги обесхрабруваат купувачите и другите компании ги зголемуваат своите понуди на електрични возила.

Поради сето горенаведено, Маск ја загуби позицијата на најбогат човек во светот оваа недела по остриот пад на вредноста на акциите на Тесла, а според Форбс и Блумберг, Бернард Арно, извршен директор на групацијата за луксузни стоки ЛВМХ, го  престигна на првото место. Сепак, не мора многу да го жалиме Илон,  бидејќи тој се уште тежи  околу 174 милијарди долари.

банки7 часа ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија1 ден ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет4 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија4 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија4 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија4 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

менаџмент / маркетинг4 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

македонија4 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

регион4 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

свет4 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

банки4 дена ago

Дигитализација: До каде се македонските банки? Процесот е започнат и нема назад