Connect with us

регион

Мате Римац може да стане иден партнер на Порше во Бугати

Пред хрватскиот претприемач е страшно возбудлив период

објавено

на

Фолксваген потврди дека брендот на ултра спортски коли Бугати ќе дојде под капата на Порше, којшто исто така е во сопственост на концернот од Волфсбург. Во меѓувреме, Порше и Римац, хрватскиот специјалист за супер брзи електрични автомобили каде што Порше веќе има удел од преку 24%, зборуваат за џоинт – венчр компанија преку којашто во иднина заеднички ќе ги развиваат Бугати автомобилите.

Порше на почетокот од месец март годинава  инвестираше 70 милиони евра во Римац Автомобили за дополнителни 8,5% удел и со тоа ѝ ја подигна пазарната вредност на хрватската компанија на преку 800 милиони евра. Новата валуација на Римац Автомобили изнесува 824 милиони евра или без малку една милијарда долари

Веќе со месеци во хрватската и европската автомобилистичка и бизнис јавност се шпекулира за тоа дека Римац Автомобили, хрватскиот производител на супер спортски електрични автомобили ќе го преземе Бугати, односно дека Фолксваген, сопственикот на Бугати и акционер во Римац преку Порше, би можел да го реструктурира работењето на целиот концерн така што ќе ги спои Римац, Порше и Бугати во една целина која би произведувала супер автомобили. Деновиве за првпат околу ова стигна и официјална изјава, и тоа од самиот шеф на Фолксваген групацијата, Херберт Дис, пишува Seebiz.

Тој во разговор за време на годишната конференција за медиуми на Фолксваген, ја објасни судбината на оваа реорганизација. Во моментов Бугати, имено, е во фаза на преоѓање под капата на Порше, којашто ќе стане негова кровна компанија. Порше истовремено го зголеми уделот во Римац Автомобили од 15,5% на 24%. Обата потези одат во иста насока, а тоа е создавање на посебна единица специјализирана за напредни технологии и супер автомобили којашто би го користела синергискиот ефект на сите инволвирани.

По соединувањето на Бугати кон Порше, и тоа во облик на партнерство, ќе се пристапи кон разговори со Римац, за што ќе се погрижи исто така Порше, вели Дис и потврдува дека групацијата Фолксваген немала план „Бугати да го продаде на Римац“.

Наместо тоа, одговорноста за Бугати ќе биде префрлена на Порше, којашто потоа со Римац Автомобили би можел да основа заедничка фирма (joint venture), во којашто Порше ќе има малцински удел. Таа заедничка компанија би можела да го вклучи и Бугати, па така Римац Автомобили и Бугати би можеле да бидат споени.

Отприлика тоа беа и очекувањата кога се појавија првпат информациите за спојување на Бугати со Римац Автомобили, а сега и официјално се потврдени.

Размена на сопственички удели, префрлање на контролата на Порше и потоа создавање на нова заедничка компанија – тоа е она што следува ако се реализира планот на Дис. Се уште ништо не е потврдено, ниту договорено, но сега барем е позната насоката во којашто ќе се развива одделот на Фолксваген за супер – автомобили и модерни спортски електрични возила.

Порше е голема поддршка на Римац последниве три години

Фолксваген, сопственикот на Бугати и акционер во Римац преку Порше, би можел да го реструктурира работењето на целиот концерн така што ќе ги спои Римац, Порше и Бугати во една целина која би произведувала супер автомобили. Деновиве за првпат околу ова стигна и официјална изјава, и тоа од самиот шеф на Фолксваген групацијата, Херберт Дис.

Порше инаку на почетокот од месец март годинава  инвестираше 70 милиони евра во Римац Автомобили за дополнителни 8,5% удел и со тоа ѝ ја подигна пазарната вредност на хрватската компанија на преку 800 милиони евра. Новата валуација на Римац Автомобили изнесува 824 милиони евра или без малку една милијарда долари јавија сите хрватски, регионални, но и многу светски медиуми периодов.

Германскиот производител на премиум спортски возила со ова го зголеми својот удел во Римац Автомобили на 24%. Исто така, Порше ја направа првата нарачка кај Римац за сериско производство на електрични компоненти. Но, не се наведува точно кои. Порше објави и дека вредноста на Римац Автомобили се зголемила повеќекратно од првата инвестиција досега.

Порше иницијално вложи во компанијата од хрватското гратче Света Недела пред три години, кога купи 10% удел. Една година подоцна го зголеми уделот на 15,5%. Во меѓувреме Римац го зголеми бројот на вработени на речиси илјада. Тој вели дека Порше му е голема поддршка последниве три години.

„Отсекогаш било привилегија за мене што една од најпознатите светски марки на спортски автомобили стана дел од Римац Автомобили. Горди сме што заедно работиме на нови возбудливи и електрифицирани производи и на фактот дека довербата на Порше во нас резултираше со неколку рунди на вложувања, правејќи ги Германците важен акционер во фирмата“, вели Мате Римац, основач и извршен директор на компанијата Римац Автомобили.

C_Two, е перјаница во „ергелето“  на Римац Автомобили, претставен во 2018 на Саемот во Женева. Четирите електромотори на возилото испорачуваат вкупно 1.914 коњски сили моќ, забрзување до 100 км/ч за 1,85 секунди и максимална брзина од 415 км/ч. Автомобилот се очекува во комерцијална продажба да тргне годинава, со цена од околу два милиони евра.

Компанијата Римац Автомобили освен развој на електрични супер спортски автомобили,  произведува и електрични погонски склопови, батерии, системи за т.н. infotainment и други компоненти за електро – мобилност. Мате Римац соработува со компании како што се Хјундаи, Киа, Порше, Астон Мартин, Аутомобиле Пининфарина и Кенизиг. Најпознат стана по развојот на ултра – ексклузивни модели на електрични автомобили, најбрзи во светот, како што се моделите Concept One  и  C_Two.

„Со оглед дека многу производители на оригинална опрема ширум светот се купци од Римац Автомобили, и за нас и за Порше е важно да останеме целосно независен бизнис. Моите проекти и моите акционери секогаш биле и  ќе бидат одвоени. Тоа ни овозможува одржување на информациски заштитен ѕид на којшто се потпираат нашите партнери и ни овозможува понатамошна работа со многу производители на оригинална опрема. Партнерството со Порше ѝ помага на компанијата да се развива и расте, што е корисно за сите наши купувачи“, додава Римац.

Луц Мешке, заменик претседател на извршниот одбор и член на извршниот одбор за финансии и информатика во Порше АГ истакнува дека Римац Автомобили се одлично позиционирани во прототипните решенија и малите серии.

„Мате Римац  неговиот тим ни се важни партнери, особено кога ни е потребна поддршка во развој на компоненти. Римац е на добар пат да стане добавувач од прв круг за Порше и други производители во сегментот на висока технологија. Вредноста на Римац Автомобили се зголеми повеќекратно од нашето почетно вложување“, вели Мешке.

Што може балканските држави да научат од вложувањата на Порше во Римац?

Компанијата Римац Автомобили, основана во 2009 година од тогаш 20 годишниот Мате Римац,  освен развој на електрични супер спортски автомобили,  произведува и електрични погонски склопови, батерии, системи за т.н. infotainment и други компоненти за електро – мобилност. Лоцирана е во малото гратче Света Недела, крај Загреб,  Хрватска и има околу 1000 вработени.

Кога во релативно краток период четири хрватски компании успеваат да соберат неколку стотини милиони долари од странски компании вложувачи, а сите се од редот на хајтек бизнисот, тогаш тоа, фразерски речено, е силна порака во која насока треба да оди националната економија, пишува хрватскиот портал Новац.Јутарњи.

„Кога вакво нешто ќе се каже, некако се стекнува впечаток дека се правите генерал после битки коишто ги добиле се’ од ред млади, паметни и добро образовани луѓе, затоа што биле инвентивни, вредни, упорни и спремни да преземат лични ризици, какви што главно во оваа земја не се прифатливи“, вели Гојко Дрљача од Јутарњи.

Уште еден заеднички именител е во приказните за успехот на Инфобип, Римац Автомобили, Нанобит и дигиталната агенција Фајв: од почетокот, па до обелоденувањето на инвестициите немале многу работа со хрватската држава, туку онолку колку што морале затоа што седиштето им е во Хрватска. Тие всушност сите успеале во странство; не би се случил нивниот импресивен раст да останеле во рамките на малиот и релативно сиромашен хрватски пазар, на којшто државата упорно се обидува да остане доминантна.

Информацијата дека Порше вложил во Римац Автомобили уште 70 милиони евра, и тоа дека Хрватска добила уште една компанија вредна повеќе од една милијарда долари, симболички дојде после приказната за тоа дека 90% од парите од европскиот фонд за закрепнување би требало да завршат во јавниот сектор. Со други зборови, околу 20 милијарди евра би требало да добијат сите оние што во 30 години хрватска независност не се покажаа нешто особено ниту во еден од аспектите на извонредност. Со тие силни милијарди во годините што се пред нас би требало да управуваат политички именувани кадри, меѓу коишто се многу буквално „ухлебени“ апаратчици.

Начинот на којшто ќе се користат „парите за закрепнување“ не е покажување на државничка визија на некаква конкурентна економија на иднината, туку чиста демонстрација на тоа што значи политичката моќ.

„Затоа може да бидеме сигурни однапред дека тие 20-тина милијарди евра многу веројатно ќе бидат потрошени многу помалку ефективно одошто оние четири милијарди што треба некако да завршат во приватниот сектор. Нам може многу лесно да ни се случи државата, нејзините институции и јавните компании да ги потрошат овие пари, па после 10 или 20 години повторно да имаме институции, државни компании или јавна инфраструктура што повторно ќе мора да ги санираме со парите на даночните обврзници. Ако Европа дава 100 или 200 милиони евра за железнички пруги, властите ништо не ги обврзува на градење на исплатливи релации. Да размислиме малку за стапицата во којашто може да се најдеме откако во тоа трошење на парите ќе се размавта креативниот апарат на државната бирократија“, вели колумнистот на Јутарњи.

Според него, не треба да се мисли дека е лесно тоа што го постигнаа Инфобип, Римац, Нанобит или Фајв. Во тој свет на страствени претприемачи коишто ризикувајќи и експериментирајќи ги градат своите компании всушност се работи за безмилосна пазарна пресметка во којашто нема многу преживеани. Многу повеќе мали хајтек бизниси пропаѓаат одошто успеваат. Многу малку стануваат т.н. еднорози , односно фирми што ќе достигнат пазарна вредност од една милијарда долари. Но клучна е разликата помеѓу компаниите што созреваат на пазарот во жестока конкуренција и државните бизниси во тоа што овие првите не стануваат товар на даночните обврзници. Можеби звучи наивно, но само заради тоа се чини дека е помудро да се поттикнуваат хајтек стартапи, наместо парите да се даваат на политички именувани кадри. Првото се нарекува рискантно вложување, а второто неодговорно трошење. Не е баш и некоја дилема, зарем не?

Continue Reading
интервју3 часа ago

Маја Филипчева: Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка

македонија3 дена ago

Акцелератор УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР: Повик за нова акцелераторска програма на Акцелераторот УКИМ

банки4 дена ago

УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

технологии / компании4 дена ago

Комтрејд ги донесе OnePlus телефоните во Македонија

македонија5 дена ago

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен -наградна игра на Триглав Осигурување

македонија5 дена ago

Асура станува официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

банки6 дена ago

Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка споени во една банка

македонија6 дена ago

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

македонија6 дена ago

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

банки1 недела ago

Народната банка и МБА донесоа Насоки за банките и штедилниците – за поголема транспарентност и стандардизација при објавувањето информации за депозитите и кредитите за населението

македонија5 дена ago

Асура станува официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

банки6 дена ago

Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка споени во една банка

македонија3 дена ago

Акцелератор УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР: Повик за нова акцелераторска програма на Акцелераторот УКИМ

македонија6 дена ago

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

банки4 дена ago

УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

технологии / компании4 дена ago

Комтрејд ги донесе OnePlus телефоните во Македонија

македонија6 дена ago

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

македонија5 дена ago

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен -наградна игра на Триглав Осигурување

интервју3 часа ago

Маја Филипчева: Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка