Connect with us

start up

Меморандум за соработка меѓу ФИТР и УНИБанка за полесно финансирање на стартапите

објавено

на

Од соработката,  бенефит ќе имаат компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, за кои Банката би обезбедила дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поповолни  услови од редовните. Олеснување ќе добијат и компаниите кои аплицирале но не им било одобрено кофинансирање од Фондот.

Фондот за иновации и технолошки развој и УНИБанка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со кој се отвораат нови можности за финансирање и олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, малите и средни претпријатија. Најголем дел од поволностите ќе бидат обезбедени за старт-ап компаниите.

Од соработката,  бенефит ќе имаат компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, за кои Банката би обезбедила дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поповолни  услови од редовните. Олеснување ќе добијат и компаниите кои аплицирале но не им било одобрено кофинансирање од Фондот.

„Истражувањето кое го објавивме минатата недела покажа дека над 70 отсто од стартап компаниите во државата, во фазата на развој на бизнисот имаат потреба од дополнителни финансиски средства и токму тогаш најголема поддршка добиваат од страна на Фондот за иновации и технолошки и развој. Во Северна Македонија имаме стартапи со светски идеи и услуги и токму тоа е главниот мотив кој не движи да работиме со полна пареа за да им обезбедиме олеснувања при реализирање на бизнис плановите и пласман на глобалните пазари. На мое огромно задоволство УНИБанка станува четврта банка партнер на ФИТР која верува во домашните иноватори а и самата е иноватор во банкарскиот сектор.“ изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Пакетот „УНИ Иновација” вклучува: 6 месеци без надомест електронско банкарство со уникатни бизнис Е-пакети, наменска сметка  без надомест за одржување за првите 6 месеци, услуга „Мој Банкар” без надомест, како и маркетинг поддршка преку канали на банката. Имено, за сите корисници преку овој пакет, ќе бидат обезбедени бесплатни промотивни активности.

Во однос на кредитната поддршка, компаниите би добиле поволности преку инвестицискиот кредит „БИЗНИС 12-ка”, со флексибилна отплата до 12 години, грејс период  до 12 месеци и со повластени каматни стапки. Компаниите исто така можат да аплицираат за дозволено пречекорување overdraft во износ до 10% од годишните приливи со поволни услови. Предност при користење на овие поволности ќе имаат компаниите кои доаѓаат од индустриите фармација и медицина, ИТ и телекомуникации, храна и обновливи извори на енергија.

“Двострано е задоволството од потпишување на Меморандум на соработка помеѓу ФИТР и УНИБанка. Убедени сме дека микро, малите и средните компании се тие кои ќе имаат значителен бенефит од оваа соработка. Со долгогодишно искуство, профилирани како Банка на клиентот, точно ги препознаваме потребите на компаниите, фазите на развој, инвестициските циклуси, финансиските потреби и севкупните предизвици со кои тие се соочуваат.

За таа цел, во соработка со ФИТР, за дополнителна поддршка на компаниите, го промовираме пакетот УНИ ИНОВАЦИЈА. Во пакетот би ја издвоиле услугата МОЈ БАНКАР, каде назначуваме Личен Банкар за секоја од овие компании, кој ќе овозможи професионално финансиско советување без надомест и непосредно водење низ целиот процес  за успешна реализација на инвестицијата. Дополнително, за компаниите иноватори, преку електронското банкарство ќе овозможиме повеќекратна заштеда, при извршување на редовните банкарски трансакции.

Кредитната поддршка на компаниите иноватори, ќе биде со флексибилни услови, согласно специфичностите на проектот и карактеристиките на бизнисот на самата компанија. Во таа насока, во пакетот е вклучен долгорочниот и флексибилен кредитен продукт БИЗНИС 12-ка како и оведрафтот за поддршка на тековната ликвидност на компаниите.” – изјави Виктор Филиповски, Директор на Дирекција Корпоративно банкарство во УНИБанка.

Во наредниот период, УНИБанка во соработка со ФИТР ќе организира едукативни и промотивни активности поврзани со можностите за финансирање на домашните компании од страна на банката и ФИТР, зголемување на финансиската писменост, со цел олеснување на пристап кон финансиските средства, олеснет бизнис развој и комерцијализација на иновации.

Повеќе информации за бизнис пакетот „УНИ Иновација” можат да се најдат на следниот линк:  https://unibank.mk/mk/news

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија7 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија10 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје