Connect with us

економија

МЕПСО инсталираше нова опрема за дигитализација на преносната мрежа

објавено

на

Се работи за проект вреден околу пет милиони евра, од кои 2,9 милиони се средства од ЕБОР, а останатите од АД МЕПСО.

Брз, стабилен и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и минимизирање на ризикот од каков било прекин при преносот во случај на хаварии или лоши временски услови, ќе овозможи најновата телекомуникациска опрема на АД МЕПСО што од денеска ќе биде ставена во функција.

Со ова современо решение, како што беше речено на настанот по овој повод, МЕПСО го почнува процесот на дигитализација на преносната мрежа, извести МИА.

Се работи за проект вреден околу пет милиони евра, од кои 2,9 милиони се средства од ЕБОР, а останатите од АД МЕПСО.

„Опремата е темел за добивање навремени податоци и со ова решение МЕПСО го почнува процесот на дигитализација на преносната мрежа. Со оваа најмодерна технологија ќе се постигне домаќинско и ефикасно искористување на оптичките влакна интегрирани во далекуводите и ќе се обезбеди шифрирање и комплетна заштита на информацијата која ќе се транспортира. На тој начин, се обезбедува брз и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и се минимизира ризикот од прекин на пренос на податоци во случај на хаварии и лоши временски услови“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Орхан Муртезани.

„Со новата опрема се обезбедува брз и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и се минимизира ризикот од прекин на пренос на податоци во случај на хаварии и лоши временски услови“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Орхан Муртезани.

Тој напомена дека техничките перформанси на досегашната опрема која датира од 2004 година, веќе не нудат опции кои би одговориле на дејноста. Во моментов, нагласи Муртезани, за поврзување на податоците се користи опрема која веќе нема поддршка од производителот, ниту за неа се произведуваат резервни делови.

Инсталирањето на новата опрема го поздрави и премиерот Димитар Ковачевски, кој потенцира дека во услови на енергетска криза како актуелната, од исклучително значење е стабилниот пренос на податоци.

„Денес имавме можност да го видиме најсовременото решение за телекомуникациска опрема и далечински мониторинг на трансформаторските станици во МЕПСО. Ова значи дека ќе имаме сигурен пренос на електрична енергија, што во услови на криза е исклучитлено важно. Целта е да се обезбедува брз и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и ризикот од прекин да се сведе на минимум“, истакна Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека инвестициите во преносната мрежа се од голема важност за сигурен пренос на електрична енергија за граѓаните и за компаниите како и за реализација на големите проекти во секторот енергетика.

На пуштањето во употреба на опремата се обрати и претставникот од ЕБОР, Анди Аранитаси, а присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претставници од фирмите изведувачи, како и раководството на ЕСМ и МЕПСО.

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија19 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација