Connect with us

македонија

МЕПСО со зголемен процент на реализирани инвестиции годинава

објавено

на

Од планирани 28 милиони евра инвестиции за 2022, во МЕПСО реализирале околу 6 милиони евра во првите шест месеци, но процентот на реализација на планираните инвестиции само за првото полугодие од оваа година е поголем од цела 2021 година, велат од компанијата.

АД МЕПСО лани реализира 13,5 отсто од планираните инвестиции, а во првите шест месеци од годинава веќе се реализирани 21,03 отсто од планираните инвестици. Планот за годинава е да се реализираат инвестиции во вредност од 28.180.018 евра, а веќе се реализирани 5.925.893 евра, соопштија од компанијата.

Од МЕПСО посочуваат дека во првото полугодие од годинава реализирале речиси двојно повеќе планирани инвестиции отколку во целата измината 2021 година.

„Политиката за развој и инвестиции со цел остварување на нашата визија за навремен и стабилен пренос на електрична енергија низ високонапонската мрежа, а воедно и управување со доверлив и стабилен електроенергетски систем, во 2022 година претрпе големи измени, споредено со минатата година. Домаќинското и одговорно работење заедно со политиката на штедење допринесе процентот на реализација на планираните инвестиции само за првото полугодие од оваа година да биде поголем од цела 2021 година“, порачуваат од АД МЕПСО.

Најавуваат дека стратешкото планирање и управување со инвестициите во електроенергетска мрежа ќе продолжи со уште позасилено темпо во периодот што следи, со една единствена цел подобрување на доверливоста и оперативноста на електроенергетскиот систем.

македонија1 ден ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија5 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија5 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки6 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија6 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци