Connect with us

економија

Мерките се таргетирани кон ранливите категории, но носат и извесни ризици

Најновиот пакет антикризни мерки предизвика дебата помеѓу економистите

објавено

на

Од Владата изјавија дека најновиот пакет антикризни мерки бил внимателно дизајниран, согласно конкретните потреби на македонската економија и таргетиран кон оние категории на коишто навистина им е потребна поддршка. Економските аналитичари, пак, сметаат дека и покрај тоа, овие мерки носат значајни ризици.

Владата го објави деветтиот пакет антикризни мерки. Планираниот буџетски трошок е 662 милиони евра, а целта е да се заштити животниот стандард на граѓаните, и да се поддржат ликвидноста на компаниите и развојот на економијата. Покрај овој буџет, дополнително се издвоени 3 системски мерки за зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и на пензиите, со вкупна вредност за 2023 и 2024 година од 516 милиони евра.

Од Владата изјавија дека најновиот пакет антикризни мерки бил внимателно дизајниран, согласно конкретните потреби на македонската економија и таргетиран кон оние категории на коишто навистина им е потребна поддршка.

„Во услови на глобална неизвесност, затегнати финансиски услови и забавување на економскиот раст, фискалната политика, а воедно и овој пакет на антикризни мерки, го насочивме кон поддршка на економскиот развој и поддршка на ранливите категории на граѓани.“, рекоа од Владата.

Економските аналитичари, пак, сметаат дека и покрај тоа што овој пакет мерки е со зајакната компонента на таргетираност кон граѓани, домаќинства и компании кои се ранливи или имаат оправдана потреба од тековна  и структурна поддршка, сепак одредени мерки по својот обем, како и одредени мерки кои не се директно поврзани со кризата но помагаат во поглед на нејзините последици, се донесени во време кога земјата влегува во изборен циклус и во време кога инфлациските очекувања остануваат подигнати.

„Во таа смисла, проценуваме дека таквите мерки носат значајни ризици“, велат, на пример, од институтот Фајненс Тинк.

Според нив, по обем, најновиот антикризен пакет е сличен со претходниот (за 2022 година) кој изнесуваше 760 милиони евра. Сепак, велат од институтот, јачината на кризата и фазата во која беше економијата во 2022 споредено со денес се драстично различни. Во текот на 2022 година, енергетската криза го имаше својот врв, како резултат на рекордните цени на примарните производи од храна и енергија. Додека, денес, цената на енергентите и производите од храна на глобалните пазари е стабилизирана или намалена, а домашната понуда на електрична енергија се зголеми. Оттука, ако минатата година имавме акутна состојба и постоеше реално оправдување за обемен пакет антикризни мерки, оваа година се наоѓаме во излезна фаза од кризата.

„ Оттука, вкупниот планиран буџет е несоодветен на моменталната потреба. Истовремено, иако пакетот е наречен антикризен, мерките опфаќаат и цели кои не се директно поврзани со кризата, што може да предизвика погрешна перцепција, особено имајќи предвид дека државата влегува во предизборен период. Во тој поглед, клучната препорака е наместо постојан кризен фокус, во оваа фаза тој да се префрли на градење отпорност и одржливост на економијата.“, сметаат од Фајненс Тинк.

Бесими: Пакетот мерки е фискално одржлив

Од Владата пак, на овие коментари реагираа дека се изненадени.

„ Лично бев изненаден од некои изјави по објавата на пакетот, дека мотивот зад него е политички маркетинг, дека ќе се разгорела инфлацијата затоа што ќе се поддржат ранливите категории, односно студентите преку поддршка за јавен превоз, учениците од семејствата со ниски примања, поддршка на пензионерите со ниски пензии преку додаток, или компаниите, главно мали и средни компании, со ликвидносни инјекции.“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Околу фискалната политика. Препораките на меѓународните финансиски институции и експертите се дека додека инфлацијата е на високо ниво, треба да се внимава да нема експанзивна фискална политика. За волја на вистината, од пандемијата наваму, кај нас буџетскиот дефицит се стеснува континуирано, согласно проектирана патека на фискална консолидација, па дури и побргу (од 2020 година од околу 8%, дефицитот годинава е речиси преполовен на 4,6%, а веќе догодина се проектира на 3,4%, со очекувања за понатамошно намалување и на среден рок).

Второ, ММФ јасно упатува на тоа дека фискалните мерки треба да бидат таргетирани, односно насочени кон одредени категории, каде е потребно да се обезбеди социјална заштита, но и поддршка за економската активност. Мерките кои ги донесовме се јасно таргетирани – кон ранливите категории, за поддршка на фирмите (главно секторот на мали и средни претпријатија), како и системски мерки за справување со кризата. Најголем дел од мерките се со временски ограничен карактер, за да се осигура фискалната одржливост“, вели Бесими.

Ризици од манипулација кај мерката субвенционирање на придонеси заради зголемување на плата

Инаку, од вкупно 26 мерки, 13 се надоврзуваат на мерките објавени во 2022 година, од кои шест се карактеризираат како антикризни мерки, а останатите седум како мерки кои придонесуваат за ублажување на ефектите од кризата, но постоеја или веројатно би постоеле и доколку криза немаше. Потоа, шест се нови мерки кои пружаат времена поддршка на доходот на ранливи категории граѓани и, оттука имаат карактер на нови антикризни мерки; додека, преостанатите четири се нови мерки кои не се директно поврзани со кризата (Табела 1). Забележливо е дека, барем кај мерките кои се директно сврзани со кризата, поединечните буџети се намалени во однос на претходниот пакет, што во голема мера се должи и на постепеното напуштање на линеарните мерки за сметка на таргетираните мерки, што беше поранешна препорака од Finance Think, но и услов кој земјата го презеде за стекнување на Аранжманот за претпазливост и ликвидност од Меѓународниот монетарен фонд, порано годинава.

Од аспект на структурата, поддршката само за домаќинствата зафаќа 17% од вкупниот буџет (не вклучувајќи ги субвенциите на цената на електрична и топлинска енергија), додека за компаниите изнесува 74% (Табела 2). Сепак, поддршката за домаќинствата во 2023/24 година е зголемена, што повторно се должи на зајакнување на таргетираната компонента на пакетот. Таргетираните мерки во новиот антикризен пакет за категориите граѓани: ученици, студенти и пензионери кои се ранливи се оправдани. Вкупниот планиран буџет за овие мерки е 70.1 милиони евра и нивното учество во вкупниот пакет е 10.5%.

Вкупниот планиран буџет за компании е зголемен трипати. Сепак, половина од мерките опфаќаат поволни кредитни линии за поддршка на компаниите во износ од вкупно 249.8 милиони евра или 37.7% од буџетот. Овие кредитни линии се најчесто обезбедени од Развојната банка или во соработка со меѓународните финансиски институции (ЕБОР, ЕИБ, Банка за развој на Советот на Европа, Светска Банка и Француската агенција за развој).

Една од клучните мерки за компаниите, а посредно и за вработените, е мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите на работниците во распон од 3.000 до 9.000 денари. Finance Think укажува дека оваа мерка носи ризици од манипулација на основната плата која ќе биде земена како споредбена основа за зголемување на платата. Притоа, неопходно е како споредбена основа да се земат месеци за кои платите се веќе исплатени, односно тоа би биле месеците август, септември и октомври 2023.

Опасност од инфлаторни влијанија

Покрај пакетот антикризни мерки, дополнително беа објавени „системски мерки за ублажување на ефектите од ценовната и енергетска криза“ за 2023 и 2024 година, во износ од 516 милиони евра. Овие мерки се состојат од зголемување и усогласување на пензии и на плати во јавниот сектор. За зголемени пензии за над 338,000 пензионери планирани се 278 милиони евра (100 милиони евра за зголемување и 178 милиони евра за усогласување со новата методологија). Како и во ФТ Став бр. 59 за пензиите и состојбата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од август 2023, Finance Think укажува дека порастот на пензиите кој е поголем од законската рамка за усогласување го доведува под ризик трендот на стабилизација на пензискиот систем и долгорочната самоодржливост.

„За платите во јавниот сектор се предвидени средства и за зголемување од 10% согласно Општиот колективен договор и за регрес за годишен одмор (52 милиони денари), како и за зголемување на платите во 2024 година од 150 милиони евра. Иако овие мерки се важни за поддршка на животниот стандард на примателите, нивното невнимателно ставање во функција е спротивно на процесот на стабилизација на инфлациските очекувања и може да влијае инфлаторно, со тоа смалувајќи ги напорите на носителите на политиките за поскоро постигнување ниска и одржлива инфлациска стапка. Дополнително, овие мерки се промовираат во време кога земјата влегува во изборен циклус.“, истакнуваат од Фајненс Тинк.

свет6 часа ago

BlackRock, најголемиот инвестициски фонд во светот, менаџира средства колку економиите на Германија, В. Британија и Франција заедно

банки6 часа ago

ПроКредит Куманово на нова локација во строгиот центар на градот

македонија4 дена ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија1 недела ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија1 недела ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки1 недела ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија1 недела ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју2 недели ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија2 недели ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“