Connect with us

интервју

Методија Мирчев, А1: Лидери сме во конвергентните услуги базирани на 5G и супериорна оптичка технологија со гигабитни брзини

Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија

објавено

на

„Откако со 4G технологијата докажавме дека го имаме најбрзиот интернет во земјата, според испитувањата на АЕК две години по ред, ја лансиравме најголемата иновација во телекомуникацискиот сегмент и ја воведовме најновата 5G технологија. Постојано го развиваме конвергентното портфолио со понуда на супериорна оптичка мрежа што ги задоволува потребите за супер-брз фиксен интернет и ја прошируваме можноста за набавка на најмодерните и најнови смарт-уреди, кои се потреба на секое модерно семејство и модерен бизнис.“

Методија Мирчев дојде на чело на телекомуникациската компанија А1 Македонија на крајот од јануари 2020 година, токму во периодот кога новооткриениот корона вирус во Кина почна да се шири низ целата планета. Меѓутоа, во тие моменти не можевме ниту на сон да видиме каков импакт ќе има пандемијата, не само врз здравјето на светската популација, туку и врз глобалната економија, а последиците ги чувствуваме и ден денес. Со Мирчев разговаравме околу тоа како А1 среде најголемите предизвици со коишто се соочуваше светот во последните неколку децении, успеа да ги постигне веројатно најголемите корпоративни успеси во земјава и да стане лидер во понудата на дигитални услуги базирани на 5Г технологијата.

Изминаа четири години од претставувањето на А1 брендот на македонскиот пазар. Како ќе го опишете овој период, со каков предизвик и со кои приоритети ја водевте компанијата?  

Сумирано, минатите четири години беа период на дигитална еволуција, поврзување, лансирање на најсовремена 5G технологија и сето ова во време кога светот ги живееше најтурбулентните времиња забележани во поновата историја. Ова е наједноставниот опис на овој период во кој А1 брендот стана посакувана дестинација за сите корисници што сакаат уште повеќе вредност, непречена комуникација и нови технолошки достигнувања.

Иако се соочивме со предизвици од глобални размери кои имаа влијание и на корисниците и на нас како компанија, сепак ова беше време на големи успеси за А1 со целосна посветеност кон поттикнување на дигиталниот начин на живеење, модернизирање и усовршување на нашата мобилна и оптичка инфраструктура обезбедувајќи супериорно корисничко искуство, најсовремени дигитални решенија и стабилен квалитет.

Под заедничкиот бренд на нашата Групација – А1 Telekom Austria Group, бренд етаблиран на повеќе европски пазари, ја имаме интернационалната поддршка преку која нашите корисници ја имаат можноста да бидат дел од големото А1 семејство со повеќе од 25 милиони корисници и со тоа да ги користат придобивките што произлегуваат од него.

Нашите заложби за обезбедување премиум сервиси се наградени со довербата што постојано ја добиваме од нашите корисници што во А1 Македонија гледаат доверлив партнер за сите услуги што им се ставени на располагање. Тоа го говорат и податоците од извештајот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), за последниот квартал од 2022 година, според кои расте бројот на корисници што преминуваат во големото А1 семејство, како во сегментот на мобилната телефонија така и во сегментот на фиксните услуги што за нас како компанија останува постојана инспирација за континуирана работа и посветеност во овозможување и усовршување врвно корисничко искуство.

Нашата награда се задоволните корисници, за што сведочат спроведените истражувања, анкети и признанија, кои доаѓаат директно од корисниците. Водејќи се од личното искуство, мнозинството потрошувачи ја избраа А1 Македонија за најдобра компанија во категоријата „Најдобар однос на цена и квалитет“ и ја посочија како прв избор на компанија во која добиваат највисок квалитет за вложените пари.

Наградата Best Buy е исклучително значајно признание за А1 Македонија, дотолку повеќе што доаѓа лично од корисниците. За нас во А1 нема подобра препорака од таа што ја добиваме директно од самите корисници и со ова истражување ни покажаа дека ги препознаваат нашите заложби да понудиме продукти со најдобар сооднос на цената и квалитетот. Горди сме на ова признание што во иднина ќе претставува дополнителен поттик во нашата континуирана заложба корисниците да добијат уште повеќе вредност за парите што ги вложуваат во продуктите што за нив ги креираме.

Дадовме ветување за значајни промени во концептот на креирање и пласирање на продуктите, во концептот на работа во продажните салони, во изградбата на модерна и напредна мрежа и дигитални алатки што го пoедноставуваат секојдневието на нашите корисници. Од оваа дистанца можам да потврдам дека го исполнуваме даденото ветување.

Дали го исполнивте очекувањето на вашите корисници?

Дадовме ветување за значајни промени во концептот на креирање и пласирање на продуктите, во концептот на работа во продажните салони, во изградбата на модерна и напредна мрежа и дигитални алатки што го пoедноставуваат секојдневието на нашите корисници. Од оваа дистанца можам да потврдам дека го исполнуваме даденото ветување.

На располагање ставивме низа дигитални алатки, почнувајќи од апликацијата Мојот А1, која сега веќе има повеќе од милион преземања преку Apple, Google и Huawei, а над 8 милиони сесии се направени само во текот на изминатата година. Вложуваме и овозможуваме непречена и бесплатна поддршка за корисниците преку различни дигитални канали што, всушност, е нашиот главен фокус денес. Достапни сме преку социјалните мрежи, преку Четбот Славчо, кој е базиран на вештачка интелигенција, кој дури 85% од сите конверзации ги завршува самостојно. Горди сме дека успешно живее првата и единствена виртуелна продавница А1 Live Shop, каде што корисниците од удобноста на својот дом разговараат во живо директно со продажен агент на А1 и можат да го направат својот избор на услуга.

Откако со 4G технологијата докажавме дека го имаме најбрзиот интернет во земјата, според испитувањата на АЕК две години по ред, ја лансиравме најголемата иновација во телекомуникацискиот сегмент и ја воведовме најновата 5G технологија. Постојано го развиваме конвергентното портфолио со понуда на супериорна оптичка мрежа што ги задоволува потребите за супер-брз фиксен интернет и ја прошируваме можноста за набавка на најмодерните и најнови смарт-уреди, кои се потреба на секое модерно семејство и модерен бизнис.

Направивме пионерски чекор на пазарот со збогатување на нашето портфолио со услуги што не се од областа на телекомуникациите и ја објавивме соработката со осигурителната компанија „Триглав“ и за првпат понудивме осигурување за домот, додека, пак, со осигурителната компанија „Кроација“ ја понудивме опцијата за осигурување смарт-уреди. Со ова прераснавме во компанија каде што освен дигитални решенија, може да се обезбедат потребни услуги за модерно и едноставно секојдневие.

Ако ги погледнеме податоците од извештаите на АЕК во минатите 4 години, А1 Македонија бележи раст во пазарниот удел на фиксен интернет и зајакнување на лидерската позиција во сегментот на мобилната телефонија. Дали со ова се реализирани проекциите на компанијата?

Најголем пазарен удел, односно 55,33%, А1 Македонија бележи според бројот на претплатници што користат три електронски комуникациски услуги врзани во пакет. Овој податок ме прави особено горд бидејќи тоа е своевидно признание на нашите компаниски заложби во креирањето конвергентни понуди атрактивни за сите целни групи и довербата што корисниците ја имаат во нас во обезбедувањето стабилен и брз интернет, атрактивни содржини и модерни смарт-уреди по најатрактивни услови. Оттука, продолжуваме со инвестиции во сите сегменти особено во фиксните услуги каде што наша цел е да обезбедиме покривање на 30 илјади домаќинства со супериорен оптички интернет и да продолжиме со оптимизација и со зголемување на капацитетот на мрежата и во овој сегмент.

Најголем пазарен удел, односно 55,33%, А1 Македонија бележи според бројот на претплатници што користат три електронски комуникациски услуги врзани во пакет. Овој податок ме прави особено горд бидејќи тоа е своевидно признание на нашите компаниски заложби во креирањето конвергентни понуди атрактивни за сите целни групи и довербата што корисниците ја имаат во нас во обезбедувањето стабилен и брз интернет, атрактивни содржини и модерни смарт-уреди по најатрактивни услови.

Она што е најактуелно во областа на мобилната телефонија е воведувањето на 5G мрежа на македонскиот пазар. Дали продолжуваат инвестициите во овој домен и кои се новитетите за вашите корисници?

Со комерцијалното пуштање во употреба на новата 5G, приватните и деловните корисници добија единствено искуство односно поголеми брзини, поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност во преносот на податоци. Досега со 5G сигнал се покриени 62,2% од населението на целата територија и до крајот на годината предвидуваме покривање на целата територија односно покриеност на 99,3% од населението со 5G сигнал. Ја имаме најмодерната технологија и продолжуваме да ја градиме и да ја одржуваме со полн капацитет.

Развојот на мрежата, новите технологии и брзата дигитализација го постави прашањето за безбедноста во сајберпросторот. А1 е веќе позиционирана како провајдер на ИКТ-услуги и во овој домен. Со оглед на тоа што сајберзаканите стануваат сè пософистицирани, кои стратегии ги детектирате како клучни што организациите треба да ги усвојат за да ја подобрат својата сајбербезбедност?

Ниското ниво на сајбербезбедност и ниското ниво на едукација на оваа тема ги прави компаниите лесна цел на хакерски напади. Сигурно е дека сајберзаканите постојано се развиваат и природно на тоа, сè повеќе расте бројот на субјекти што се жртви на сајбернапади. Оттука во фокусот на нашето внимание е понуда на портфолио што овозможува деловните субјекти да останат проактивни и да се прилагодат во нивниот пристап кон безбедноста во сајберпросторот.

Имено, ако земеме предвид дека повеќе од 80% од успешните напади доаѓаат како резултат на таканаречени Phishing е-mail каде што се таргетираат поединци во рамките на компанијата, нашата заложба, пред сè, е да ја подигнеме свеста кај сите субјекти за неопходноста од заштита од сајбернапади и притоа да понудиме решенија што овозможуваат безбедност и да воведеме култура на носење одговорност за сопствените постапки со оглед дека сајбербезбедноста претставува деловен ризик, а не само ИТ-проблем. Со нарушување на безбедноста на еден персонален уред во мрежата на компанијата, може да се наруши безбедноста на голем дел од апликациите и инфраструктурата до кои тој уред има пристап.

Оттука, имајќи ја предвид важноста на оваа тема за деловните корисници и за целата заедница воопшто, ја организиравме А1 SecuriThink, првата конференција за сајбербезбедност на која бизнис-заедницата доби можност да ги слушне најновите трендови и стратегии во дигиталната индустрија за заштита на бизнисите и организациите од сајбернапади. Богатите содржини што беа претставени на конференцијата од истакнати светски експерти, нивните сознанија и искуства што ги пренесоа, се од непроценливо значење за нашите корисници, кои пак покажаа огромна заинтересираност за најновите случувања и најдобри практики во сајбербезбедноста.

Заклучокот што произлезе од дебатата и во кој ние неспорно веруваме е дека вложувањето во сајбербезбедност треба да се третира како вложување во еден вид осигурување бидејќи трошоците направени за превенција секогаш ќе бидат многукратно помали од трошоците што ќе се направат за санирање на последиците од сајбернападот, без тука да навлегувам во процена на штетата по имиџот на компанијата.

Преку потпишување на „Декларацијата на членовите на Европската зелена дигитална коалиција“, од страна на А1 Телеком Австрија Групацијата официјално станавме членка на основачкото тело на „Европската зелена дигитална коалиција“ (EGDC) и со тоа се обврзавме не само на активности насочени кон внатрешните одржливи цели на ESG туку и дека ќе работиме кон еколошка дигитална трансформација на меѓународно ниво. Оттука, ја креиравме платформа што ги обединува сите овие заложби и под мотото „За подобар свет“ воведовме низа проекти со исклучителни достигнувања.

Што нуди А1 во овој сегмент?

 Понудата е сеопфатна, како од аспект на мрежна безбедност, заштита на кориснички уреди, така и заштита на податоци и апликација. Кога станува збор за мрежна заштита, нудиме Firewall како сервис, MPLS VPN и SDWAN решенија. Исто така, нудиме и АDDoS заштита. Локалната Arbor инстанца во Македонија овозможува креирање објекти и параметризација на ниво на компанија. Од аспект на заштита на уреди и податоци, нудиме антивирусна заштита и А1 сајбер бекап решение.

Освен овие сервиси, нудиме консултантски услуги, сервиси за автоматска процена на ранливоста на инфраструктурата (Vulnerability Assessment) на корисникот гледано од интернет (Offensity), но исто така нудиме и пенетрациски тестирања како еден чекор понатаму, со цел утврдување дали постои некој друг начин корисничкиот систем/мрежа да биде хакиран.

Изразена е определбата на А1 да делува општествено одговорно во заедницата. Особено видливи се времето и ресурсите што ги насочувате во едукација на младите. Дали ова е областа каде што мислите дека е најпотребно да помогнете?

Преку потпишување на „Декларацијата на членовите на Европската зелена дигитална коалиција“, од страна на А1 Телеком Австрија Групацијата официјално станавме членка на основачкото тело на „Европската зелена дигитална коалиција“ (EGDC) и со тоа се обврзавме не само на активности насочени кон внатрешните одржливи цели на ESG туку и дека ќе работиме кон еколошка дигитална трансформација на меѓународно ниво.

Оттука, ја креиравме платформа што ги обединува сите овие заложби и под мотото „За подобар свет“ воведовме низа проекти со исклучителни достигнувања. Преку нашиот најнаградуван проект „Кликај безбедно… интернетот не е само игра“, нашите волонтери им одржаа обуки на повеќе од 4.500 четвртоодделенци, додека преку специјално креираната А1 Academy вложуваме во младите од 18 до 25-годишна возраст, кои се стекнуваат со дигитални вештини што значат личен професионален раст и развој.

Свесни за штетното влијание врз електронскиот отпад активна е A1 Green Call, платформа за рециклирање стари мобилни уреди преку која корисниците покажаа навистина голема свест за рециклирање и доставија илјадници парчиња стари и истрошени мобилни уреди низ земјата. Тргнувајќи од премисата дека нов, зелен, подобар свет е можен, од неодамна 50% од снабдувањето со електрична енергија е обезбедено од обновливи извори на енергија за потребите на А1. Ги почитуваме различностите и ја стимулираме родовата еднаквост на работното место, за што говорат и 53% жени во компанијата и 46% од раководните позиции што се во рацете на жени. Тие се високо образовани, амбициозни и врвни професионалци во својата област, што ни дава за право уште повеќе да работиме на нивна поддршка и професионално напредување. 

економија6 часа ago

Уште една одлична година за Алкалоид: раст на продажбите, извозот и добивката

банки2 дена ago

Супер камати за супер брзите бизнис кредити од УНИБанка!

свет2 дена ago

Време е за купување на NUCOR!

свет1 недела ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки1 недела ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија1 недела ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании2 недели ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион2 недели ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју2 недели ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство