Connect with us

интервју

Методија Мирчев: Остануваме водечка сила во понатамошен развој на дигиталното општество

Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија

објавено

на

„Во добра насока сме во реализирање на нашата визија да овозможиме дигитален живот за сите граѓани. Затоа ќе продолжиме и понатаму со збогатување на функционалностите на постоечките дигитални канали и остануваме непоколебливи во својата определба да бидеме водечка сила за понатамошен развој на дигитално општество, секако во соработка со бизнис секторот и институциите.“

А1 Македонија, едниот од двата водечки телеком оператори на македонскиот пазар, покрај кампањите за новите продукти и услуги периодов, актуелен е и по промоцијата на една, за нив, мошне битна предност во однос на конкуренцијата, а тоа е дека мобилната мрежа на А1 е најбрза во земјава, според мерењата на Агенцијата за електронски комуникации – АЕК. Директорот на А1 Македонија г-дин Методија Мирчев вели дека овој резултат е плод на инвестицијата од преку 30 милиони евра во нова, најмодерна мрежа базирана на LTE- технологија, како и на посветеноста и стручноста на А1 тимот во лоцирање на потребите на корисниците.  Со г-дин Мирчев разговаравме околу сето она што го направи и се’ уште го прави компанијата во насока на прилагодување кон „новата нормалност“ што ја наметна пандемијата, и како во новонастанатите услови ќе се спроведат зацртаните стратешки планови, како што се почеток на 5Г мрежата, конвергентноста, но и новите функционалности за физичките лица и компаниите.

Г-дин Мирчев, периодов доста го комуницирате фактот дека мобилната мрежа на А1 е најбрза во земјава, според мерењата на АЕК. Што беше потребно да се направи во позадина за да постигнете ваков резултат и што значи тоа за вас како телеком провајдер и за квалитетот на услугите кон корисниците? 

Телекомуникациската индустрија во основа, во текот на минатите години, а особено денес, се соочува со предизвиците на огромен раст на податочниот волумен и корисничките побарувања за истото, па оттука A1 Македонија настојува да ја развива својата инфраструктурата и да вложува дополнителни инвестиции за да им излезе во пресрет и да ги задоволи корисничките побарувања.

Во изминатиот период се насочивме кон надградба и модернизација на мрежата на А1 Македонија со што инвестицијата надмина 30 милиони евра што резултираше со изградба на нова најмодерна мрежа базирана на LTE-технологија, а само во 2020 година со инвестиција од над 1,5 милиони евра целосно се надградени базните станици со дополнителен капацитет и 4G напредна технологија.

Нашите корисници нé препознаваат како провајдер на стабилен и најбрз интернет што беше потврдено и со последните мерења за квалитетот на јавните електронски комуникациски услуги што беше спроведено од страна на  Агенцијата за електронски комуникации. Мерењата покажаа дека А1 Македонија има најдобри резултати за брзина на мобилен интернет и најдобри резултати за параметрите за успешни, непрекинати повици и квалитет на говор и тоа на територијата на целата држава.

Инвестициите значително влијаат на перформансот на мобилната мрежа, но исклучителна важност има и начинот на кој оперираме со неа. Успехот и измерените перформанси не се инцидентни туку дојдоа како резултат на посветеноста и стручноста на А1 тимот во лоцирање на потребите на корисниците, а потоа и планирањето за надградување на самата мрежа со цел испорачување на услуга со висок квалитет.

Дека корисниците на А1 Македонија уживаат во привилегијата да имаат сервиси на ниво на 5те најдобри држави во Европа укажуваат и бројни резултати измерени од независни организации за benchmark на мрежи, а објавени во телекомуникациски списанија. Во април минатата година од страна на реномираното списание Connect.de, А1 Македонија беше позиционирана на 12то место во конкуренција на сите европските оператори.

Но, квалитетот на услугата која ја нуди А1 Македонија покрај официјалните мерења е препознаена и од корисниците кои телекомуникациските услуги што ги користат ни ги довериле нам, што за нас е уште позначајно признание. Во последниот Извештај за развој на пазарот за електронски комуникации во третиот квартал од 2020 година, спроведен од АЕК, се наведува дека 51% од активните претплатници на мобилни услуги  и 53% од активните претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2Г/3Г/4Г) се корисници на мобилни услуги на А1 Македонија, но и дека над 51% од количината на сообраќај (GB) остварен од активните претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G) се остварени на нашата мобилна мрежа, што не прави доминантни во уделот и реализираниот сообраќај на мобилни услуги. Ова претставува уште една потврда за нашиот успех, дека покрај тоа што имаме најдобар квалитет на мобилни услуги во земјата, истата ја користи најголем процент на населението во земјата.

Како пандемијата влијаеше врз резултатите на А1 Македонија во 2020 година? На пример,  онлајн работењето и школувањето од дома придонесоа за поголема побарувачка на интернет конекции и други услуги, од една страна, но колку пак долгите престои дома поради карантините и сл., ја намалија потрошувачката на мобилен интернет? Како сето тоа се избалансира  на крајот во резултатите на компанијата? 

Почетокот на пандемијата несомнено придонесе за промена на нашите навики како и  зголемување на употребата на интернет сообраќајот независно од уредот. Нашите училници, канцеларии и целото наше функционирање се пресели во нашите домови, а нашите уреди и нивната поврзаност ни станаа неопходни за да работиме, да го одржиме нашиот бизнис, да останеме поврзани со светот околу нас. Едноставно, сите започнавме да функционираме онлајн, вклучително и плаќањето на режиските трошоци кое до сега најголемиот број од населението ги извршуваше преку шалтер, сега е комплетно префрлено преку дигиталните алатки кои ги нудат компаниите.

Ова  наметна и зголемена потреба на нашите корисници за дигитална испорака на нивните фактури, а нашите последни податоци велат дека  во моментов 73% од нашите корисници ги добиваат своите фактури дигитално, со што на најголем дел од корисниците им е овозможено  завршување на сите свои обврски од  удобноста на својот дом.

Во текот на целата пандемија, особено во периодите на полициските часови, кои беа и по неколку дена, забележуваме зголемен говорен сообраќај помеѓу корисниците и двојно зголемување на интернет сообраќајот од дома и од мобилен телефон. Овој податок ни го потенцираше круцијалното значење на услугите на А1 Македонија во секојдневието на нашето население во време на пандемија. Услугите кои ги нудиме станаа основна потреба без која бизнисите не би можеле да работат непречено, луѓето не би можеле да ги извршуваат своите работни обврски и да останат поврзани со своите најблиски, а сепак да бидат физички оддалечени.

Токму од тие причини, како општествено одговорна компанија, А1 Македонија прва реагираше и ги обезбеди пакетот “Заедно сме со Вас” кој овозможи 10GB бесплатен мобилен интернет за сите приватни и деловни корисници преку апликацијата Мојот А1 и зголемен број на ТВ канали без дополнителна претплата за сите корисници на ТВ услугите. Во ова непречено испорачување на услугата до нашите корисници имаат голема улога и нашите колеги од А1 Македонија, кои и покрај предизвиците и неизвесноста со која и самите се соочуваа, целосно се посветија на нашите корисници и понудија беспрекорно корисничко искуство што ги прави вистински херои во ова време на пандемија.

Исто така, брзиот пораст на употребата на онлајн каналите, резултираше и со зголемено користење на Мојот А1 апликацијата која има повеќе од 500 илјади преземања и преку која над 330 илјади корисници направиле барем една сесија во последните 6 месеци, зголемување на интеракциите на социјалните мрежи и зголемување на посетеноста на нашата веб страница.

Горди сме дека и во вонредни услови успеавме да ја лансираме првата и единствена виртуелна продавница А1 Live Shop каде корисниците  разговараат директно со продажен агент на А1, во живо преку видео стриминг и одблизу можат да го погледнат посакуваниот уред, да добијат одговори на дополнителните прашања во врска со уредот или услугата за која се заинтересирани како и да купуваат преку интернет. Всушност, корисниците преку А1 Live shop виртуелно го добиваат целото корисничко искуство кое би го добиле и во секој друг наш продажен салон. Постојано го надградуваме и Славчо, четбот базиран на вештачка интелигенција кој одговара на прашањата на нашите корисници во реално време на теми поврзани со продукти, а одговара и на нивниот интерес поврзан со технички нејаснотии.

Сите овие активности ни укажуваат на фактот дека сме во добра насока во реализирање на нашата визија да овозможиме дигитален живот за сите граѓани, затоа ќе продолжиме и понатаму со збогатување на функционалностите на постоечките дигитални канали и остануваме непоколебливи во својата определба да бидеме водечка сила за понатамошен развој на дигитално општество, секако во соработка со бизнис секторот и институциите.

Кои се во моментов најбараните продукти и услуги од страна на потрошувачите? И какви се вашите предвидувања и очекувања за периодот што ќе следи, постпандемичниот живот секако наметнува една „нова нормалност“… Што ќе донесе тоа за телеком индустријата? 

Како што кажав и претходно, во фокусот на нашето внимание секогаш биле и остануваат  корисниците и нивните телекомуникациски потреби. Нашата стратегијата е да се креираат понуди со нов дополнителен квалитет што носат вредност за корисниците кои ќе добијат целосно комуникациско решение и тоа не само за себе како поединци, туку и за  семејството и компанијата во која работат.

Токму такво решение е A1 Combo тарифата која им овозможува на нашите корисници целосен пакет услуги со дополнителни бенефити. Со оваа тарифа корисниците ги добиваат сите наши услуги: најбрзиот мобилен интернет во земјата, неограничен фиксен интернет, бесплатна фиксна телефонија и најатрактивните телевизиски содржини, со дополнителна можност да одберат уред со големи попусти. A1 Combo нуди и флексибилност за корисниците во креирањето на пакетите согласно нивните потреби за интернет, телевизија и телефонија, со што секоја А1 Combo тарифа им овозможува целосна слобода во комбинирањето на обемот на секоја од услугите вклучени во тарифата.

Исто така, содржините кои им ги нудиме на нашите корисници на телевизиски услуги, кон почетокот на годината ги збогативме со Арена Спорт ТВ канали со што нашите корисници ќе можат да уживаат во најгледаните спортски настани.

Постојано го следиме пазарот, фокусирани сме на тоа да излеземе во пресрет на корисничките барања и потреби и да ја овозможиме дигитализацијата во нашето општество, а сето тоа е возможно само ако се вложува во најнова технологија и се креираат нови производи и услуги што ќе бидат конкурентни на пазарот.

Неодамна воведовте и нова понуда за бизнис корисниците. Дали е креирана според условите на „новото нормално“  функционирање?

Квалитетот на телекомуникациските услуги е уште поважен кога станува збор за бизнис корисниците. Со најбрзиот мобилен интернет на територијата на целата земја, конвергентно портфолио на производи и услуги, достапност на нашите агенти 24/7 за бизнис корисниците, А1 Македонија претставува вистински партнер на компаниите во нивното дигитално работење.

Новото А1 Business портфолио производи и услуги специјално креирано за деловните корисници нуди комплетно телекомуникациско решение за сите компании. Воведовме нови пост пејд тарифни модели за мобилна телефонија и фиксни услуги, со исклучителни поволности дизајнирани да овозможат уште поголем избор и повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент. Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакет, корисниците добиваат дополнителни поволности во облик на поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди.

Деловните корисници кои ќе направат А1 Combo Business пакет имаат можност да добијат неограничен интернет и фиксна линија за кои промотивно нема да се наплаќа претплата во првите 6 месеци, заедно со вклучени А1 Business мобилни линии на најбрзата мобилна мрежа. Ова е вистинско време деловните корисници да ја искористат можноста и да го направат вистинскиот бизнис потег во изборот на модел на комуникација.. Остануваме посветени на градењето партнерскиот однос со нашите деловни корисници кои се инспирација за креирање на најдобрите понуди на пазарот. 

Досегашниот интерес за оваа понуда од страна на деловните корисници ни покажува дека навистина ја препознаваат нашата заложба за креирање иновативни понуди и решенија кои одговараат на најразличните и најспецифични комуникациски потреби по мерка на деловните корисници, што не мотивира да продолжиме со изнаоѓање уште подобри комуникациски решенија кои ќе донесат вредност во нивното функционирање.

Фокусирани сме на бизнис заедницата да понудиме едноставни и безбедни дигитални решенија,  па покрај конвергентната понуда која е наменета за деловни корисници од сите сегменти, мали, средни и големи компании, нудиме и ИКТ продукти и услуги. Воведуваме стандардни, но и нови, нестандардни услуги односно tailor made понуди за големите компании со што на бизнис корисниците има даваме можност преку А1 Македонија да го имаат својот IT партнер за напредно дигитално работење на нивните компании.

Заедно со A1 групацијата и А1 Digital развиваме нови дигитални решенија кои треба го надополнат портфолиото на ИКТ услуги и производи и да допринесат за уште подобро корисничкото искуство за нашите деловни корисници.

Што донесе, пак, пандемијата за работењето на самата компанија?  Како А1 Македонија се прилагоди на новите околности, што од тие прилагодувања можеби ќе остане како трајна пракса и сл.? 

Како компанија од телекомуникацискиот сектор, покрај тоа што се фокусиравме на овозможување на новиот начин на функционирање преку дигиталните алатки што ги креиравме и понудивме на корисниците и јавноста воопшто, паралелно и самите ние требаше да се адаптираме. Најпрво се соочивме со менување на моделот на работење кој го трансфериравме во целосно онлајн модел, а потоа ги воведовме и надградивме каналите за продажба и за грижа за корисници.

Колегите во продажните салони се нашите херои бидејќи останаа на висината на својата задача и претпазливо и со многу внимание се посветени на нашите корисници, како и колегите од техника кои се целосно предадени на обезбедување на сите потребни услови за беспрекорно функционирање на мрежата. Повеќе од една година, од дома работат 80% од вработените при што ниту еден процес не е загрозен.

Моделот за флексибилно работно време и работно место A1 Flexy, што веќе беше воведен во компанијата во 2019та година, сега стана наш основен модел на функционирање. Ние сме водечки меѓу големите компании во земјата кои пред пандемијата, а сега уште поизразено, овозможуваме работење на агилен начин, во комплетно дигитално опкружување кое е флексибилно од аспект на работните часови и местото на работа.

Свесни сме и за тоа дека новите технологии носат промени и во вештините кои луѓето треба да ги поседуваат, за да можат да бидат во тек со новитетите и да имаат самодоверба да ја користат технологијата од иднината. Во таа насока, ја развивме програмата A1 Future Hub, за нашите колеги од А1 Македонија и А1 Хрватска,  која има за цел да не подготви за иднината, да ни понуди нови вештини со кои ќе можеме да одговориме на предизвиците на новите технологии и да го овозможи професионалниот и личниот раст на секој член од А1 тимот.

Веќе неколку години зборуваме за 5Г технологијата, којашто во 40-тина земји веќе е воведена, во некои е во фаза на тестирање и сл. До каде сме ние во Македонија на тоа поле, конкретно А1 Македонија?  

Новата генерација технологии, 5G, е се’ поприсутна во земјите од светот, а од неодамна и во нашето соседство. Имено, А1 Бугарија, која е дел од А1 Телеком Австрија групацијата, на почетокот на овој месец на аукцијата за спектар на радиофреквенции ги добија посакуваните спектари со што станаа првиот оператор во земјата кој лансира 5G мрежа. Со се’ поголема имплементација на 5G во различни земји, се’ повеќе се чувствува бенефитот од новата гигабитна мрежа и кај приватните, но пред се’ кај бизнис корисниците.

Оттука, и А1 Македонија како компанија која е насочена кон обезбедување на врвна корисничка услуга за своите корисници е подготвена да одговори на потребата на корисниците од новата генерација 5G.

Првите чекори се веќе направени од страна на A1 Македонија, кон крајот на 2019 година кога успешно ја завршивме првата фаза на тестирање на примена на комерцијална 5G технологија во државата. Тестовите направени со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина, надвор од лабораториски услови, ги потврдија очекувањата и можностите на 5G технологијата во насока на остварување огромни брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија

Но, секако, пред самата имплементација на 5G технологијата од страна на А1 Македонија, неопходно е првенствено да се спроведе аукцијата за фреквенции во нашата земја која наскоро ја очекуваме да се реализира од страна на АЕК. По завршување на оваа фаза, нашите корисници можат набргу да очекуваат дека ќе ги искусат бенефитите од новата 5G мрежа.

Објаснувано е повеќе пати досега, но ве молам накратко да објасниме за читателите што ќе значи за корисничкото искуство, бизнисот, приватниот живот, економијата воопшто, искористувањето на оваа технологија?  

5G е иднината. Динамиката со која се движи светот бара технологија која може да одговори на брзите промени кои се случуваат. Како што податоците кои ги пренесуваат корисниците меѓусебно се се’ поголеми, во смисла на тежина во бити, и како капацитетите на хардверите за пренос на овие податоци се зголемуваат, така и инфраструктурата преку која се пренесуваат тие податоци треба да се надградува. Токму затоа ни доаѓа новата 5G мрежа која ќе им овозможи на корисниците со поголема брзина и поголем капацитет, помала латенција и поголема мрежна покриеност да пренесуваат податоци за кои веќе и сега имаат и реална потреба.

За да ги согледаме првите бенефити од 5G најдобро е да ги погледнеме реалните искуства на поразвиените земјите како Јужна Кореја, САД, Холандија и Хонгконг, кои веќе имаат поголема 5G покриеност. Во овие земји веќе можат да се забележат самоуправувани возила на улиците, паметно улично осветлување, автономни системи за навигација кои овозможуваат бродови сами да стигнат до одредена дестинација, онлајн настани креирани во виртуелна реалност, следење на спортски натпревари онлајн каде гледачите сами ја движат камерата, и сето тоа функционира беспрекорно токму поради можностите кои ги нуди 5G.

Но, вистинскиот бенефит од 5G технологијата доаѓа кога истата ќе има поголема распространетост и ќе преовладува нејзината употребата над веќе постоечката 4G мрежа. А тогаш кога интерконективноста на уредите ќе биде целосно на новата технологија, ќе дојде до израз интернетот на нештата (IoT) во приватниот и деловниот свет. Масовната распространетост на IoT ќе ја подобри продуктивноста на компаниите, ефикасноста на операциите, брзината на извршување на активностите, а со тоа деловните субјекти и општеството во целина целосно да ја доживеат индустриската револуцијата 4.0. Всушност, 5G е горивото на кое работи индустриската револуција 4.0.

Како конкретни примери од иднината ќе може да забележиме во сообраќајот каде возилата ќе комуницираат со светот околу нив во реално време со што ќе успеат да го подобрат текот на сообраќајот но и безбедноста, кај здравствените работници кои ќе можат да ги надгледуваат пациентите од далечина и со користење на вештачка интелигенција да дадат прецизни дијагнози и да овозможат непречено работење на болниците, во производствата каде ќе можe да се управува со високо ефикасни паметни фабрики, во малопродажбата каде ќе се овозможи беспрекорно виртуелно корисничко искуство, како и во многу други индустрии и сегменти на напредното работење.

Кажете ни малку повеќе околу инцијативата „Европска зелена дигитална коалиција“ чиј што потписник е Групацијата А1? Што ќе значи тоа и за компанијата ќерка во Македонија, какви придобивки за заштитата на животната средина и одржливиот развој?  

Уште од самите почетоци на компанијата, општествената одговорност е дел од нашето оперативно работење, но од минатата година ESG (environmental, social and corporate governance) е дел и од нашата стратегија, вклучен во талисманот во кој е прикажана стратегијата на А1 Групацијата. 

ESG се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување и ја отелотворува одговорноста што компаниите, кои се дел од А1 Групацијата, преку своите активности ја носат внатрешно и во нивното опкружување.

Преку потпишување на „Декларацијата на членовите на Европската зелена дигитална коалиција“, од страна на Групацијата А1 Телеком Австрија официјално станавме членка на основачкото тело на „Европската зелена дигитална коалиција“ (EGDC) и со истото се обврзавме не само на активности насочени кон внатрешните одржливи цели на ESG туку и дека ќе работиме кон еколошка дигитална трансформација на меѓународно ниво.

Вредно е да се спомне и  дека амбициите на А1 Групацијата во рамките на ESG проектот се конкретни и имаат точно утврдени цели во три сегменти: Климатски и амбиции за животна средина до 2030 година – Достигнување на нето неутралност на јаглерод диоксид со намалување на емисијата на штетни гасови  и постепено префрлување на енергија од обновливи извори, долгорочна цел за зголемена енергетската ефикасност за 80% во споредба со 2019 година и рециклирање на околу 50.000 стари уреди годишно, Социјална амбиција до 2023 година  едукација на над 100.000 луѓе – особено фокусирани на деца и млади – во сегментот на дигитална писменост, да им се даде на луѓето доверба и вештини за активно обликување на дигиталните светови и Амбиција за корпоративно управување до 2023 година – Да се зголеми процентот на жени на раководни позиции над 40% и да се подигне и одржи процентот на жени во компанијата над 40% и да се одржи најдобрата практика и надворешно сертифициран усогласен систем за управување со цел да се заштити интегритетот и доверливоста на А1 Телеком Австрија групацијата.

Со оваа зададена цел во нашата стратегија за 2021 година, но и сите останати цели за развој на пазарот, подобро корисничко искуство, конвергентност, автоматизација, модернизација и иновација, верувам дека А1 Македонија е на патот кон остварување на уште една успешна година во своето повеќегодишно работење на македонскиот пазар. Уверен сум дека и покрај сите предизвици кои се пред нас и оваа година ќе успееме да бидеме први на пазарот кои им ја овозможуваат дигитализацијата на корисниците, надополнета со врвно корисничко искуство.

Нашата стратегија за иден развој секако го има корисникот во фокусот

Покрај плановите околу 5Г, какви се останатите стратешки цели  и планови за иден раст и развој на А1 Македонија, во новонастанатите услови на (пост)пандемично работење и живеење? 

Стратегијата за оваа година во својот фокус има повеќе сегменти и домени на работа, се со цел компанијата да овозможи дигитализација на општеството во кое живееме. Во 2021 година ќе се посветиме на развојот на пазарот пред се’ преку воведување на 5G мрежа во нашата земја. Имплементацијата на 5G на пазарот изискува голем обем на работа во подготвителната фаза пред самото лансирање. Надградување на самата радио технологија, усовршување на компетенциите на техничките екипи за работа со 5G и разработувањето на конкретни понуди на услуги и производи за нашите корисници, се само дел од активностите кои влегуваат во проектот на А1 Македонија за воведување на 5G на македонскиот пазар.

Исто така, во нашите цели за оваа година е силно втемелена конвергентноста на услугите кои ги нудиме. Ова се однесува од една страна на поголема експанзија на оптичката инфраструктура во нашата земја, но од друга страна и на содржините кои им ги нудиме на нашите корисници. Се’ поголем е фокусот на платформите за содржини кои нашите корисници ги употребуваат, а не само технологијата преку кои ги следат истите. Во таа смисла, во 2021 сме насочени кон воведување на нови платформи за содржини за корисниците како што се А1 Xplore Music и А1 Xplore TV. Понатаму од аспект на иновација ќе работиме на збогатување на понудата на ИКТ услуги како што се сајбер безбедност, IoT и паметни уреди.

Оваа година во нашиот фокус ќе биде и подобрување на ефикасноста, модернизацијата и симплификацијата на интерното работење пред се’ преку автоматизација на процесите и употребата на вештачката интелигенција во извршување на операциите, а се’ со цел подобрување на крајната услуга кон нашите корисници. Корисниците исто така во 2021 година можат да очекуваат подобро дигитално искуство во интеракциите со А1 Македонија кое ќе го овозможиме со воведување на нови функционалности на Мојот А1 апликацијата, усовршување на виртуелниот асистент Славчо, кој е во план оваа година да овозможи и разговори на албански јазик, но и целосно нова A1 платформа за e-commerce каде што ќе можат дигитално да го завршат целиот процес на набавка на уреди од купување до испорака. И секако, оваа година планираме да инвестираме во сите членови на А1 тимот преку целосна програма за усовршување на нивните вештини со кои ќе бидат подготвени за иднината.

На почетокот на оваа година покрај годишната стратегија, ја утврдивме и среднорочната стратегија на нашата компанија за периодот до 2025 година, во која јас силно верувам и можам да ги уверам корисниците дека тие се ставени во централниот фокус и истата е градена токму да им овозможи подобра услуга за да можат да ги креираат своите дигитални светови.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки2 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија3 дена ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки4 дена ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија5 дена ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки1 недела ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија1 недела ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија1 недела ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија

економија2 недели ago

Штандот на БРАКО привлечен за учениците заинтересирани за учење преку работа

економија2 недели ago

На едно место достапни сите информации за регионалната прекугранична е-трговија

банки2 недели ago

НЛБ Банка со нови промотивни депозити