Connect with us

македонија

Меѓународна Конференција за ладилна техника и топлински пумпи на природни ладилни флуиди се одржа во Охрид

објавено

на

На конференцијата во организација на Машинскиот факултет од Скопје во соработка со Меѓународниот инвститут за ладење, земаа учество над 150 учесници, врвни експерти во својата област од светски познати компании, факултети, институти, здруженија и асоцијации од повеќе од 35 земји од светот.

Од 27-29.04.2023 во Охрид, Машински факултет – Скопје, во соработка со Меѓународниот Институт за Ладење (International Institut of Refrigeration – Paris), по 10-ти пат ја организираше Меѓународната конференција за ладилна техника и топлински пумпи на природни ладилни флуиди “Ammonia and C02 Refrigeration Technologies”.

На конференцијата земаа учество над 150 учесници, врвни експерти во својата област од светски познати компании, факултети, институти, здруженија и асоцијации од повеќе од 35 земји од светот. Презентирани беа 40 труда на различни технологии за ладење, греење и климатизација на индустриски и комерцијални објекти, системи кои користат амонијак и CO2 како природни ладилни флуди.  Конференцијата која траеше два дена беше отворена од претседателот на организациониот одбор проф. д-р Ристо Цицонков од Машински Факултет Скопје кој даде ретроспектива на сите претходни десет конференции, која беше идејата за оваа конференција во Македонија и како ладењето, греењето и климатизацијата со природни ладилни флуиди е актуелно како никогаш претходно. 

Во областа на ладење, греење и климатизација се случуваат големи промени поради проблемите со глобалното затоплување (климатски промени) и штетното дејство врз озонската обвивка. Интензивно се работи на усовршување на постоечките и развој на нови технологии со посебен акцент на енергетската ефикасност.

На оваа конференција беа презентирани трудови од најновите истражувања и примени во праксата. Се разменија голем број на искуства и се согледаа можности за трансфер на технологии во областа на ладење, греење и климатизација.

Македонија овие три дена беше центар на светската јавност која работи на полето на ладење, греење и климатизација и многу странски агенции ги пренесоа предавањата и најновите технологии кои беа презентирани во Охрид.  

веб страна на конференцијата

https://www.mf.ukim.edu.mk/web_ohrid2023/ohrid-2023.html

македонија5 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија