Connect with us

економија

Меѓународна конференција на Народната банка: Со дигиталната валута, централните банки ќе овозможат стабилност и доверба во платните системи

објавено

на

Во тек е дводневната 14. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура во организација на Народната банка, со поддршка од Централната банка на Холандија.

Предизвиците и можностите коишто ги носи глобалниот бран во користењето на дигиталните плаќања беа тема на вчерашната панел-дискусија, од  првиот ден од 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, којашто се одржува во организација на Народната банка на Република Северна Македонија, со поддршка од Централната банка на Холандија.

Во плодната дискусија учествуваа Габриел Содерберг, финансиски експерт во Одделот за монетарни прашања и пазарот на капитал во Меѓународниот монетарен фонд, Игнасио Терол, менаџер на проектот за дигитално евро во Европската централна банка и Игор Величковски, директор на Дирекцијата за платни системи во Народната банка на Република Северна Македонија, зборувајќи за брзите и удобни плаќања, коишто не ја загрозуваат безбедноста и се создадени според потребите на потрошувачите, како императив на дигитализацијата на  плаќањата.

Присутните имаа можност да го слушнат излагањето на тема „Вклучување на меѓународната димензија во дизајнот на дигиталната валута на централната банка“ на Анеке Косе од Банката за меѓународни порамнувања, како и на Рија Роерник од Банката на Холандија, која се осврна на темата „Дигитално евро: што, зошто и како?“

Учесниците нагласија дека сè поголемата застапеност на новите технологии за плаќања ја потврдува важноста од вклучувањето на централните банки во носењето политики за забрзување на процесот на дигитализација.

Во тој контекст, во процесот на дигитализацијата на платежните услуги е значајна довербата којашто ја има јавноста во централните банки во однос на одржувањето на ценовната стабилност како нивна основна цел. Потребно е при воведувањето на новитетите од технолошкиот развој, централните банки да ги земат предвид потенцијалните ризици, за кои се неопходни соодветни издржани решенија.

Потпирајќи се безрезервно на дигиталните канали за плаќање, се наметнува и потребата од воспоставување алатки коишто потрошувачите ќе може да ги користат безбедно, брзо и удобно. Сето ова треба да е достапно за потрошувачите и со минимални трошоци. За учесниците, од големо значење е обезбедувањето и на конкурентноста во платежните услуги, што е основа за натамошен развој и поттикнување на дигитализацијата.

Учесниците дебатираа и за воведувањето на дигиталната валута на централните банки како  можност да се прифати предизвикот на глобализацијата и дигитализацијата. Притоа укажаа дека со дигиталната валута, централните банки ќе овозможат стабилност и доверба во платните системи, воедно обезбедувајќи добар баланс, од една страна со зајакнување на ефикасноста, брзината и цената, од друга страна со намалување на ризиците коишто ги носи дигитализацијата. 

Во дискусиите беше опфатено и влијанието на дигитализацијата врз прекуграничните плаќања. Беше посочено дека е потребна засилена меѓународна соработка на централните банки за постигнување повисоко ниво на интероперабилност и воедначеност на националните правни рамки коишто ќе обезбедат сигурност и брзина.

Четиринаесеттата конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура продолжува денеска, како платформа на која ќе се споделат искуства и видувања за трендовите и предизвиците за безбедноста на дигиталниот простор и за отвореното банкарство и засилената автентикација во ерата на дигитална трансформација. 

банки2 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија3 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

економија6 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

свет6 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија