Connect with us

македонија

Мизо: Костал Македонија ќе стане најважната локација на компанијата во Европа

Големи амбиции на германскиот производител за неговата фабрика во Охрид

објавено

на

„Годинава Костал Македонија ќе ја заврши со обрт од 100 милиони евра, а догодина се планираат 140 милиони евра. На глобално ниво Костал Македонија треба да стане главната локација во Европа за производство на системи за електрични и плагин хибридни возила.“, вели директорот на компанијата Виктор Мизо.

Цената на електричната енергија е драстично зголемена, што несомнено ќе влијае на работата на индустриските капацитети во земјата, вклучително и на Костал, но развојот на компанијата која деновиве навршува шест години од почнување со работа во зоната Косел, кај Охрид, продолжува според зацртаните планови кои предвидуваат фабриката во Македонија да ги прошири своите капацитети во уште еден град и да стане најважна локација во Европа во глобални рамки, каде ќе се произведуваат софистицирани делови за автомобилската индустрија.

Ова го изјави генералниот директор на Костал Македонија Виктор Мизо, за порталот OhridNews во очи шестата годишнина на компанијата, која е во топ 15 компании во земјата според остварениот извоз.

„Во нашиот случај, но и во случајот на најголемиот број од компаниите од автомобилската индустрија учеството на електричната енергија во производствениот процес бележи зголемување за 4,5 пати во однос на периодот пред само една година. Од таа гледна точка, иако компаниите од оваа индустрија не се толку зависни од цената на струјата како компаниите кои се од металуршкиот или енергетскиот сектор, важно е да се знае дека треба на еден или друг начин да  да се намали нејзиното влијание во однос на нашата профитабилност.“, смета Мизо.

„Во наредните две години ќе навлеземе во нов, трет циклус на инвестиции, во вредност од 50 милиони евра, пред се’ за системи за енергетска електроника за Фолксваген групацијата, но и за дополнителни проекти за Мерцедес, што значи дека обемот на производството од тие неколку проекти од 2024 до 2030 година ќе биде над 1,1 милијарда евра во тој временски период.“ изјави Виктор Мизо, генерален директор на Костал Македонија за порталот OhridNews.

Тој додава дека во Костал Македонија се преземаат многу мерки кои не се поврзани само со енергетската ефикасност на објектите, но потребно е да се поедностават процедурите за поставување фотоволтаици, да може полесно и поефикасно да се направи тоа, да нема лимит на јачината на фотоволтаиците инсталирани на кровните конструкции на објектите, но истовремено и да се дозволи можност за продажба на вишоците на струја на слободниот пазар, посебно за оние компании коишто се лоцирани во технолошко индустриските развојни зони.

„Во контекст на справување со енергетската криза, потребно е зголемување на продуктивноста и ефикасноста на самите компании, што подразбира и мерки на штедење и рационализација на работниот процес, како што се спојување на празници и викенди и оптимизација на процесите, со што се намалуваат трошоците“, додаде Мизо. Според него  е исклучително важно сега државата да го поддржи стопанството, за што се разговара на ниво на комори со владини претставници.

„Чекаме да видиме кои ќе бидат мерките на Владата за поддршка на индустријата, бидејќи гледаме дека до сега најголемиот број од мерките се за поддршка на крајните потрошувачи и домаќинствата и некои мали микро компании. Но, цената за големата индустрија е значително повисока во споредба со земјите во регионот каде што има регулирани цени на електрична енергија, што е неопходно и за нашата конкурентност на поширокиот европски пазар, но и за задржување на сите работни места, бидејќи ако се започне со затворање или намалување на обемот на работа тоа негативно ќе влијае. Дотолку повеќе што станува збор за обучен кадар кој доколку го испуштиме како фирми и држава, ќе имаме проблем, и за обврските на државата кон тој кадар од финансиска гледна точка, а истовремено е прашање дали тој кадар ќе остане тука.“рече Мизо за OhridNews.

Трет циклус на инвестиции, од 50 милиони евра

Одредени компании најавија отпуштање до 50% на вработените, што не е случај и со Костал, без оглед на тешката ситуација предизвикана на светскиот пазар од актуелната криза.

„Бидејќи струјата сепак кај нас не влијае толку на крајниот производ, во Костал нема да се случи намалување на бројот на вработени, ние дури и кога немаше целосно производство во Европа ги задржавме нашите вработени, бидејќи имаме многу вложено во тој кадар и тој е неопходен за наше работење и во иднина. Но, сигурен сум дека постојат компании кои на еден или друг начин ќе имаат негативно влијание од кризата, а не знам колкаво ќе биде тоа во проценти, не можам да коментирам“, истакна  Мизо.

Во моментов Костал во својата фабрика крај Охрид  вработува 1030 лица. Тој број до крајот на 2022 треба да порасне за 200 нови вработувања поради новите инвестициски проекти.

„Во наредните две години ќе навлеземе во нов, трет циклус на инвестиции, во вредност од 50 милиони евра, пред се’ за системи за енергетска електроника за Фолксваген групацијата, но и за дополнителни проекти за Мерцедес, што значи дека обемот на производството од тие неколку проекти од 2024 до 2030 година ќе биде над 1,1 милијарда евра во тој временски период.“ посочи Мизо.

Годинава Костал Македонија ќе ја заврши со обрт од 100 милиони евра, а догодина се планираат 140 милиони евра. На глобално ниво Костал Македонија треба да стане главната локација во Европа за производство на системи за електрични и плагин хибридни возила.

„Ова значи потврда и валоризација на се’ што сме направиле во изминатите шест години и начинот на кој сме се покажале во рамки на групацијата.”, додаде Мизо.

македонија8 часа ago

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничување на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

македонија11 часа ago

Кочо Анѓушев се најде на „црната листа“ на САД

македонија2 дена ago

Една година стратешко партнерство на Алкалоид и СОС Детско село

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена за „Банка на годината во 2023“ од магазинот The Banker

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

економија5 дена ago

Анѓушев: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Кристина Камчева – Стојческа: Женското лидерство во подем – тие умеат како да создадат тим од доверба

македонија5 дена ago

Од земјата на виното и ракијата, првиот македонски џин тргна во поход да го освои светот

интервју5 дена ago

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

интервју5 дена ago

Јелена Спасова: Се бориме занаетчиите да го добијат заслужениот статус во македонската економија

интервју5 дена ago

Родовата еднаквост, инклузивностa и еднаквите можности се темели на нашата корпоративна култура

свет5 дена ago

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

свет5 дена ago

Активностите за спојувања и преземања на најниско ниво од 2014 година наваму

македонија5 дена ago

Искористете ја лимитираната можност и уживајте во убавините на сончевата јужна страна на „Гранд Ривер“!

економија5 дена ago

Повеќе жени во тимот, повеќе профит

македонија1 недела ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје