Connect with us

интервју

Милан Дамчевски: ПроКредит Банка е докажан партнер на бизнисот кој активно ги поддржува компаниите и во овие турбулентни времиња

Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка Македонија

објавено

на

И покрај комплексната економска и политичка клима во која работиме, оваа година ќе биде успешна за ПроКредит Банка. Тоа што ќе ја одбележи 2022 година за нас е растот од над 15% на базата на клиенти – правни лица, како и значајно зголемување кај физичките лица. Тоа е резултат на нашата долгорочна посветеност, исклучително квалитетната услуга како и индивидуалниот пристап кон секој клиент, чија важност пазарот знае да ја препознае се’ повеќе од година во година, особено во услови на финансиска криза кога на клиентите особено им значи навремен и квалитетен совет.

Годинава се приближува кон својот крај, а со оглед на сè она што се случи на геополитички и економски план во светот, подобро и да ја заборавиме што побргу. Нарушувањата на светските пазари, растот на цените на суровините и енергијата,  и инфлацијата што ја предизвикаа се прелеа и во македонската економија која ги преживува едни од најтешките моменти од осамостојувањето досега. Во таков амбиент е исклучително важно да се задржи стабилноста на банкарскиот сектор, со цел понатамошна поддршка на бизнисите и граѓаните во надминувањето на актуелните предизвици, но и како основа за понатамошен развој на економијата.
Со членот на Управниот одбор на ПроКредит Банка Македонија, Милан Дамчевски, разговаравме за тоа како банката,  особено позната по финансирањето на развојот на малите и средни компании во земјава, ја завршува оваа тешка година полна со турбуленции, и какви се перспективите за развој на домашните компании во глобалниот економски амбиент кој доживува тектонски промени.

Се приближува крајот на годината, па како ПроКредит Македонија ќе ја заврши 2022? Колку сте задоволни од растот на депозитите, кредитите и другите перформанси, со оглед дека поминуваме исклучително тешка година?

Евидентно е дека тековните глобални случувања ги ставија македонската, но и светската економија пред голем предизвик, каде бројните екстерни, политички и макроекономски движења резултираа со негативни ефекти врз економската клима. Оваа затегната атмосфера може да се почувствува во секој дел од бизнис сферата, во сите индустрии, а особено се истакна кај производните компании кои се значително погодени од зголемената цена на енергенсите.

Сепак, и покрај комплексната економска и политичка клима во која работиме, оваа година ќе биде успешна за ПроКредит Банка. Тоа што ќе ја одбележи 2022 година за нас е растот од над 15% на базата на клиенти – правни лица, како и значајно зголемување кај физичките лица. Тоа е резултат на нашата долгорочна посветеност, исклучително квалитетната услуга како и индивидуалниот пристап кон секој клиент, чија важност пазарот знае да ја препознае се’ повеќе од година во година, особено во услови на финансиска криза кога на клиентите особено им значи навремен и квалитетен совет.

Во однос на депозитите, во ПроКредит ќе ја затвориме и оваа година со зголемено пазарно учество, како и значителен раст на депозитната база – над просекот на банкарскиот сектор во Северна Македонија. Посветеноста на банката кон промоција на култура на штедење, а од друга страна и сигурноста на банката, како единствена во земјата со германски капитал и единствена банка со меѓународен Фич рејтинг, се клучен фактор клиентите да не’ одберат за партнер на кој ќе му ги доверат своите заштеди.

Кај кредитите бележиме раст и во бизнис и во портфолиото на физички лица. Особено значајни за нас се инвестициите во обновливи извори на енергија, каде инвестираме многу во едукација и поддршка на клиентите, со цел да се намали ефектот на енергетската криза. Годината ќе ја завршиме со близу 100 милиони евра во зелени кредити или 20% учество во вкупното портфолио на банката, што е далеку над просекот на банкарскиот сектор во нашата земја.

Вреди да се спомне дека и во овие отежнати услови за работа, квалитетот на кредитното портфолио на банката останува на стабилно,ниско ниво, под просекот на банкарскиот сектор, а финансискиот резултат на банката ќе биде значително подобар од остварениот претходната година.

Колку инфлацијата, и соодветните мерки од Народната банка, ги поскапеа кредитите досега? Дали актуелните кредитокорисници веќе го чувствуваат тоа во своите месечни ануитети?

Затегнувањето на монетарната политика како одговор во борба со инфлацијата како во земјава, така и во светот беше очекувано – исто како и растот на референтните каматни стапки. Секако дека тоа директно ќе се одрази со промена на каматните стапки кај депозитите и кредитите кај клиентите.

Каматната стапка на благајничките записи, една од референтните каматни стапки која ја одредува цената на кредитите во Македонија во моментов е на ниво на 4,25%, што е за цели 3 процентни поени повисоко од почетокот на годината. Динамиката на менување на оваа референтна каматна стапка е најизразена  во последниве 3 месеци, каде каматата расте на месечно ниво, а во ноември го забележавме  највисокото еднократно зголемување од 0.75 процентни поени.  

И EURIBOR, кој е референтна каматна стапка за кредити во евра бележи зголемување за речиси три процентни поени оваа година, каде од негативна вредност од  -0,5% со почетокот на оваа година, достигна до ниво 2,3% кон средината на овој месец.  Како резултат на овие промени, следствено ќе се зголемат каматните стапки на ново исплатените продукти, но и на кредитите со варијабилна каматна стапка, кај кои клиентите ќе имаат зголемување на месечните ануитети.

Па така, на пример,  кај инвестициски бизнис кредит, исплатен на почетокот на оваа година, на износ од 300,000 евра со рок од 10 години износот на месечна рата за компанијата бил 3,000 евра до сега. Со моменталното ниво на каматна стапка новата рата ќе изнесува 3,300 евра.

Зголемувањето на каматните стапки и поскапувањето на кредитите во македонскиот банкарски сектор е само делумно рефлектирано оваа година, а поголем скок на каматите ќе има со почетокот на 2023 година, со оглед на тоа што динамиката на зголемување на референтните каматни стапки значително се забрза во втората половина на годината. Фактот што инфлацијата како во земјата, така и во светот се’ уште не е ставена под контрола, укажува на тоа дека голема е веројатноста каматните стапки да продолжат да растат и во 2023 година, а со тоа, можам да констатирам дека долгогодишниот период и циклус на ниски каматни стапки како на светско ниво, така и во земјава е веќе завршен.

Кај кредитите бележиме раст и во бизнис и во портфолиото на физички лица. Особено значајни за нас се инвестициите во обновливи извори на енергија, каде инвестираме многу во едукација и поддршка на клиентите, со цел да се намали ефектот на енергетската криза. Годината ќе ја завршиме со близу 100 милиони евра во зелени кредити или 20% учество во вкупното портфолио на банката, што е далеку над просекот на банкарскиот сектор во нашата земја.

Познати сте во домашниот економски амбиент како пионери во т.н. „зелено“ финансирање, па колку актуелната ситуација со високите цени на струјата влијаеше врз побарувачката за “зелени“ кредити, на пример? Каде е поголема заинтересираноста, кај физичките или правните лица за овој тип на кредити?

Веќе неколку години наназад постојано работиме на зголемување на свесноста меѓу компаниите за потребата од енергетска ефикасност, но и за производство на сопствена, соларна електрична енергија. Покрај еко-одговорност кон средината во која живееме, ефектот од имплементацијата на вакви решенија е зголемување на енергетската независност, а со тоа и заштита од пазарните шокови како овој што ни се случува во моментов.

Во таа насока, ПроКредит Банка организираше преку 10 едукативни работилници каде повеќе од 300 компании имаа можност да се запознаат со енергетскиот пазар на Македонија, влијанието на трендот на зголемени цени на струјата на конкурентноста на компаниите и се информираа како да се намалат трошоците за струја преку инвестиции во фотоволтаични централи поставени на кров.

Како резултат на нашата кампања, до сега имаме финансирано преку 120 соларни централи поставени на кров или околу 30 MW во инсталиран капацитет. Бизнис клиентите на ПроКредит Банка за три пати повеќе инвестираат во фотоволтаични централи за разлика од останатите правни субјекти кои работат со други банки, што во голема мера е резултат на нашиот напор да влијаеме на нивната свесност за предностите на обновливите извори на енергија.

Покрај правните субјекти, во последните месеци забележуваме зголемен интерес и кај физичките лица, кој во моментов се’ уште е на релативно ниско ниво. За таа цел, започнавме циклус на едукативни настани за клиентите одблиску да се запознаат со процесот, технологијата и предностите од инвестицијата, со надеж дека истото ќе резултира во зголемен интерес за инвестиции во соларната енергија.

Како во актуелниов геополитички контекст (дефинитивно ништо повеќе нема да биде исто) да се однесуваат македонските компании?

За мене, најдобриот пристап е фокус на квалитетот. Нашата конкурентност треба да се гради врз основа на квалитетен инпут, квалитетен кадар и тоа да го извезуваме, односно да се направи промена од пристапот на најниска цена, во фокус на зголемен и гарантиран квалитет. Овој бизнис модел е долгорочно одржлив, а истовремено носи големи бенефити за економијата, земајќи предвид дека поголема домашна додадена вредност значи и подобар нето извоз.

Дополнително, кога разговараме за долгорочна одржливост, дефинитивно треба да се даде голем акцент на инвестиции во фотоволтаици и енергетска независност. Инвестициите треба да одат и во насока на решенија за автоматизација на производните процеси, кои ќе придонесат кон зголемена ефикасност и квалитет во производството.

Исто така, треба да се размислува и во доменот на оптимизација од повеќе аспекти, како на пример кај тековните процеси, нивото на залиха, логистиката, но и за ревидирање на профитните центри на компанијата, па дури и откажување од недоволно профитабилните производи или услуги.

Доколку не се стабилизираат цените на инпутите, како да ја градат својата стратегија за конкурентност, освојување странски пазари и сл.?

Она што во оваа ситуација треба да биде императив за секоја компанија е максимално ефикасно да се користат ресурсите со кои една компанија располага. Неретко, кризите и предизвиците во работењето не’ прават и покреативни, подисциплинирани, но и похрабри и детерминирани, па во пракса гледаме и бизниси кои прават крупни чекори токму во оваа насока.

Направената оптимизација и воведените реформи го прават претпријатието поиздржливо и поеластично за да може да се носи со работењето во овие комплексни економски услови, но уште поважно создаваат перспектива за иден раст и развој. 

На нашиот пазар има голем, неискористен потенцијал за развој на нови производи за кои нашата земја веќе има потреба, но во моментов нивната набавка се врши преку увоз од странски пазари. Независноста од увоз на суровини и производи перспективно ќе доведе до полесно менаџирање на синџирот на набавка, а исто така и ќе ја намали инфлацијата и ќе ги балансира потенцијалните шокови од идните глобални движења.

Важно е да се потенцира значењето и на услужните дејности, кои со зголемената дигитализација низ текот на годините, доживеаја експоненцијален раст. Доколку сакаме да постигнеме конкурентност, потребно е да се насочиме кон развој на услужната индустрија, поддршка на ИТ секторот и извоз на интелектуален труд, каде што сметам дека навистина имаме голем квалитет и се’ уште неискористен потенцијал.

Кои се чекорите што ПроКредит банка, освен самото кредитирање, ги прави во насока на поддршка на компаниите да се соочат со актуелните предизвици?

ПроKредит Банка, како партнер на бизнисот, активно ги поддржува и охрабрува овие промени. Со нашите клиенти сме во редовна комуникација , каде ги анализираме и отворено разговараме за сите проблеми, но и можности со кои се соочува нивниот бизнис. Даваме финансиска поддршка, но и совет како компаниите полесно и посилни да излезат од оваа криза. Дополнително, преку организација и поддршка на разни B2B настани, но и активна соработка со банките од ПроKредит групата, каде сме позиционирани кај едни од најголемите трговски партнери на нашата земја, го олеснуваме и поттикнуваме пристапот, а со тоа и го зголемување извозниот потенцијал на македонските компании кон странски пазари.

економија51 минута ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки19 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас