Connect with us

коментари

Мишко Ралев: Пандемијата ги обликува работните простори

објавено

на

Мишко Ралев, архитект и универзитетски професор

Значењето на канцеларијата за организациите не ослабува, туку и при променета улога сѐ уште е важен фактор за психолошка стабилност на вработените, но незаменлив фактор за успехот на компаниите, како во локални, така уште повеќе и во глобални рамки. Ако е тоа така, тогаш архитектурата и дизајнот на ентериерот влијаат на физичката средина на работното место, а со тоа и врз корпоративниот имиџ на организацијата, при што учествуваат во формулирањето на целта, правецот, фокусот и мотивацијата на организацијата и на нејзините членови, но и врз нивните клиенти.

Работењето во внатрешна физичка средина, поточно во канцелариската, доби доминантна улога во животот на поголемиот дел од работното население, како и на општествата во целина во развиените светски економии на денешницата. Најголемиот дел од работното време на современиот човек се одвива во канцелариски простор.

Канцеларијата е место од каде менаџерите ги раководат компаниите, простор во кој се изработуваат проекти и дизајни, се утврдуваат политички платформи и стратегии, се одвиваат сите бирократски процеси во управувањето со цивилните општества на сите нивоа, се одвиваат стручно – научни истражувања за глобален опстанок и развој на човештвото.

Канцеларијата на денешницата е резултат на процесите кои донесоа  драматични промени на условите за вработените и за  компаниите  во период од крајот на дваесеттиот и почетокот на дваесет и првиот век. 

Сето ова се промени за миг со појавата на пандемијата од Ковид-19 која од темел го промени животот на луѓето и организацијата на општествата. Одеднаш се затворија повеќето од канцелариите во светот и работната сила беше реорганизиранa за работа од дома. Ако до вчера социјалниот момент беше сугериран и форсиран, од сега главното мото е „Социјалното дистанцирање“ кое стана новото нормално. Сите ние станавме дел од најмасовниот експеримент во светот а тоа е „работа од дома“.

„Домашниот модел“ на работа нема целосно да ја елиминира канцеларијата

Но, поголем дел од деловните заедници, особено оние со завидна технолошка и организациска опременост, успешно преминаа во „Домашен модел“ на работа користејќи ги во поголема мера веќе познатите методи на работа кои лесно допуштија замаглената остра граница помеѓу работата и домот да исчезне. Пример за ова е т.н. „телекомјутинг“ (tele-commuting) или т.н. теле-работење (tele-working) од дома, што на работата и даде нова улога и во однос на вработените, и во однос на организацијата, и денес овозможи мек премин кон протоколите за заштита од сeприсутниот вирус на Ковид-19. Ако тогаш, канцеларијата веќе стана еден вид на некаков камп или база, а за некои и домашно катче каде што вработените одат да се сретнат со колегите, да соберат информации и да разменат мислења, таква и ќе остане нејзината улога во голема мера и после пандемијата.

Работењето од дома колку и да стана единствена алтернатива за одржување на работниот ритам, на долги патеки е неодржливо како единствен начин, поради други фактори кои допрва се појавуваат, а тоа се: просторно – технолошката и содржинска недоопременост на станбениот простор, социо – психолошката неодржливост на вака поставената општествена организираност во услови на своевидна катастрофа.

Затоа, значењето на канцеларијата за организациите не ослабува, туку и при променета улога сѐ уште е важен фактор за психолошка стабилност на вработените, но незаменлив фактор за успехот на компаниите, како во локални, така уште повеќе и во глобални рамки. Ако е тоа така, тогаш архитектурата и дизајнот на  ентериерот влијаат на физичката средина на работното место, а со тоа и врз корпоративниот имиџ на организацијата, при што учествуваат во формулирањето на целта, правецот, фокусот и мотивацијата на организацијата и на нејзините членови, но и врз нивните клиенти.

Истражувањето на иднината на канцеларискиот простор укажува на можноста за отворање и утврдување на феномени од денешницата кои веќе се применуваат на ниво на конвенции, но евидентно укажуваат и на темелни разлики. Тие разлики се наметнати од нерамномерниот развој, нееднаквоста на културниот раст и недефинираноста на социо – културните и другите општествени аспекти кои влијаат врз зададениот проблем. Од друга страна, „глобализацијата на инфекцијата“ како феномен, кој драстично ја менува сликата на општествата и улогата на сите типови на простори од јавен интерес и карактер, воочливо влијае и врз изместувањето и редефинирањето на стандардите и мерилата за естетско вреднување на елементите на внатрешниот простор.  

Хибридни внатрешни простори

Кон феноменот на глобализацијата како фактор на обликување и стандардизирање на општественото делување од минатата година се придодаде и пандемијата како примарен одлучувачки фактор за дефинирање на егзистенцијалните норми и стандарди на општествениот живот воопшто. Не многу одамна, што ќе се каже само до вчера, брендот беше утврден како дизајнерска и концептуална алтернатива, за да од денес е ставен во позиција на преиспитување на својот идентитет и правило за употреба преку сеопфатна анализа на својствата на административно – деловниот  работен простор преиспитувајќи ги условите на глобалната стандардизација комплетно изместена од пандемијата на Ковид-19.

Кон развојот и еволуцијата на работниот простор во 21-от век се вели дека делуваат фактори кои можат да се наречат  „глобални мегатрендови“ на кои им се придодаде и факторот на пандемијата. Тие драстично го менуваат светот на административно – деловното работење во канцелариските средини.

Како што појавата на технологија направи револуција во работното место, така и нашите работни средини ќе се прилагодат на светот во кој некои луѓе се враќаат во конвенционалната канцеларија, но многу други ќе продолжат да работат од оддалечени локации. Ова ќе вклучува ко-лоцирани работници, чии лице-в-лице интеракции во канцеларијата се поддржани од виртуелна комуникација, далечински работници кои ги спроведуваат сите активности преку технолошки платформи и хибридни работници чијашто продуктивност е поддржана од микс  на личен контакт и виртуелна соработка.

Веќе се направени истражувања кои покажуваат дека голем број вработени сакаат да продолжат да работат барем делумно  од дома. Но,  дури девет од десет сакаат да поминат барем неколку часа внатре во традиционално работно место. И најмладата генерација на вработени (Генерација „Z“), кои наскоро ќе станат најголемиот сегмент на работна сила, укажуваат на далеку поголем интерес за поделба на времето помеѓу домот и работното место. Канцелариите треба да се менуваат и како изгледаат и како се приспособуваат на разновидна хибридна работна сила трансформирајќи се и самите во „хибридни внатрешни простори“.

Хибридните работници кои веќе започнаа да поминуваат дел од своето работно време во канцеларија, најверојатно ќе бидат таму за да се состанат и да соработуваат. Тие ќе бараат инспиративна и еден вид домашен камп кој мотивира рефлектирајќи ја културата, брендот и вредностите на компанијата. Доделените работни простори ќе бидат опциони. Дури и заедничките простории за „тачдаун“ или „хотелирањето“ ќе отстапат место на просторите за состаноци. Изборот ќе доминира во просторот и во организациското однесување на вработените.

Авторот е професор на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје и претседател на Асоцијацијата на архитекти

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал