Connect with us

технологии / компании

Млади иноватори имаат шанса да го посетат центарот на NASA во Флорида

NASA Space Apps Challenge во Македонија по 10-ти пат

објавено

на

Најголемиот хакатон во светот организиран од страна на Американската агенција за вселенски истражувања NASA заедно со партнери и од други вселенски агенции „NASA Space Apps Challenge“ се одржува секоја година истовремено во 162 земји, а учесници се средношколци, студенти и млади претприемачи од целиот свет. Во Македонија оваа година натпреварот ќе се одржи јубилејно по 10-ти пат, а традиционално е во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс, во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје, и во соработка со домашни компании, ментори експерти од индустријата и универзитетски професори.

„NASA Space Apps Challenge“ е најголемиот хакатон во светот кој истовремено се одржува во дури 162 земји, а учесници се средношколци, студенти и млади претприемачи од целиот свет со познавања и интереси во најразлични области. Се организира од 2012 година од страна на Американската агенција за вселенски истражувања NASA, поконкретно од Директоратот за Научни истражувања за Земјата во соработка со програмата на NASA за апликативни научни истражувања и отворени иновации. Во 2021 година 28.000 учесници креираа над 2.800 проекти решавајќи предизвици со кои се соочуваат Земјата и вселената, а се зададени како теми за натпреварување од страна на експерти на NASA.

Целта на натпреварот е да поттикне кај младите љубов кон иновирање и STEM технологии (науката, технологијата, инженерството и математика), а и да развие кај нив значајни вештини како што се решавање проблеми, работа во тим, креативност и мултидисциплинарен пристап. Посебен фокус на натпреварот е вклучување и на девојки, како и учесници од целата земја со најразлични претходни искуства и вештини.

Од кога се организира NASA Space Apps Challenge во Македонија и кој е организатор?

Во Македонија оваа година натпреварот ќе се одржи јубилејно по 10-ти пат, а традиционално е во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и Фондацијата Голдилокс, во партнерство со Амбасадата на САД во Скопје, и во соработка со домашни компании, ментори експерти од индустријата и универзитетски професори. Дополнително за време на натпреварот, нашите учесници можат да комуницираат директно и со експерти од NASA кои работат во истите области во кои се и предизвиците што ги решаваат.

Досега над 1.500 млади таленти од нашата земја на возраст од 15 до 29 години имаат земено учество, а големо е задоволството што во последниве неколку години дури 40% се девојки. Три наши тимови досега беа прогласени меѓу 40 – те финалисти на натпреварот во глобална конкуренција од над 2000 тимови што е многу значајно постигнување, и тоа: Тимот Delta во 2017 година, како и тимовите Atom Z и EXCEL-erators во 2020 година.

Планови за NASA Space Apps Challenge 2022

Натпреварот ќе стартува на 30 – ти септември со официјално отворање и формирање на тимови од 12:00 до 14:00 часот, а тимовите ќе можат активно да работат на нивните решенија на 1-ви и 2-ри октомври кога ќе бидат прогласени и 5 финалисти. Националното Финале пак е закажано за 4-ти октомври 2022 година. Форматот на учество ќе биде хибриден, односно ќе може да се учествува во живо од просториите на ИТ хабот на софтверската компанија Нетцетера – „Нетавил“ во Карпош 2 спроти техничките факултети или онлајн.

Тимовите можат да бидат составени од минимум двајца, а максимум шест члена. Притоа нема возрасни ограничувања за учество, иако за влез во главната категорија потребни се минимум 15 години, додека помладите можат да се вклучат во детската и (пред)тинејџерската категорија. Оние кои досега не се пријавиле тоа можат да го направат на https://bit.ly/NASASpaceAppsMKD

и на https://2022.spaceappschallenge.org/locations/skopje/event

Секој од натпреварувачките тимови ќе треба да се одлучи за кој предизвик ќе креира решение за време на 48-часовниот хакатон. Предизвиците можат да се погледнат на https://2022.spaceappschallenge.org/challenges/

Главна награда за националниот победник

Дипломците по Мехатроника на Машинскиот Факултет во Скопје – Тијана Костовска и Климент Младеноски од Охрид, кои го предводеа минатогодишниот победнички тим од Македонија TeamySeed, поминаа две недели во центарот на вселенската индустрија – Флорида, САД, придружувани од генералниот менаџер на Њуменс Бизнис Акцелераторот – Ирена Чаушевска Даниловска, којашто е иницијатор и организатор на NASA Spase Apps Challenge во Македонија веќе 10 години

И за победниците од 2022 година како и за победниците од 2021 година, организаторите успеаја да обезбедат средства од домашните спонзори, како и поддршка од глобалниот организациски тим, за двајца претставници на националниот победнички тим од Македонија да можат да отпатуваат во посета на NASA Kennedy Space центарот, во Флорида, САД, и одблиску да се запознаат со иновациите и решенијата на кои тамошните експерти и иноватори работат, како и да имаат можност да гледаат полетување на ракета.

Новина за натпреварот што ни претстои за неколку дена, е што за прв пат и менторот на националниот победничкиот тим ќе може да отпатува заедно со својот тим во NASA Kennedy Space центарот. Менторите можат да го изразат својот интерес за вклучување преку https://bit.ly/STEMSpaceEducators. Дополнително, најдобрите решенија што ќе се креираат во 2022 година ќе се прилагодат за да можат да бидат користени и од страна на македонските основни и средни училишта како едукативен материјал кој ќе има за цел да ја поттикне љубовта кон STEM дисциплините кај помладите генерации.

Доколку пак некој сака да се вклучи како волонтер може да го искористи следниов линк https://bit.ly/SpaceAppsVolonteri.

Како помина посетата на NASA Kennedy Space центарот од страна на минатогодишните победници?

Дипломците по Мехатроника на Машинскиот Факултет во Скопје – Тијана Костовска и Климент Младеноски од Охрид, кои го предводеа минатогодишниот победнички тим од Македонија TeamySeed, поминаа две недели во центарот на вселенската индустрија – Флорида, САД. Заедно со NASA, компании како SpaceX, Lockheed Martin, Boing и Blue Origin таму работат на создавање на летала кои во вселената секојдневно носат сателитски и комуникациски системи неопходни за функционирање на планетата Земја, а забрзано се работи и на создавање услови за враќање на човекот на Месечината, како и освојување на Марс. Технологиите и иновациите кои се тестираат и создаваат, се користат и во најразлични индустрии на Земјата како и во секојдневниот живот.

NASA Space Apps Challenge се одржува на почетокот на октомври месец, непосредно по септемвриската испитна сесија, кога многу од студентите сакаат да здивнат и одморат пред стартот на новата учебна година, па натпреварот секоја година претставува дополнителен тест за одлучност, упорност и креативност. За тоа како дошле до одлуката да учествуваат Климент открива:
 „Отсекогаш сакав да учествувам на хакатонот, но поради тоа што сум студент на Машински и не кодирав, мислев дека шансите се мали да учествувам во некој проект и успешно да ги покажам своите вештини, но минатата година го видов предизвикот за систем за одгледување растенија во вселената и знаев дека мора веднаш да се пријавиме“. Тијана додава: „Ние веќе истражувавме за автоматско одгледување растенија на Земјата така што ова беше одлична можност да го искористиме тоа знаење и да дојдеме до решение кое ќе може да се имплементира во вселената“.

За време на посетата Тијана и Климент имаа можност да се сретнат и поразговараат со астронаутот-пилот Вуди Спринг, кој реализирал бројни мисии со глајдерот Space Shuttle и поминал 165 часа во вселената, а два пати и „чекорел во вселената“. Астронаутот им раскажа како се одлучил за таква кариера, какво е чувството да се биде во ракетата додека полетува, што значи да се живее на Меѓународната Вселенска Станица и да се чекори надвор од леталото, како и за неговите мисии кога бил одговорен за лансирање на три комуникациски сателити.

Тијана и Климент имаа и ексклузивна можност низ посетата на NASA Kennedy Space центарот да ги води коментаторот на лансирања на ракети во вселената Стив Ејџид, кој претходно има и 28 годишно искуство во контрола и оптимизација на лансирање за време на мисиите на Space Shuttle, Delta и Atlas ракетите. За време на посетата имаа можност од блиску да се запознаат со животот на астронаутите во вселената и на меѓународната вселенска станица, видоа примерок од легендарниот Space Shuttle глајдер вратен од мисија, како и примерок од Saturn 5 ракетата долга дури 110 метри што е еднакво на зграда од 36 ката, која е поставена во легната положба и раздвоена по секции за да можат идните инженери одблиску да се запознаат со методологијата на изработка. Тие имаа и ретка можност да го проследат и враќањето на реупотребливата ракета на SpaceX на пристаништето Cape Canaveral.

Тимот TeamySeed за време на натпреварот во 2021 година фокусираше на решение за одгледување на спанаќ, бидејќи поседува нутриенти што им недостигаат на астронаутите. Според Тијана главна препрека за одгледување растенија во нулта гравитација, е тоа што водата со која се наводнуваат може само да одлебди.

„Ова го решивме со користење на специјални воздушни перничиња, а со употребата на МЕМС (Микро Електро-Механички Систем) технологија со која во реално време се мерат вредностите на температура, влага, и слично, во зависност од резултатите ќе се обезбедуваат идеални услови за спанаќот, со што ќе го намалиме времето на растење, односно во ист временски период ќе имаме повеќе берби“.

Климент истакнува дека главната разлика меѓу нивното решение што го нарекоа Саластра и моменталната технологија е во тоа што со Саластра, екипажот на вселенското летало нема да има потреба редовно да ги наводнува растенијата, бидејќи ќе се користи актуатор за притискање на деформабилниот воден резервоар, наместо член на екипажот да го прави тоа сам“. Системот исто така има мали димензии со што ќе може да се користи во леталото без да зафаќа значително место.

„Се запознавме и со лидерите на NASA програмата ‘Veggie’, конкретно со научниците Џоја Маса  и со Трент Смит, коишто всушност го предводат моменталниот тим во NASA Kennedy Space центарот кој работи на растење на растенија во вселената. Тие ни дадоа специфични упатства и остваривме контакт што може да ни отвори можност подоцна да соработуваме“, изјави 23-годишниот Младеноски.

Исто така, се запознавме и со Мартин МекКлелан, каде со неговото искуство во NASA како одговорен за полетување и за деконтаминација ни даде стручни, но и животни совети, велат младите охриѓани.

Тијана и Климент од оваа есен го продолжија своето образование на магистерски студии по Машинско инженерство во насоката Напредна Инструментација на Универзитетот Гронинген во Холандија.

Преку пат во непознатото долг 10.000 километри до NASA натпревар во Македонија

Натпреварот во Македонија го иницираше и го води генералниот менаџер на Њуменс Бизнис Акцелераторот – Ирена Чаушевска Даниловска, која има долгогодишно искуство во поддршка на млади таленти и претприемачи од земјата и светот да го достигнат својот максимален потенцијал. Пред точно 11 години Ирена отпатува во САД со единствена цел да го донесе овој натпревар во Македонија.

„За натпреварот дознав од интернет непосредно по неговото прво издание во 2012 година, во време кога сѐ уште се одржуваше само во Америка. Она што го разбуди мојот интерес беше дека станува збор за практична примена на технологијата со намера да се реши некој реален проблем со кој се соочуваат луѓето на Земјата или во вселената, и за ова да е возможно во тимовите не можеше да членуваат само програмери што беше стандардна практика на други хакатони во тоа време, туку се бараа учесници со знаења во најразлични области, како биологија, физика, хемија, машинство, архитектура, дизајн, медицина, земјоделие…, но пред сѐ се бараа решавачи на проблеми и луѓе кои ќе се отворени да испробаат и нови пристапи. Стануваше збор за ко-креирање на решенија во заеднички интерес, притоа користејќи податоци и ресурси кои NASA ги правеше достапни специјално за учесниците на натпреварот.“

„Со месеци се обидував да стапам во контакт со организацискиот тим од NASA но безуспешно. Тогаш решив да ја искористам мојата тогашна заштеда и да отпатувам директно во лабораторијата на NASA во Лос Анџелс – JPL. На рецепцијата ми дозволија единствено телефонски разговор со вработената со која се обидував да стапам во контакт и тогаш се случи главниот пресврт. Кога таа дозна дека јас сум решила да дојдам дури од Македонија иако немавме закажан состанок, одлучи да дојде и да се запознае со мене по што следеше долг разговор. Ова резултираше веќе следната 2013та година натпреварот за прв пат да го одржиме во Македонија, а веќе во 2014 година e го основав Њуменс, а натпреварот NASA Space Apps Challeng го организиравме истовремено на четири локации: Скопје, Тетово, Битола и Охрид.“

По ова следеше соработка со хабови и стартап акцелератори од регионот и иницирање на натпреварот во Србија, Хрватска, БиХ, Албанија, Словенија, Австрија и Романија, за што голема заслуга имаат и тогашните студенти Анита Кирковска и Давор Поповски кои активно се вклучија во организација на натпреварот во земјата и регионот. Во 2016та година, паралелно со натпреварот дома во Македонија, Ирена заедно со нејзиниот тим од Македонија го иницираше и организираше натпреварот и на локацијата во Силициумската долина. Заради огромниот организациски успех, во 2017 година и беше дадена довербата да го води централното издание на натпреварот на кое гостуваше и Шефицата на Директоратот на NASA за Научни истражувања на Земјата, Патриција Џелисон, како и голем број експерти и научници од NASA Ames Research центарот.

Ова на Ирена ѝ донесе и стипендија од Google за учество на престижната програма на Singularity University за експоненцијални технологии кои имаат потенцијал да направат револуционерни чекори кон нови откритија. Денес Чаушевска Даниловска е докторанд на Универзитетот Јорк во Велика Британија по применета неврологија, исто така со целосна стипендија директно од универзитетот, каде работи на анализа на бихевиористичките и невролошки маркери кај најуспешните стартап претприемачи користејќи комбинирани методи и техники (EEG и VR) со цел добиените резултати да бидат искористени за развивање на подобри политики за поддршка на овие лица што порано. Ако се знае дека првата вокација на Ирена е правото, нејзината животна приказна е вистински пример дека ако навистина се сака, сѐ е достижно дури и од Македонија и дека самите сме активни креатори на нашиот професионален и животен пат!

Пријавувањето за 10 годишното јубилејно издание на натпреварот NASA Space Apps Challenge во Македонија и сите потребни информации заинтересираните учесници и ментори можат да го направат преку фан страната на натпреварот https://www.facebook.com/NASASpaceAppsMKD.

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија23 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство