Connect with us

економија

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

Виртуелна мисија од Вашингтон во Македонија

објавено

на

Монетарците од Вашингтон потенцираат дека справувањето со здравствената криза останува врвен приоритет и ќе биде клучно за заштита на луѓето и зачувување на економијата. Мисијата на ММФ посочува дека фискалната политика треба да остане поддржувачка на краток рок за да се заштитат работните места, фирмите и ранливите категории, а трошењето на здравствената заштита треба да биде приоритет. Според ММФ, политиките на властите досега дале соодветен резултат во насока на ублажување на последиците од корона – кризата. Во однос на економската активност, се очекува таа да се врати со засилено темпо следната година, по силниот пад во 2020 година, но вториот бран на пандемијата претставува ризик за силата на закрепнувањето.

„Макроекономската и финансиската стабилност се одржува благодарение на вештото управување со политиката, како и глобално прилагодливите финансиски услови. Навремено преземените политички активности од страна на Владата и Народната банка одиграа суштинска улога во ублажувањето на економското и социјалното влијание на пандемијата. Како и во другите делови на светот, економијата нагло се намали во 2020 година. Невработеноста, сепак, се зголеми само скромно, поради мерките за фискална поддршка. Инфлацијата се зголеми, пред се, како одраз на повисоките цени на храната. Додека се очекува скок на економската активност во 2021 година, вториот бран на вирусот претставува значителен ризик за опаѓање, и покрај неодамнешните ветувачки вести за развој на вакцини“, оцени ММФ.

Економската активност се очекува да се врати со засилено темпо следната година, по силниот пад во 2020 година, но вториот бран на пандемијата претставува ризик за силата на закрепнувањето, оценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) по својата мисија во земјава минатата недела. Но овој пат, состаноците се одржаа виртуелно, а тимот на ММФ предоводен од Бергjот Баркбу, разговараше со носителите на економските политики во земјава во врска со последните случувања во економскиот и финансискиот сектор, буџетот за 2021 година и изгледите за иднината.

Монетарците од Вашингтон потенцираат дека справувањето со здравствената криза останува врвен приоритет и ќе биде клучно за заштита на луѓето и зачувување на економијата.

„Фискалната политика треба да остане поддржувачка на краток рок за да се заштитат работните места, фирмите и ранливите категории, а трошење на здравствената заштита треба да биде приоритет“, пишува во завршната изјава на ММФ.

Во однос на монетарната политика, велат дека треба да се води приспособливо  сè додека не започне закрепнувањето.

Според ММФ, политиките на властите досега дале соодветен резултат во насока на ублажување на последиците од корона – кризата.

„Макроекономската и финансиската стабилност се одржува благодарение на вештото управување со политиката, како и глобално прилагодливите финансиски услови. Навремено преземените политички активности од страна на Владата и Народната банка одиграа суштинска улога во ублажувањето на економското и социјалното влијание на пандемијата. Како и во другите делови на светот, економијата нагло се намали во 2020 година. Невработеноста, сепак, се зголеми само скромно, поради мерките за фискална поддршка. Инфлацијата се зголеми, пред се, како одраз на повисоките цени на храната. Додека се очекува скок на економската активност во 2021 година, вториот бран на вирусот претставува значителен ризик за опаѓање, и покрај неодамнешните ветувачки вести за развој на вакцини“, оцени ММФ.

На среден рок клучната цел е поголем раст

Целокупниот банкарски систем останува добро капитализиран и профитабилен, но се очекува капацитетот за позајмување на банките да се намали со веројатно влошување на квалитетот на активата. Важно е да се одржуваат строги правила за класификација и  обезбедување заеми за да се осигури дека банките издвојуваат доволно резерви за да ги покријат потенцијалните загуби. Треба да се охрабрат банките да се воздржат од дискрециона дистрибуција на дивиденда и откуп на акции.

Во однос на следните чекори на властите во екот на второт бран на пандемијата, ММФ сугерира „Справувањето со здравствената криза да остане врвен приоритет и ќе биде од суштинско значење за зачувување на економијата и јавните финансии“.

„На краток рок, фискалната политика треба да остане да биде поддршка за заживување на растот, зачувување на работните места и заштита на ранливите категории. Предлог-буџетот за 2021 година предвидува значително зголемување на капиталните трошоци, што – доколку се спроведе – би можело да помогне во зголемувањето на побарувачката и подигнување на потенцијалот за раст на економијата, под услов трошењето да биде насочено кон високо квалитетни проекти. Предлог-буџетот исто така содржи и резерва за непредвидени ситуации за можни нови стимулативни мерки. Ова може да се искористи за проширување на субвенциите за плати, осигурување за невработеност и мрежи за социјално осигурување на насочен начин, со разбирање дека може да бидат потребни дополнителни средства како што се развива ситуацијата. Планираната шема за гарантирање кредити ќе помогне во поддршката на ликвидноста на фирмите. Фискалните ризици поврзани со недостиг на буџетски приходи, државни претпријатија и јавно-приватни партнерства бараат внимателно следење“, предупредува ММФ.

Според монетарците, на среден рок, клучната цел е да се постигне поголем раст за да се подобри животниот стандард и конвергенцијата на приходот со другите европски земји, што ќе бара повеќе инвестиции во човечки и физички капитал.

„Мерките што ја намалуваат даночната основа на приходи и наплатата на даноците пошироко или ги зголемуваат тековните трошоци, како што се пензиите и субвенциите, ќе одат во погрешна насока бидејќи тие подразбираат помалку простор за инвестиции кои го зголемуваат растот“, пишува во изјавата на ММФ по завршувањето на состаноците.

Во однос на политиката на каматните стапки, ММФ вели дека „ставот на прилагодлива монетарна политика е соодветен и НБРСМ е подготвена да постапи колку што е потребно за да се заштити девизниот курс. Целокупниот банкарски систем останува добро капитализиран и профитабилен, но се очекува капацитетот за позајмување на банките да се намали со веројатно влошување на квалитетот на активата. Важно е да се одржуваат строги правила за класификација и  обезбедување заеми за да се осигура дека банките издвојуваат доволно резерви за да ги покријат потенцијалните загуби. Треба да се охрабрат банките да се воздржат од дискрециона дистрибуција на дивиденда и откуп на акции“, оценува ММФ и додава дека ќе биде клучно да се зачува независнота на Народната банка.

„Со оглед на критичноста на капацитетот на НБРСМ да преземе навремени активности за надзор за да се обезбеди стабилност на финансискиот систем, од суштинско значење е да се зачува независноста на централната банка. Ова ќе и овозможи да продолжи да ги исполнува своите мандати за одржување на стабилноста на цените и заштита на финансиската стабилност, што се клучни предуслови за одржлив раст“, додаваат монетарците од Вашингтон.

Инаку, непосредно пред оваа мисија со која редовно се прави скенирање на состојбата на економијата, ММФ ја ревидираше својата прогноза за движењето на БДП годинава, така што по засилувањето на пандемијата послендиот квартал, сега проценките се дека рецесијата во 2020 ќе достигне 5,4%.

Економската перспектива неизвесна

Освен ММФ, и сите други релевантни меѓународни финансиски институции веќе ги ревидираа кон понегативни проценките за економската активност годинава.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) прогнозира пад од 5%, Европската Комисија ја намали прогнозата за еден процентен поен, од 3,9% на пад од 4,9%, а Светска банка проценува намалување на економската активност за 4,2% на годишно ниво.

Според Есенскиот извештај на Европската Комисија, падот на БДП е последица на намалување на приватната потрошувачка којашто се очекува годинава да се намали за 4,3%, додека пак веќе следната година да порасне за 4,5% и во 2022 година за 4,7%.

„Домашната побарувачка, иако е поддржана од владините мерки, останува „пригушена“ и по укинувањето на мерките за ограничување. Остриот пад на дознаките влијае негативно на трошоците на домаќинствата“, вели ЕК во делот на извештајот за нашата земја.

Од друга страна, јавната потрошувачка прогнозите годинава ќе порасне за 3,3% и по 2,9% и 3,1% наредните две години.

Намалувањето на странската побарувачка поради рецесијата што ги зафати сите наши трговски партнери, ќе доведе до пад на извозот годинава за дури 15,5% и намалување на увозот за 12,5%.

ЕК проценува дека вработеноста ќе се намали за 0,3%, а наредните две години да порасне за 0,5% и 2,4%. Од друга страна, Комисијата не очекува зголемување на невработеноста па така стапката останува иста како и лани, 17,3%. Од следната година се очекува да продолжи падот на невработеноста на 17,1% и во 2022 година на 16,6%.

Ако пандемијата заврши на почетокот на следната година, за кога се очекува да биде достапна ефикасна вакцина, Европската Комисија проценува дека економијата ќе почне полека да заздравува со раст од 3,8% и 3,5% во 2022 година.

Не се охрабрувачки ниту есенските економски проекции на Европската Комисија за цела Европа. Вториот бран на коронавирусот и новите рестриктивни мерки дополнително ги влошуваат економските перформанси.

Според есенскиот извештај на Европската Комисија се очекува контракција од 7,8% на економијата на еврозоната до крајот на оваа година, и раст од 4,2% во 2021, па околу 3% во 2022. Споредено со пролетните проекции на Комисијата, изгледите се малку подобри за идната година, а понегативни за 2022.

„Економската активност во Европа претрпе силен шок во првата половина од годината, силно закрепна во третиот квартал како што се олеснуваа рестриктивните мерки, меѓутоа повторната појава на пандемијата во последните недели ги отежна условите, со воведувањето на нови здравствени мерки за да се спречи ширењето на вирусот“, анализира Европската Комисија во својот извештај.

Поради ова проекциите на економски раст се „предмет на екстремно висока стапка на неизвесност и ризик”, предупредува ЕК.

Комисијата очекува значителен пад на економската активност, но смета дека ударот врз пазарот на трудот ќе биде лимитиран благодарение на мерките донесени на ниво на ЕУ, преку разни програми за невработените. Невработеноста ќе продолжи да расте идната година, но би требало да се подобри состојбата во текот на 2022.

Но поради зголеменото трошење на државите во време на пандемија, главно за поддршка на бизнисите и работните места, очекуван е и раст на јавните долгови и дефицити на буџетите на земјите членки.

„Растот ќе се врати во 2021 но ќе бидат потребни две години за европската економија да се приближи до нивото пред пандемијата. Во овој контекст на многу висока неизвесност, националните и фискалните политики треба да одат во насока на поддршка, а буџетот на ЕУ мора да биде финализиран оваа година за да биде на сила на почетокот на 2021“, изјави еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони.

Македонските власти велат дека економското заздравување коешто се предвидува во 2021 година е под силно влијание на неизвесноста во врска со должината на пандемијата и може сериозно да биде погодено од неодамнешното повторно зголемување на бројот на новозаразени лица. Во интервју за Капитал минатата недела, министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека имајќи предвид мерките на социјално оддалечување да продолжат, но со евентуално подобрување на ситуацијата постепено да се укинуваат во текот на 2021 година, економскиот раст во земјата се очекува да премине во позитивната зона следната година, и тогаш се очекува закрепнување на инвестициите, на потрошувачката и надворешната побарувачка.

Различни сценарија се во игра

Македонските власти велат дека економското заздравување коешто се предвидува во 2021 година е под силно влијание на неизвесноста во врска со должината на пандемијата и може сериозно да биде погодено од неодамнешното повторно зголемување на бројот на новозаразени лица.

Во интервју за Капитал минатата недела, министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека имајќи предвид мерките на социјално оддалечување да продолжат, но со евентуално подобрување на ситуацијата постепено да се укинуваат во текот на 2021 година, економскиот раст во земјата се очекува да премине во позитивната зона следната година, и тогаш се очекува закрепнување на инвестициите, на потрошувачката и надворешната побарувачка.

„Ова е согласно основното сценарио – по кое се водат сите светски економии при проектирање на растот. Основното сценарио тргнува од претпоставката за слабеење на здравствената криза и етапно подобрување на епидемиолошката слика, повисока искористеност на производствените и услужните капацитети, поволни ефекти од економските мерки, како и зголемена доверба кај потрошувачите и инвеститорите“, истакна Бесими.

Според него, планираната фискална консолидација, редизајнирањето на буџетската политика и Стратегијата за економско заздравување и забрзан раст (SmartER Growth) се цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, враќање на економијата на преткризната патека на раст во втората половина на 2021 година и обезбедување на побрза динамика на економски раст потоа. Согласно проекциите следниот петгодишен период се очекува економскиот раст да биде со просечна стапка од 5% додека во периодот од 2026 до 2030 година се предвидува стабилизирање на просечната стапка на економски раст на 5,75% годишно. 

„Песимистичкото сценарио е кризата да продолжи во тек на цела 2021, а заздравувањето да започне во 2022 година. Согласно ова сценарио растот би бил понизок во 2021, односно би го следел растот на нашите најголеми трговски партнери во Европа, кои согласно песимистичкото сценарио очекуваат растот да им се преполови или наместо стапки од околу 5%, да имаат стапки од околу 2 и пол проценти“, додава Бесими. Инаку, властите почнаа да го реализираат четвртиот пакет антикризни мерки којшто е проценет на 470 милиони евра, а Бесими вели дека ситуацијата се следи и постојано ќе се носат нови мерки соодветни на економските потреби.

економија17 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија5 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија5 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија17 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија7 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија6 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија