Connect with us

менаџмент / маркетинг

Можеме ли на работното место да бидеме она што сме

Автентичност на работа

објавено

на

Градењето на позитивна, здрава култура на работното место никогаш не било поважно и токму автентичноста е клучен елемент за тоа. Важно е да се создаде деловно опкружување во кое автентичноста не само што се прифаќа, туку се препознава и наградува.

Пандемијата, освен работата  од дома, изроди и  неколку нови правила и аспирации на  вработените. Меѓу нив е автентичноста, односно можноста за слободно изразување на сопственото мислење, без страв од предрасуди. Затоа, градењето на позитивна работна култура никогаш не било поважно.

Футуристот и бизнис инфлуенсер  Бернард Мар спроведе истражување со Oracle за најважните вредности на работното место. На LinkedIn, каде што беше спроведено истражувањето, анкетниот прашалник го пополниле  5.000 луѓе. Според нивните одговори, можноста да се биде „свој и автентичен“ е најважната вредност на работното место.

За испитаниците, автентичноста е поважна од можноста за соработка, иновативноста  и внесување додадена вредност во културата на компанијата. Но, што точно подразбираме под „автентичност“ на работа?

Клучна вештина

Тоа е, всушност, чувството дека слободно го изразуваме  нашето мислење и даваме свој придонес во деловните процеси. Автентичноста значи и разговор за проблеми на работа, но исто така и отвореност кон сопствените грешки и недостатоци без страв од предрасуди.

Градењето на позитивна, здрава култура на работното место никогаш не било поважно и автентичноста е клучен елемент за нејзино создавање. Ова значи дека е од суштинско значење да се создаде деловно опкружување во кое автентичноста не само што се прифаќа, туку се препознава и наградува.

Како што објаснува Мар, деловната култура може да создаде ситуации во кои луѓето се принудени да размислуваат или да постапуваат на начин што не е во согласност со нивните принципи. Ако се бара од вработен, на пример, да биде неискрен со клиентите, да не зборува кога ќе види нешто што смета дека не е во ред, или да не може да разговара за сопствените идеи, ова наскоро ќе доведе до незадоволство.

„Автентичноста и можноста да се прилагодат на ситуациите, заедно со низа нови предизвици, се клучните вештини на вработените. Всушност, верувам дека лидерството започнува со автентичност, и ние како водачи мора да го охрабриме и прифатиме “, објаснува  Ричард Смит, извршен потпретседател на Оracle.

Автентичност во лидерството

За да се создаде култура на автентичност во една компанија, потребно е да се развие таа вредност кај одговорните луѓе. Ако лидерите на компаниите не можат да се изразат искрено (што значи да признаат грешка или дека некој друг има подобра идеја од нивната), тогаш и другите вработени нема да можат.

Автентичните лидери се отворени за своите маани и слабости, тие знаат кога да побараат помош, но и кога треба да остават некој аспект на работата на некој со повеќе искуство или вештини, дури и ако е тој  во пониска позиција.

Емпатијата е уште една важна вештина на автентичните лидери. Тие мора да можат да препознаат кога другите не се чувствуваат слободни да бидат автентични.

Добрата вест е дека лидерите сè повеќе ја сфаќаат важноста на автентичноста на работното место. Со оглед на ова, се почесто се практикува лидерите да користат свои социјални мрежи (како LinkedIn) за да го искажат своето автентично мислење.

Исто така, лидерите треба да покажат дека се водени од морален компас, односно етичка рамка што е компатибилна со визијата и аспирациите на самата компанија.

Автентичност на брендовите

Автентичноста на лидерот и работната сила неизбежно придонесува за автентичноста на брендот на компанијата, што клиентите многу го ценат. Едно истражување  од 2017 година покажало  дека 86 проценти од испитаниците ја сметаат автентичноста за клучен фактор во изборот на брендовите што ќе ги поддржат.

Значи, со автентичноста се гради доверба. Потрошувачите сакаат да веруваат дека компаниите што им даваат добра и услуги се отворени и искрени со нив и постапуваат во нивни најдобар интерес. Автентичните компании изгледаат сигурни и транспарентни.

Како да бидете автентични на работа

„Автентично“ не значи само да го изразиме нашето мислење и да го направиме она што мислиме дека е правилно. Ниту, пак, значи дека не треба да бидеме толерантни кон другите кои постапуваат или размислуваат поинаку. Автентичноста значи да не им дозволуваме на другите луѓе да не’ спречуваат да размислуваме или да постапуваме на начинот на кој веруваме дека е најдобро.

Еден од најдобрите начини да бидеме автентични е да започнеме со искрена проценка на самите себе – нашите силни и слаби страни и што конкретно можеме да ѝ дадеме на компанијата во која работиме. Не е лошо дури да се свртиме околу себе и да бараме  колеги кои изгледаат „автентични“. Имено, луѓето кои се „популарни“ оставаат впечаток дека се автентични, дека ја кажуваат вистината и дека се отворени за нивните стравови и аспирации.

Развивањето на овие квалитети е одличен начин да им дадеме на знаење на другите околу нас дека и тие можат да бидат автентични, што доведува до поголемо задоволство од работата, подобра деловна култура на компанијата, но и поголема доверба во брендот.

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите