Connect with us

свет

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

Илон Маск и геополитиката

објавено

на

Оваа година само,  најбогатиот човек на светот се сретна со лидерите на Франција, Италија, Индија, Јужна Кореја, Турција и Израел. И додека „љубовта“ надвор од границите на САД некако расте кон Илон, администрацијата на Бајден нема добри зборови за технолошкиот могул. Згора на тоа, поради зголемениот политички досег на Илон и неговото навлегување во чувствителните геополитички прашања, расте нервозата во границите на самите САД, каде многумина го  обвинуваат за преголемо влијание во различни сфери, вклучително и во овие геополитички.

Веќе навикнавме на разни паради на светски лидери кои одат еден кај друг, се ракуваат, ветуваат мед и млеко и насмеано позираат пред фоторепортерите. Ваквите паради, придружени со големи свити и обезбедување, се честа појава во сите земји и обично се резервирани за претседатели или премиери на држави. Меѓутоа, во последниве неколку месеци, многу државни посети на светските лидери во САД не завршија со посетата на стариот Џо Бајден, туку на „баци рака“  дојдоа ни помалку ни повеќе кај  Илон Маск.

Оваа година само,  најбогатиот човек на светот се сретна со лидерите на Франција, Италија, Индија, Јужна Кореја, Турција и Израел. И додека „љубовта“ надвор од границите на САД некако расте кон Илон, администрацијата на Бајден нема добри зборови за технолошкиот могул. Згора на тоа, поради зголемениот политички досег на Илон и неговото навлегување во чувствителните геополитички прашања, расте нервозата во границите на самите САД, каде многумина го  обвинуваат за преголемо влијание во различни сфери, вклучително и во овие геополитички.

Сите бараат да отвори фабрики кај нив

Сепак, Маск е навикнат на секакви негодувања, па не му е премногу грижа, а странските лидери постојано доаѓаат. Некои бараат економски стимулации за индустријата за електрични возила, некои би сакале фабрики на Tesla во своите држави, некои би инвестирале во инфраструктурата на Space X, некои ги интересира Starlink. Некои пак,  се расправаа со Маск за X, поранешниот Twitter кој сега исто така е во сопственост на Маск, а некои за иднината на вештачката интелигенција, за која Маск вели дека мора да биде зауздана на некој начин, а во исто време го развива својот Neuralink, кој секако ќе користи вештачка интелигенција кога ќе биде подготвен да се „спои со човекот“.

Францускиот претседател Емануел Макрон трипати му се додворуваше на технолошкиот магнат од декември минатата година, сѐ со цел овој да ја изгради новата гигафабрика на Tesla токму во Франција. Слични молби дојдоа од италијанската премиерка Џорџија Мелони во јуни и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела во Њујорк.

И иако Маск беше во Њујорк пред минатонеделното  Генерално собрание на Обединетите нации, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху полета за Калифорнија нешто пред тоа,  за да разговара со него за вештачката интелигенција. На Нетанјаху не му пречеше што Маск се поткачи со  Anti-Defamation League, еврејска организација за граѓански права која вели дека говорот на омраза драматично се зголемил откако Илон ја презеде социјалната мрежа X и ги промени правилата за модерирање на содржината.

Нетанјаху, кој претходно твиташе  дека им се восхитува на „генијалноста и влијанието на Маск врз човештвото“, го охрабри во нивниот разговор, којшто се пренесуваше во живо, да „најде рамнотежа“ помеѓу заштитата на слободата на говорот и казнувањето на говорот на омраза.

Неговиот разговор со индискиот премиер Моди во јуни уследи по наводите на поранешниот извршен директор на Twitter, Џек Дорси, дека индиската влада се заканила дека ќе ја забрани платформата на нејзина територија доколку не ги почитува наредбите за отстранување на содржината. Маск рече дека не може да го направи тоа.

Ги запрепасти и Тајванците

Иако многу од овие состаноци, како што велат шефовите на државите, биле фокусирани на бизнис интереси, многу аналитичари сметаат дека тие доаѓаат кај Маск затоа што човекот едноставно има големо влијание врз глобалната геополитика, а многумина во САД ги сметаат потезите на Маск „навреда за интересите на САД, како и за интересите на поширокиот Запад“.

Минатата недела, Маск ги запрепасти тајванските власти со коментарите за политиката на Пекинг „Една Кина“, сугерирајќи дека самоуправниот остров е „аналоген на Хаваи или нешто слично, составен дел на Кина што самоболно не е дел од Кина“.

„Слушајте, Тајван не е дел од НР Кина и секако не е на продажба“, изјави тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву.

Оваа расправија со Тајван само ги поттикна тврдењата дека Маск лесно ги прифаќа барањата на другите земји дури и кога тие се во конфликт со политиката на САД.

И иако Маск беше во Њујорк пред минатонеделното  Генерално собрание на Обединетите нации, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху полета за Калифорнија нешто пред тоа,  за да разговара со него за вештачката интелигенција. На Нетанјаху не му пречеше што Маск се поткачи со  Anti-Defamation League, еврејска организација за граѓански права која вели дека говорот на омраза драматично се зголемил откако Илон ја презеде социјалната мрежа X и ги промени правилата за модерирање на содржината.

„Се надевам дека Илон Маск може да побара и од Кина да го отвори X за своите луѓе. Можеби тој мисли дека забраната е добра политика, како исклучувањето на Starlink за да се осуети украинскиот контранапад против Русија“, напиша Ву.

Ву мислеше на тврдењето на дотичниот Волтер Ајсаксон кој рече дека Starlink бил исклучен за да спречи таен украински напад врз руската поморска флота на Крим. Откако Маск го негираше тоа, Ајсаксон почна да го повлекува тврдењето, пишувајќи на X дека покривањето на Starlink на Крим всушност никогаш не било овозможено.

Сепак, Ајсаксон на друго место тврди дека, пред Маск да ја донесе својата одлука, рускиот амбасадор во САД „изрично  рекол дека украинскиот напад на Крим ќе доведе до нуклеарен одговор“.

И американскиот претседател Бајден, исто така, беше прашан дали го смета Маск за закана за американската национална безбедност, на што рече дека „соработката и техничките односи со другите земји се вредни за внимание“.

Тоа е врвот на сантата на студените односи. Белата куќа избегнува да ја споменува Tesla во своите јавни коментари за индустријата за електрични возила, наместо тоа зборува за синдикализирани производители на автомобили, додека Маск вели дека не може да ја поддржува Демократската партија и се повеќе флертува со републиканците и нивните претседателски кандидати.

Маск како селебрити

И американскиот претседател Бајден, исто така, беше прашан дали го смета Маск за закана за американската национална безбедност, на што рече дека „соработката и техничките односи со другите земји се вредни за внимание“.Тоа е врвот на сантата на студените односи. Белата куќа избегнува да ја споменува Tesla во своите јавни коментари за индустријата за електрични возила, наместо тоа зборува за синдикализирани производители на автомобили, додека Маск вели дека не може да ја поддржува Демократската партија и се повеќе флертува со републиканците и нивните претседателски кандидати.

Неверојатниот успех на Tesla и SpaceX помогна во лансирањето на Маск од генијален иноватор во некаков вид на селебрити, постигнувајќи повеќе за 25 години од веројатно кое било друго човечко суштество на земјата. Ноам Коен, поранешен технолошки колумнист за „Њујорк тајмс“ и автор на книгата „ The Know-It-Alls: The Rise of Silicon Valley as a Political Powerhouse and Social Wrecking Ball “, вели дека Маск, како и многу други  технолошки магнати, може да донесуваат еднострани одлуки со значителни геополитички последици, што претставува ослабнување на  демократијата. Таквата концентрација на богатство не е добра, според Коен.

„Само затоа што сте добри во програмирање или бизнис, зошто тоа треба да значи дека сте добри во креирањето правила за тоа како треба да функционира светот“, прашува Коен, а тоа прашање може да се прошири и надвор од технолошките магнати, да речеме на политичарите, кои дури не знаат ни да програмираат.

економија5 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress