Connect with us

македонија

Можност што не се пропушта: Станови во „Гранд Ривер“ преку супер поволни кредити

објавено

на

Станбените единици кои се градат во рамки на објектот „Гранд Ривер“ кој никнува спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје, од сега се достапни и преку кредити за недвижности во градба со одлични услови, креирани во согласност со македонските стандарди.

Со тоа изградбата на финансиска конструкција за набавка на нов дом на најдобрата локација во Скопје станува многу полесна и подостапна. Преку станбените кредити на банките партнери на инвеститорот на комплексот „Гранд Скопје“- МГ Фешн, имањето сопствен простор, индивидуалноста и слободата се на чекор од вас.

Станбените кредити наменети за објектот „Гранд Ривер“ нудат бројни поволности како: најдолг рок на отплата, атрактивна месечна рата, гарантирана каматна стапка, ослободување од административни и нотарски трошоци за одобрување на кредитот итн.

Атрактивна месечна рата и рок на отплата

Цените на недвижностите не секогаш се фиксни, односно цената по квадратен метар е често детерминирана од самите карактеристики на станот за кој сте заинтересирани. Оттука, станови со иста или слична квадратура можат да имаат различни цени зависно од нивната ориентација, внатрешниот распоред и др.

Но, цената на посакуваниот стан нека не ви задава грижи затоа што со станбените кредити на банките партнери на инвеститорот на комплексот „Гранд Скопје“ може да добиете атрактивен рок на отплата и поволна месечна рата.

Гарантирана каматна стапка

Сигурна основа за вашата финансиска конструкција за ново живеалиште во објектот „Гранд Ривер“ даваат и гарантираните каматни стапки на станбените кредити, кои пак ви се достапни со повеќе опции за да се стекнете со идеален дом по најповолни услови. Ова овозможува да направите долгорочен план за распределба на вашите финансии и купувањето стан да не ве лиши од останатите задоволства кои го збогатуваат вашето живеење.

Промотивни услови

Доколку својата иднина ја гледате во срцето на Скопје, во современ комплекс со многубројни поволности, изграден согласно највисоките стандарди во градежништвото, имате одлична можност без дополнителни трошоци вашиот дом да го исплаќате на кредитни рати.

За сите оние кои одлуката за свој нов дом ќе ја донесат до крајот на месецот ноември постои можност за 100% ослободување од административните трошоци, целосно ослободување од трошоци за процена, како и ослободување од нотарски трошоци за станбен кредит за вашиот нов дом во идното обележје на градот објектот „Гранд Ривер“.

За да се информирате за сите поволности кои ги овозможуваат банките партнери на МГ Фешн, Комерцијална банка и Стопанска банка, може да ја посетите официјалната веб-страница на „Гранд Скопје“ https://grandskopje.mk/grandkrediti .

Детален одговор на сите ваши прашања пак може да добиете во продажниот салон на комплексот, кој се наоѓа на првиот кат во ГТЦ, во близина на киното „Милениум“, секој работен ден од 08 до 18 часот или, пак, да го контактирате тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.

свет21 час ago

Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, е избрана меѓу 100-те највлијателни луѓе на планетава според магазинот Тајм

македонија23 часа ago

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

економија23 часа ago

Ангеловска – Бежоска: Каматната стапка ќе ја намалиме во втората половина од годинава, доколку не се остварат позначителни ризици

македонија2 дена ago

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

банки5 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија5 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија5 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија5 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

македонија5 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

свет5 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.