Connect with us

македонија

Моника Белучи ќе „ја поздрави“ 99 –годишнината на Стопанската комора на Македонија

објавено

на

Да беше „човек“, ќе изгледаше како старец кој е на крајот од својот животен век. Меѓутоа, Комората денес изгледа доволно искусно и мудро и сѐ уште може да привлекува членки, па затоа решивме на нашата прослава да ја „поканиме“ големата филмска ѕвезда Моника Белучи, бидејќи исто како нас таа изгледа преубаво за своите години и сѐ уште привлекува внимание, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески во своето обраќање до јавноста денеска.

Стопанската комора на Македонија утре, 18 февруари, прославува 99 години од основањето.

Како што вели нејзиниот претседател, Бранко Азески, да беше „човек“, ќе изгледаше како старец кој е на крајот од својот животен век.

„Меѓутоа, Комората денес изгледа доволно искусно и мудро и сѐ уште може да привлекува членки, па затоа решивме на нашата прослава да ја „поканиме“ големата филмска ѕвезда Моника Белучи, бидејќи исто како нас таа изгледа преубаво за своите години и сѐ уште привлекува внимание.“, вели Азески во своето обраќање до јавноста денеска.

На прославата, додава тој,  ќе бидат присутни австрискиот канцелар Себастијан Курц, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, бившиот премиер на Грција Алексис Ципрас, бившиот претседател на Хрватска Стипе Месиќ, милијардерите Бранко Роглиќ („Орбико“), Миодраг Мишковиќ („Делта холдинг“) и Рифат Хисарчиоглу од Турција, претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска и повеќе стотици други бизнисмени, министри, соработници и пријатели на Стопанската комора на Македонија.

„Претпоставувате – тие ќе бидат дел од специјалната емисија насловена ‘99 години Стопанска комора на Македонија’, која ќе се емитува на нашите телевизиски куќи, поради една и единствена причина – мерките што се во сила за заштита од актуелната пандемија предизвикана од вирусот корона. Од истите причини, за првпат во својата историја, Стопанската комора на Македонија и традиционалните  награди ги додели во компаниите, а не во своето седиште, во куќата на бизнисот, на ‘Димитрие Чуповски’ бр.13. Се надевам дека сите овие личности кои ќе ги гледате на телевизиските екрани овие денови ќе бидат присутни во живо на 18 февруари 2022 година, кога ќе ја славиме 100-годишнината на Комората.“, вели Азески.

Во продолжение го пренесуваме во целост остатокот од обраќањето на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески:

„Можете да претпоставите што сѐ поминала една институција во изминатите 99 години. На Балканот, за кој многумина тврдат дека не е географски поим, туку правец во психологијата, тоа значи војни, блокади, ембарга, кризи и што ли уште не. Да се опстане во таков амбиент е вистинско чудо. Комората во тој период доживeа и подеми и падови, но никогаш не исчезна затоа што таа претставува реална потреба на компаниите, која ги обединува за оствaрување на нивните цели, а тоа се создавање профит, отворање нови работни места и нормално функционирање на целата држава.


Во оваа прилика сакам да напоменам неколку факти. Денес Стопанската комора на Македонија претставува моќна организација, со признато реноме и дома и во регионот. Членките на Комората создаваат половина од вкупниот приход во приватниот сектор, односно 50,3 %; речиси половина од профитот во приватниот сектор, односно 47,6 % и секој трет вработен во приватниот сектор е вработен во компанија членка на нашата комора, односно 33,7 %.

Во апаратот на Стопанската комора на Македонија има тројца доктори на наука, 15 магистри и повеќе од 10-тина експерти. Но тие бројки се многу поголеми во членките, каде што има повеќе од илјада инженери, правници, економисти, меѓународно признати експерти, академици и луѓе со високи научни титули. Таква концентрација на умствен капитал нема ниту една друга институција. Сето тоа се остварува во услови на коморски плурализам и на доброволно членство. Коморскиот плурализам и доброволното членство се вистински доказ за нашата успешност, која на најпрофесионален начин е во функција на приватниот сектор во нашата држава.

Регионално, Комората во последните години двапати претседаваше со Асоцијацијата на балканските комори (асоцијација на 11 држави на Југоисточна Европа), а денес е успешен предводник на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) со седиште во Трст, кој настана во 2016 година во рамките на Берлинскиот процес на германскиот канцелар Ангела Меркел.

Можам да потврдам дека Комората е подготвена за новите предизвици, како што се дигитализацијата, зелената енергија, енергетската ефикасност, борбата против пандемиите и другите општествени зла и подготвени сме да се фатиме во костец со најгорливите проблеми на економијата.

Затоа, сиот наш ангажман до 100-годишниот јубилеј ќе биде насочен кон тоа да ја потврдиме сегашната позиција на лидери во приватниот сектор кај нас и во регионот.

Она што ме загрижува е сѐ поголемиот јаз што настанува и што се продлабочува меѓу јавниот и приватниот сектор, затоа што напредокот на една земја е можен само ако тие релации се обострани.

Во реалноста имаме состојба во која компаниите одат побргу напред отколку државните институции. Кадарот на компаниите темелно се едуцира, се надградува, стекнува искуства на меѓународните пазари и секојдневно се бори со конкуренцијата.

Од друга страна, јавниот сектор, и покрај желбата на поединци, сѐ уште плива во неефикасност, партизација, прекубројност и во слаба стимулација, а може да се заштити единствено со привилегирана позиција во односите со приватниот сектор на планот на меѓусебните плаќања, донесувањето закони по скратена постапка и на претераната регулација. Таа подвоеност, ако не се преземе нешто, ќе резултира со уште поголеми поделби и тогаш меѓусебната соработка ќе стане неможна.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија1 час ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација