Connect with us

интервју

Мукаетов за „Топ извозници“ на Извоз.мк: Годинава ќе ја завршиме со извоз од 180 милиони евра

објавено

на

Најуспешната македонска компанија “Алкалоид” годинава ќе ја заврши со извоз од околу 180 милиони евра, што се високи 70% од вкупните консолидирани продажби на компанијата.

Живко Мукаетов, првиот човек на “Алкалоид” очекува тешка, но успешна година за компанијата, која и покрај бројните предизвици во изминатиот период успеа значително да го зајакне присуството на многу европски пазари, кои се најголем приоритет за зголемување на извозот во следниот период.

„Силно сме фокусирани на многу внатрешни подобрувања и оптимизации, со цел да ја зголемиме рационалноста на сите можни процеси. На тој начин сме убедени дека ќе излеземе уште поподготвени во насока на надминување на тековните и пресретнување на идните предизвици.“, вели Мукаетов за едицијата „Топ 100 извозници“ на порталот Извоз.мк.

Изминатите три години донесоа многу големи промени и неизвесност во работењето на извозните компании. Кои се најголемите проблеми и ограничувања со кои Алкалоид се соочува во работењето?

Мукаетов: Точно е тоа. Изминативе неколку години беа исклучително динамични и бараа огромнапосветеност со цел надминување на бројните предизвици од најразлична природа. Она што перзистира веќе одредено време од пандемијата, па наваму се нарушувањата во синџирите за снабдување. Предвидливоста во набавките и обезбедувањето на неопходните репроматеријали значително се влошени. Ова дополнително е проследено и со континуираното покачување на набавните цени на многу влезни суровини и материјали. Повеќе од една година во економиите е присутна и инфлацијата, која, како што сѐ повеќе одминува времето, ги манифестира своите ефекти во насока на одложување на потрошувачката и на сѐ позначителното намалување на платежната моќ на потрошувачите. Секако, и континуираното зголемување на каматните стапки го одбележа изминатиов период, дополнително влошувајќи го економскиот амбиент. Овие трендови, покрај на домашниот и на регионалните пазари, се сѐ позабележителни и во поголем број на останатите пазари каде што ги пласираме нашите производи.

Што значи да се произведува и да се извезува во време на висока инфлација? Како се одразуваат поскапувањата врз работењето и врз извозот? Дали високата инфлација и економското забавување резултираат со пад на побарувачката за производите на “Алкалоид”?

Мукаетов: Не е едноставно да се стопанисува во вакви времиња. Правиме големи напори одредени закани и ризици да ги претвориме во можности. Нашата индустрија е сериозно регулирана и во одредени сегменти не постои простор за брзи подесувања. Затоа сме силно фокусирани на многу внатрешни подобрувања и оптимизации, со цел да ја зголемиме рационалноста на сите можни процеси. На тој начин сме убедени дека ќе излеземе уште поподготвени во насока на надминување на тековните и пресретнување на идните предизвици.

Какви се очекувањата и проценките за производството и за извозот за годинава и за следната година? Какви сигнали доаѓаат од најважните извозни пазари?

Мукаетов: И покрај сѐ, нашите очекувања во овој момент се дека во тековната година ќе успееме да оствариме двоцифрен раст во клучните финансиски параметри. Ова, пред сѐ, се должи на забележителниот недостиг на антибиотици, како и на сирупи за настинка од други производители на повеќето извозни пазари. Овие недостатоци успеавме да ги покриеме преку зголемен обем на производство и на продажба на вакви производи од нашето портфолио.

Во тек е и процесот на подготовка на плановите за наредната година, а првичните најави од нашите пазари се дека повторно ќе нѐ очекува тешка, но и успешна година.

Во изминатите неколку години се случија големи геостратешки поместувања кои ги менуваат тековите на трговијата и на синџирите на снабдување. Како влијае тоа врз работењето и колку како компанија сте посветени на диверзификација за да се намалат ризиците и зависноста од одредени пазари или клиенти?

Мукаетов: Една од областите на која ѝ посветивме сериозно внимание изминативе години е токму диверзификацијата. Резултат на тоа се континуираното ширење на нашето портфолио со нови производи и освојувањето нови пазари. Истото се рефлектира и во постоењето алтернативни добавувачи или синџири на снабдување. Во фармацевтската индустрија овие процеси се многу долготрајни и сега, на пример, ги собираме плодовите на вложените напори од изминативе десетина години. Поради тоа неопходни се правовремени одлуки и голема истрајност и упорност за долгорочен успех.

Секоја година отвораме по неколку нови пазари, па во 2023 година може да обележиме дека обезбедивме наше присуство и во Италија, на Малта, понатаму во Чиле, Австрија, Саудиска Арабија итн. Оваа година, исто така, отворивме и наша компанија во Букурешт, со што правиме нов квалитативен исчекор врзано за нашето присуство на романскиот пазар.

Кои извозни пазари имаат потенцијал за раст за “Алкалоид” и за индустријата во која работите? Имате ли отворено некој нов пазар во изминатата година и дали планирате влез на нов извозен пазар следната година?

Мукаетов: Традиционалните пазари од регионот се основата на нашето работење. Но, во изминативе години значително го зајакнавме нашето присуство и на многу ЕУ-пазари. Според тоа, потенцијалот за раст на компанијата, пред сѐ, го гледаме токму на овие пазари, како прв приоритет.

Секоја година отвораме и по неколку нови пазари, па во 2023 година може да обележиме дека обезбедивме наше присуство и во Италија, на Малта, понатаму во Чиле, Австрија, Саудиска Арабија итн.

Оваа година, исто така, отворивме и наша компанија во Букурешт, со што правиме нов квалитативен исчекор врзано за нашето присуство на романскиот пазар.

Нашите очекувања се оваа година да оствариме вкупен извоз од околу 180 милиони евра, што би претставувало учество од близу 70% во вкупните консолидирани продажби на “Алкалоид”.

Каква поддршка и системски промени се потребни од државата за извозот на “Алкалоид” и фармацевтската индустрија да стане поконкурентен? Кои досегашни политики или мерки ги оценувате како ефикасни и од корист за извозниците?

Мукаетов: Сметам дека извозот е единствената движечка сила која може да придвижи напред помала национална економија како нашата. Сите чинители во нашето опкружување може многу да помогнат кон остварување на оваа основна економска цел. Во тој контекст, потребно е да се обезбеди рационализација во бирократските постапки од сите нивоа на власта, кои може да бидат уште попродуктивно поставени или олеснети со цел обезбедување подобри предуслови за работа. Несомнено дека за подобри резултати на извозниците од голема полза е и обезбедувањето уште поголема финансиска поддршка за оние кои континуирано инвестираат во производство, во истражување и развој и во зголемување на извозните активности, што на долг рок овозможува повеќекратно обезбедување поврат на тие средства. Несомнено дека за подобри резултати на извозниците од голема полза е и обезбедувањето уште поголема финансиска поддршка за оние кои континуирано инвестираат во производство, во истражување и развој и во зголемување на извозните активности, што на долг рок овозможува повеќекратно обезбедување поврат на тие средства.

Во борбата со инфлацијата, со растот на цените на енергијата и со геополитичката неизвесност, каде е местото на одржливоста и на зеленaта транзиција? Дали и колку овие трендови за одржливост се одразуваат врз работењето на “Алкалоид” и какви промени преземате за да ги следите?

Мукаетов: Обезбедувањето одржлив раст е основата на секоја успешна компанија која го поставува работењето на долги патеки. Тоа е, едноставно, неминовност и составен дел на нашето деловно одлучување.

Она што беше карактеристично во изминатава година е вложувањето во фотоволтаични системи, со кои обезбедивме извесно ниво на покривање на сопствените потреби од електрична енергија. Во нашите планови е да не застанеме тука, туку да продолжиме и позасилено во таа насока, со цел обезбедување поевтин извор на електрична енергија, но и повисок степен на независност во тој поглед.

Исто така, оваа година инвестиравме во пречистителна станица на локалитетот во Автокоманда, со што обезбедуваме подобрување на третманот на отпадни води, во согласност со зголемените капацитети на нашето производство. Многу детали од овој сегмент на нашето работење обелоденивме и во првиот ЕСГ-извештај, кој го издадовме оваа година, што ќе претставува и наша редовна пракса во иднина.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки1 недела ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи