Connect with us

економија

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

објавено

на

„Плановите за Романија имаат цел зголемување на тимот, на портфолиото на производи и на популарноста на брендот на производителот“, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје за угледното романско деловно списание „Бизнис магазин“.

Македонскиот производител на лекови „Алкалоид“, кој во последните пет години забележа просечна годишна стапка на раст од над 12%, отвори капитално поврзано друштво во Романија за зајакнување на својата позиција на локално ниво.

Заради одржување на темпото на раст, компанијата, која е присутна речиси во 50 земји, цели кон глобална експанзија. Во седиштето  во Скопје пазарот во Романија се смета за стратешки, а локалното работење во првата година достигна пораст на продажбата од 66%. „Алкалоид“ пласира околу 20 производи на романскиот пазар, од речиси 250 производи од портфолиото на фармацевтската компанија.

„Плановите за Романија имаат цел зголемување на тимот, на портфолиото на производи и на популарноста на брендот на производителот“, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје за угледното романско деловно списание „Бизнис магазин“. Ви пренесуваме дел од разговорот  на Мукаетов со романските новинари.

„ Почетоците на ‘Алкалоид’ датираат од август 1936 година кога на периферијата на Скопје е отворен еден од првите капацитети за преработка на алкалоиди на просторот на тогашната југословенска заедница. Од само два погона со 15 работници, денес, 88 години подоцна, ’Алкалоид’ достигна приближно 80.000 квадратни метри производствени капацитети, близу 3.000 вработени во седиштето во Скопје и 22 капитално поврзани друштва лоцирани во 15 земји во светот“, го запознава Мукаетов „Бизнис Магазин“ со историјата на компанијата.

Постојаниот деловен успех и одржливиот развој на „Алкалоид“, главно, се резултат на квалитетот на нивните производи, вработените во компанијата, брендот „Алкалоид“ и на индивидуалните брендови развивани со децении од генерации посветени вработени.

Константа во долгогодишната историја на „Алкалоид“ се инвестициите. Во последните петнаесет години компанијата издвои речиси 220 милиони евра насочени кон изградба на нови фармацевтски единици, зголемување на капацитетите за истражување и развој, инсталирање најсовремена опрема, лаборатории, технологии, софтвер и добро обучен кадар.

Антибиотикот Xifia на Алкалоид е меѓу петте најдобри брендови на антибиотици на романскиот пазар

Денес „Алкалоид“ пласира повеќе од 70% од своето производство во речиси 50 земји во светот. Глобалните трендови во фармацевтската, хемиската, билната и во козметичката индустрија се применети во нашето секојдневно работење, а нашето придржување до најстрогите стандарди за добра производствена пракса го потврдуваат реномирани авторитети.

„Во една динамична индустрија каква што е фармацевтската, пласманите, вообичаено, одговараат на инвестициите, вештините и на знаењето, кои во последните две децении строго ги насочивме кон глобално позиционирање на брендот ’Алкалоид’. Важна стратешка гледна точка во нашата глобална мапа е Романија. На овој пазар, откако бевме присутни во последните години, во 2022 година регистриравме сопствена компанија во Букурешт“, вели Живко Мукаетов. Таму портфолиото на „Алкалоид“ се состои од повеќе фармацевтски производи и од производи за хемодијализа.

„Наш врвен фармацевтски производ на овој пазар е антибиотикот Цефиксим (македонски Панцеф), регистриран со заштитниот знак Xifia во Романија, кој е меѓу петте најдобри брендови на антибиотици на романскиот пазар. Секој производ, секој бренд и секоја одлука на ’Алкалоид’, главно, се резултат на залагањата на луѓето пред сѐ. Нашата цел е да изградиме компанија од задоволни луѓе кои го вложуваат својот потенцијал во нашиот заеднички успех, бидејќи имиџот, вредностите, кредибилитетот и организациската култура на компанијата се рефлектираат преку нејзините луѓе“, вели Живко Мукаетов.

Тој додава и дека мисијата на „Алкалоид“ е како компанија да се диференцира преку знаење и преку развој на производи со додадена вредност, користејќи високи етички стандарди во нашите секојдневни активности, како и кредибилитет и професионален пристап во нашето општо работење.

„И во вакви времиња на предизвици ќе останеме посветени на најважното нешто во животот – Здравјето пред сѐ!“, порачува Мукаетов за романскиот “Бизнис магазин“.

Во Романија приказната има подолга историја

За работата на „Алкалоид“ во Романија повеќе детали за „Бизнис магазин“ дава Дарко Столевски, директор на компаниското претставништво во Букурешт.

„Главна цел во првата година од активностите на локалниот пазар беше да се изгради тимот, а целта за продажбата беше надмината за 30%, така што го минавме прагот од 10 милиони евра во 2023 година. Во првите четири месеци од оваа година консолидираната продажба на локалниот пазар беше за 27% поголема од онаа во истиот период минатата година“., истакнува Столевски.

Во моментов, според него,  бизнис-моделот на „Алкалоид“ има цел да се прошири и на други пазари, што е еден од приоритетите на групацијата.

„Во Романија нашата приказна не е толку свежа. Иако филијалата ја отворивме пред неполни две години, некои од производите претходно беа присутни на романскиот пазар преку локални партнери“, вели Дарко Столески. Така, првата соработка со локалниот пазар датира од 2004 година, па затоа производите се многу добро познати меѓу лекарите, фармацевтите и меѓу потрошувачите на романскиот пазар.

„Важна цел беше да се создаде врска меѓу брендовите веќе познати за здравствените работници и брендот ’Алкалоид’ како производител, бидејќи подружницата се појави подоцна од производите. За повеќето лекари Xifia и Forexo беа добро познати, но сликата за брендот ’Алкалоид’ моравме да ја создадеме од нула“, додава претставникот на компанијата.

Целиот текст преземен од романскиот „Бизнис магазин“ може да го прочитате на следниов линк.

македонија2 минути ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија5 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци