Connect with us

македонија

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

Конференција на „Халк банка“ – „Чувари на мудроста“

објавено

на

Целта на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк Банка“ АД Скопје е обединување на студентите и младите претприемачи со најдобрите ментори и практичари од различни професионални области и можност од прва рака да се слушнат успешни приказни и да се научат корисни работи од искуствата на луѓето кои со својот труд и посветеност успеале да ги надминат сите бариери и да ги достигнат врвовите во својата кариера.

Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зеде учество на конференцијата „Чувари на мудроста“, која по втор пат се одржа деновиве во организација на „Халк банка“ АД Скопје, под мотото „Инспирација за новата генерација“.

Во рамките на вториот конференциски панел, насловен „Успешна бизнис приказна – посветеност, дисциплина, интуиција“, модериран од Сашко Коцев, а во друштво на ко-панелистот Петар Ниновски, основач на „Бреинстер“, низ пријатна и непосредна дискусија базирана на сопствените искуства, Мукаетов се осврна на своите лични и професионални предизвици во неговата 25-годишна кариера.

„За мене, како човек кој го води ‘Алкалоид’, најголем предизвик беше почетокот на менаџерското поглавје. На 32 години, дојдов на чело на еден голем систем со долга традиција и специфична тежина. Многу луѓе беа со резервирана доверба, а превладуваа и очекувањата дека ‘најдобрите времиња’ за ‘Алкалоид’ завршиле. 18 години потоа, резултатот на исклучително посветената работа е, можам да кажам, глобална компанија, присутна на сите континенти, во повеќе од 50 земји во светот, со континуиран раст и развој и над пет-кратен раст на продажбите во изминатиот период. Компанија која покажува и докажува дека и во Македонија можеме многу работи да направиме онака како што треба и дека сме способни и конкурентни да се позиционираме каде било во светот“, истакна Мукаетов.

Голем дел од панел дискусијата беше посветен на човечките ресурси, односно предизвиците со кои младите се соочуваат на почетокот од нивните кариери во поглед на изборот на нивниот професионален пат во државен или во приватен сектор, но и предизвиците со кои компаниите се соочуваат во поглед на изнаоѓање квалитетен и стручен кадар.

„Кај нас, голем дел од младите луѓе сметаат дека ќе можат најдобро да се реализираат преку јавниот, односно државниот сектор. Јас сепак би го препорачал приватниот сектор, каде секој кој се одважил, кој заслужил шанса, истата неминовно ќе ја добие. Сите компании имаат потреба од квалитетни и посветени кадри со правилни вредности. Ние во ‘Алкалоид’ се бориме таквите луѓе да ги донесеме и задржиме, преку програмите за практикантство, дуално образование, кариерно следење и разни интерни обуки и активности. Многу е важно како општество да градиме клима во која кај младите првиот професионален избор би бил приватниот сектор во која било форма: дали како дел од големите компании, преку сопствена бизнис иницијатива, старт-ап и слично“, поентираше Мукаетов.

Неколку принципи за успешна бизнис приказна

Основачот на „Бреинстер“, Петар Ниновски во своето обраќање до младите студенти и претприемачи, нагласи дека младите не треба да „се штедат“ во првите 15 години од својата кариера туку: „Да работат напорно, да се пробуваат, ако треба и да направат грешки во бизнисот, но да умеат да си простат за нив“.

Тој  сподели неколку принципи за успешна бизнис приказна: диференцирање од конкуренцијата, смелост и параноичност во свет којшто постојано се менува. Во обраќањето до младите, сподели дека успешноста на бизнисот лежи во способноста постојано да се делува и да се работи наместо да се троши непотребно долго време на планирање. 

Основачот на „Бреинстер“, Петар Ниновски (десно на фотографијата) во своето обраќање до младите студенти и претприемачи, нагласи дека младите не треба да „се штедат“ во првите 15 години од својата кариера туку: „Да работат напорно, да се пробуваат, ако треба и да направат грешки во бизнисот, но да умеат да си простат за нив“. Тој сподели неколку принципи за успешна бизнис приказна: диференцирање од конкуренцијата, смелост и параноичност во свет којшто постојано се менува. Во обраќањето до младите, сподели дека успешноста на бизнисот лежи во способноста постојано да се делува и да се работи наместо да се троши непотребно долго време на планирање. 

Како основач на Бреинстер и Бреинстер Некст колеџот, Ниновски, го трансформираше образованието во регионот. Студентите од академиите работат на реални проекти за партнер-компаниите на Бреинстер, учествуваат во хакатони коишто симулираат работна атмосфера и изработуваат концепт-решенија. Како лидери на регионот со вработени 2136+ алумни студенти, Бреинстер ги обучува своите студенти да бидат квалитетен ИТ-кадар.

На самиот крај, Петар Ниновски постави прашање за вештачката интелигенција во фармацевтската индустрија. На темава, Мукаетов сподели дека „Алкалоид“ како глобална компанија ги следи трендовите користејќи податоци и симулации од разни бази на вештачката интелигенција коишто понатаму служат како дел од донесувањето одлуки.

„Во фармацевтската индустрија, трендовите се менуваат многу брзо и ако сакаме да останеме конкурентни, истите мора да ги следиме. Како компанија, ние веќе користиме податоци и симулации од разни бази на ВИ кои ни служат како дополнителни аргументи при носењето на одлуки во насока на влез на нови пазари, развој на нови производи и слично“.

Целта на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк Банка“ АД Скопје е обединување на студентите и младите претприемачи со најдобрите ментори и практичари од различни професионални области и можност од прва рака да се слушнат успешни приказни и да се научат корисни работи од искуствата на луѓето кои со својот труд и посветеност успеале да ги надминат сите бариери и да ги достигнат врвовите во својата кариера.

Мукаетов и Ниновски добија рекордни 23 прашања од присутните студенти. Токму и ова е целта на самата конференција којашто се одржува по втор пат: поврзување на младите во почетоци на своите кариери со веќе реализирани и успешни професионалци. 

македонија4 часа ago

@media: Иднината на пазарот за рекламирање

економија4 дена ago

Мукаетов за магазинот “The Region“: Нашите брендови се дел од секојдневието на луѓето

македонија4 дена ago

Универзитетот Американ Колеџ Скопје почна соработка со City College of New York од САД

банки5 дена ago

УНИБанка втора година по ред е поддржувач на најзначајната културна манифестација „Охридско лето“  

економија5 дена ago

Стимулирање на иновациите во Scalefocus: Како ги мотивираме ИТ професионалците да бидат иновативни

интервју1 недела ago

Гоце Сиваков:  Нашите клиенти веќе ги чувствуваат бенефитите од фактот дека УНИ Банка е дигитално и технолошки напредна банка!

економија1 недела ago

Стручна обука за општествена одговорност и прв „директорски појадок“ на Клубот на одговорни бизниси

економија2 недели ago

Мукаетов на насловна на престижниот романски магазин „Бизнис“: Романија е стратешки пазар за „Алкалоид“

економија2 недели ago

Почна проектот „Бизнис лидер“ – нова, иновативна платформа за вмрежување на најдобрите од македонскиот деловен свет

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модернизирана филијала во Кавадарци