Connect with us

регион

Мукаетов од бизнис конференција во Белград: Мораме да ги задржиме талентите во регионов!

објавено

на

Бизнис заедницата е еден од најбитните играчи во процесот на мотивација на луѓето да останат во регионов и да ја гледаат својата иднина овде, истакна Живко Мукаетов, директорот на Алкалоид, на бизнис конференцијата NLB Investor Day што денеска се одржува во Белград.

Дефинитивно најскапоцен ресурс се луѓето и треба да се бориме како општества да ги задржиме овде, во регионот, истакна директорот и претседател на УО на Алкалоид, Живко Мукаетов, на првиот Инвеститорски ден, конференција што денеска се одржува во Белград во организација на НЛБ Групацијата.

„Да се залагаме за промовирање на позитивни стории за да ги мотивираме квалитетните кадри да останат во регионов. Живееме во политизирани општества, дефинитивно треба да сме проактивни, поагресивни во промовирањето на добрите вредности. Не може да очекуваме премногу од некои сегменти од општествата, за жал, затоа мора и самиот бизнис сектор да се ангажира во некои процеси со цел создавање  стручен и мотивиран кадар, како што е дуалното образование, на пример. Ние како компанија стартуваме едукативен центар за потребите на нашиот бизнис развој, значи дефинитивно треба повеќе акција за да се мотивираат луѓето. Бизнис заедницата е еден од најбитните играчи во тој процес.“, истакна Мукаетов.

NLB Investor Day е настан на којшто се присутни финансиски експерти, аналитичари, извршни директори на клучните компании во регионот, медиуми и многу други кои ги пишуваат успешните приказни за овој регион. Конференцијата е  посветена  на макроекономскиот  преглед на регионот, неговата атрактивност како можност за инвестирање, стратегии за одржлива иднина, но и на работењето на НЛБ Групацијата.

македонија6 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија