Connect with us

интервју

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ: Потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство

м-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ, управителка на Штедилница ФУЛМ

објавено

на

За да дојдеме до повеќе жени претприемачки, раководители и останати водечки позиции, потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство, посебно во економијата. Лично сметам дека женското лидерство е основата на успешно имплементирање на новите Environmental Social Government (ESG) стандарди. Жените при одлучување го анализираат влијанието на нивните одлуки врз сите засегнати страни, не само врз профитот, туку и врз  квалитетот на животот на вработените, сопствениците и заедницата во целина.

Основана во 1999 година (догодина ќе прославуваат голем јубилеј, 25 години од работењето на македонскиот пазар, н.з.), Штедилница ФУЛМ (Финансиски Услуги за Луѓето од Македонија) е уникатна финансиска институција во земјава, единствена од типот на штедно – кредитни унии. Штедилницата ФУЛМ прибирајќи ги заштедите на своите членови и пласирајќи ги на оние членови на коишто тие средства им се потребни,  го опслужува делот од населението којшто на друг начин тешко или воопшто не може да добие финансиски услуги. Оттаму слоганот „Луѓе помагаат на луѓе“ е заштитен знак за суштината на постоењето на кредитните унии ширум светот и на Штедилница ФУЛМ. Штедилница ФУЛМ е членка на Светскиот Совет на кредитни унии (World Council of credit unions -WOCCU) а со тоа и дел од светското семејство на кредитни унии кое се протега на 6 континенти, во 97 земји во светот и брои речиси 404 милиони членови здружени во 82,758 кредитни унии. Неодамна, управителката на Штедилница ФУЛМ, М-р Елеонора Згоњанин – Петровиќ, беше избрана за член во одборот на WOCCU набљудувачи, функција која за прв пат се воведува и по тој повод разговаравме со неа, за тоа што значи оваа чест и привилегија за неа лично и секако, за Штедилница ФУЛМ, а зборувавме и за најбитните достигнувања на штедилницата во областа на дигитализацијата и корпоративната општествена одговорност.

Г-ѓа Згоњанин, за првпат во 52-годишната историја на WOCCU во одборот на организацијата има претставник од Р.С. Македонија. Што значи тоа за вас како управител на Штедилница ФУЛМ и генерално за институција? На што пред сè се должи овој успех?

Да се биде дел од одборот на WOCCU, претставувајќи мала земја како нашата, е само потврда дека знаењето, интегритет и посветеноста се клучот за мојот личен успех и успех на институцијата со која управувам во изминатите 23 години. Поддршката од вработените, од кои повеќето се над 15 години во Штедилница ФУЛМ, постојаниот поттик за иновативност од страна на органите на управување, помошта за оптимизирање на бизнис процесите од деловните соработници и довербата од членови (корисниците на услуги) се  “тајните состојки“ на нашата успешната приказна.

Кажете ни нешто повеќе за успешната приказна за дигитализацијата во Штедилница ФУЛМ, споделена на конференцијата на WOCCU под мотото “Be bold, no matter that you are small”

Штедилница ФУЛМ е финансиска институција која по актива е најмала на македонскиот банкарски сектор. Но, тоа не ја спречи, да имплементира стратегијата за дигитализација на услугите почнувајќи од 2009 година. На пример, Штедилница ФУЛМ е првата финансиска институција која направи мобилна апликација. Успешна приказна за текот на дигитализацијата беше споделена во Ванкувер, Канада, пред повеќе од 3.000 учесници. Целта беше да се охрабрат сите финансиски институции, независно од нивната големина,  да чекорат по патот на дигитализација на своите услуги како основа за зелената економија. 

Исто така, вашиот концепт
“Go Green” е идентификуван како „инфлуенсер “за поддршка на зелената економија за останатите земји членки на WOCCU. Што подразбира овој концепт поточно?

Годинава во Ванкувер, Канада, Штедилница ФУЛМ заедно со институции од Бразил, Австралија и Кенија се идентификувани како” инфлуенсери“ за поддршка на зелената економија за останатите земји членки на WOCCU. Целта на овој концепт е да се подготват нашите вработени, органи на управување, членови и деловни соработници, со нивните семејства за значењето на зелената економија. Секоја компанија може да направи по малку за да се доближиме кон зелената економија. За почеток, тоа финансиски не е многу, но е многу во создавање на подобро место за живеење за нас и нашите деца. Непечатење на документи, рециклирање на пластични шишиња и возењето на велосипеди се одлична стартна основа за зазеленување на нашата економија. Имено, Штедилница ФУЛМ во изминатите 10 години, со дигитализацијата во деловното работење, “ спаси“ 100 дрва. Замислете колку дрва би можеле да спасат сите бизниси во нашата земја, и пошироко во регионот.

Според статистиките, на македонскиот пазар, жените водат претежно мали бизниси. Вие сте финансиска институција фокусирана токму кон микро и малите бизниси,  па дали овие статистики се рефлектираат и во вашето работење, односно колку жените се застапени како основачки, сопственици или менаџери на малите бизниси коишто ги поддржувате?

Во пресрет на 25 годишнината на Штедилница ФУЛМ, би можеле да се  пофалиме дека при користење на услугите на Штедилница ФУЛМ има многу висока родова рамноправност. Секако, ова е изразено преку поддршка во Собранието и Кредитните одбори на Штедилница ФУЛМ каде 50 % се жени. Во Штедилница ФУЛМ спроведуваме посебни програми,  “Мој бизнис – Моја слобода“ и  “Храбра и своја “ за поддршка на женското претприемништво кои се поддржани од интернационални донатори. 

Како вие гледате на проблемот на женското лидерство во општеството и економијата? Како да дојдеме до повеќе жени претприемачки, раководители и останати водечки позиции?

За да дојдеме до повеќе жени претприемачки, раководители и останати водечки позиции, потребен е поголем општествен поттик за јакнење на женското лидерство, посебно во економијата.
Формирањето на платформи и мрежи каде жените од деловниот свет можат да разменат лични искуства, да ги споделат предизвиците со кои се соочуваат и да се поддржуваат меѓусебно може значајно да ги охрабри жените за вклучување на водечки позиции.

Клучно за поддршката на женското лидерство е подобрување на спроведување на законската рамка за рамноправна застапеност на половите во бизнисот. Креирање на култура дека жените можат да бидат лидери е основа за осигурување на еднакви можности за жените во бизнисот.

Според некои истражувања компаниите со женско лидерство постигнуваат и подобри резултати од своите конкуренти со типично машко водство. На што се должи тоа според вас, која е компаративната предност на жените во лидерството?

Лично сметам дека женското лидерство е основата на успешно имплементирање на новите Environmental Social Government (ESG) стандарди. Жените при одлучување го анализираат влијанието на нивните одлуки врз сите засегнати страни, не само врз профитот, туку и врз  квалитетот на животот на вработените, сопствениците и заедницата во целина. Имено, јас, заедно со уште неколку жени во различни земји, во 2009 година ја инициравме Глобалната мрежа на жени лидери ( Global woman leadership network – GWLN) со цел да поттикнеме промени во подготвеноста на женското лидерство. Во ФУЛМ во 2011 година, го формиравме Форумот на жени – лидери во нашата земја, први во Европа, како дел од GWLN. Секоја година се одржуваат Форуми на жени -лидери со цел постојано зголемување на знаењето и споделување на лични искуства. Крајна цел е уште повеќе успешни жени да бидат дел од водечки позиции во бизнисот и невладиниот сектор во светот. На крајот би сакала ја споделам мојата мантра –  “Size does not mater, vision does”.

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?

банки3 дена ago

Потрошувачки кредит на УНИБанка АД Скопје со одлична понуда за рефинансирање и бонус од 1.000 денари при онлајн аплицирање

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

економија6 дена ago

Како работеа домашните инвестициски фондови: Зголемување и на вредноста и на приносите

интервју6 дена ago

Стефан Таневски: УАКС обезбедува сличен, ако не и ист, калибар на образование како и најдобро оценетите меѓународни бизнис школи

банки1 недела ago

Комерцијална банка како „Зелен поборник“ ќе пошумува и ќе едуцира

свет6 дена ago

Пустината под вода

регион6 дена ago

Доаѓаат супер-богати купци на недвижнини од цел свет, сплитска агенција ќе им биде ексклузивен партнер

интервју6 дена ago

Фабрис Перушко: Кога се нафатив да го водам стечајот на Агрокор многумина ми изразуваа сочувство

економија6 дена ago

Движењата на стоковите берзи обратни од оние на финансиските пазари

технологии / компании6 дена ago

Кои се главните предности на генеративната вештачка интелигенција

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Кој ќе господари со бизнисот во ниската земјина орбита: Една вселенска станица ќе се пензионира, многу нови ќе се појават

свет2 дена ago

Време ли е за продавање на акциите од Apple?