Connect with us

свет

„Навивачи“ колку сакаш: финансиер од Волстрит  вели дека биткоин ќе достигне 100.000 долари за една до две години

објавено

на

„Распродажбите“ на крипто пазарот продолжија и вчера  и денес, па сега во моментов цената на биткоин е уште пониска, околу 20.500 долари, а на етер околу 1.060 долари.

Силниот пад на биткоин деновиве е прилика за купување пред најпопуларната криптовалута да направи пресврт и да достигне и до 100 илјади долари следните 12-24 месеци , вели шефот на инвестициската куќа SkyBridge Capital, Ентони Скарамучи за CNBC.

Тој го кажа ова во понеделникот, кога биткоин потона 15% на 22.896 долари, што значи под 23.000 за првпат од декември 2020 наваму. Пазарната капитализација на биткоин се спушти под илјада милијарди долари за првпат од почетокот на 2021. „Распродажбите“ на крипто пазарот продолжија и вчера  и денес, па сега во моментов цената на биткоин е уште пониска, околу 20.500 долари, а на етер околу 1.060 долари.

“Со напливот на кеш што доаѓа  во нашите фондови, ние сега докупивме биткоин и етереум. Имаме удел и во FTX (менувачница за криптовалути со седиште на Бахами, н.з.) којашто работи добро, зголемува пазарен удел и е профитабилна компанија“, рече Скарамучи.

Според него оние што се паметни, среде овој дебакл на крипто  – пазарот ќе си купат крипто средства и „уште ќе прашаат дали има уште“.

Биткоин инаку падна за повеќе од 50% во 2022 досега, додека етер, токенот на ертереум блокчејн платформата, загуби речиси 70% од вредноста од први јануари наваму.

Цените на крипто пазарот практично го следат трендот на она што се случува кај акциите на светските берзи, коишто се урнисани поради инфлацијата и зголемените каматни стапки.

Скарамучи, којшто, патем, стана познат за пошироката јавност во 2017 година, кога едвај десетина дена ја извршуваше функцијата директор за комуникации на Белата куќа, вели дека е „невозможно да се предвиди колку ниско може да паднат сега биткоин и етер“.

„Но, ако бевте присутни на конференцијата за крипто Consesus минатата недела (организирана од CoinDesk, информативен портал за крипто средства, н.з.) и слушневте за целиот тој силен развој што се случува на Web3  и парите коишто се влезени таму, мислам дека потенцијалот е огромен“, вели тој. “Се уште верувам дека биткоин лесно може да се качи до 100.000 долари следниве 12 до 24 месеци, но ќе мора да се навикнете на флуктуациите.“

Скарамучи додава дека инвестициските банки веќе влегоа во светот на криптовалутите, нудат разни финансиски инструменти и сл., и дека нештата нема да се враќаат назад.

„Многу добри вести доаѓаат од секторот, многу позитивни промени. Само што сега цената падна ужасно.“

македонија1 ден ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија2 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост