Connect with us

економија

Над 305 илјади граѓани имаат животно осигурување, раст од 14% во 2022

Над 305 илјади граѓани имаат животно осигурување

објавено

на

Најголемо учество  имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра, додека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента

Вложувањата во осигурување живот надминаа 2,27 милијарди денари (37 мил.евра). Овој сегмент на осигурителниот пазар лани пораснал за 14 отсто во споредба со претходната 2021 година, покажуваат официјалните податоци што ги доставиле петте компании за осигурување живот до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).

Заклучно со крајот на 2022 година во земјава животно осигурување имале 305.322 лица што е за речиси 45.000 лица односно 17 отсто повеќе во споредба со претходната година. Во истиот период бројот на активни договори надминал 171.000 и е зголемен за 7 отсто.

Најголем раст осигурувањето без штедна компонента

Во вкупното осигурување живот најголемо учество имаат вложувањата во осигурување со штедна компонента. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти. Вкупно во 2022 година во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 1,236 милијарди денари (20,1 мил.евра)

Официјалните податоци на компаниите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента.  Со него во случај на смрт, за времетраење на договорот, се исплаќа осигурена сума на член на семејството или на друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го презела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице.

Вложувањата во ова осигурување лани достигнале 547 милиони денари (8,9 мил.евра) и тоа е за 56 отсто повеќе од претходната година. Бројот на лица кои го имаат ова осигурување надмина 243.000 што е 22 отсто повеќе во споредба со 2021 година.

Една од двете клучни причини за раст на продажбата за ризико осигурување е тоа што овој продукт се поврзува со банкарски кредити кои ги имаат  осигурениците.

Другиот катализатор на растот на бројот осигуреници кои имаат животно осигурување е мерката со која АСО им укажа на  друштвата за неживотно осигурување дека не смеат да преземаат во осигурување ризик од смрт поради болест во рамки на понудата на осигурувања од последици на несреќен случај (незгода).

Кроација живот останува лидер на пазарот

Осигурувањето во кое ризикот од вложување на средствата го превзема осигуреникот е најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар. Овој продукт е популарно познат како „јунит линкд“ осигурување. Кај ова осигурување значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал. Во 2022 година над 13.600 осигуреници во овој продукт вложиле 494 милиони денари (8 мил.евра).

Животно осигурување продаваат пет осигурителни компании. Во продажбата на полиси лани „Кроација осигурување“ учествува со 31,7 отсто, „Граве“ со 22,1 отсто, „Винер лајф“ со 17,6 отсто, „Триглав осигурување – живот“ со 16,1 отсто и „Уника лајф„ со 12,5 отсто.

Компаниите за осигурување живот во 2022 годинава на осигурениците им исплатиле вкупно 705,2 милиони денари ( 11,5 мил.евра) односно 18,5 отсто повеќе средства од претходната година. Средствата се исплатени заради настаната смрт на осигуреник, доживување или за прекин на договор за осигурување со штедна компонента.

АСО: Друштвата за животно осигурување се солидно капитализирани

Петте друштва за осигурување живот имаат силно влијание на одржување на финансиската стабилност на осигурителниот пазар. Вкупната актива на овие компании на крај на минатата година изнесува 11,5 милијарди денари (187 мил.евра) што претставува 38 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни компании.

АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските, како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за осигурување. Друштвата за осигурување во континуитет се усогласени со овие законски барања.

Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување на живот се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби и со солидни приноси.

Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал, овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по континуитетот во работењето.

македонија22 часа ago

Реализирани повеќе заеднички хуманитарни активности на „Алкалоид“ и на Црвен крст на Град Скопје

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија4 дена ago

Даниел Јанчевски, специјалист за е-commerce во Иуте кредит: Имплементираме напредни дигитални решенија за електронска трговија, со цел да им го олесниме секојдневието на купувачите и на локалните трговци

економија6 дена ago

Фероинвест и Брако денеска прославуваат 20-годишен јубилеј

македонија1 недела ago

Јубилејни часовници за работниците по повод 20 години од Брако и Фероинвест

економија1 недела ago

Одобрени  50 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за поддршка на македонските компании преку Развојната банка

банки1 недела ago

ПроКредит Групацијата постигна добри резултати последните 9 месеци со принос на капиталот од 13,6%

македонија7 дена ago

Живко Мукаетов избран за нов член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

банки4 дена ago

Личниот пристап кон клиентите е клучен за градење доверба

банки5 дена ago

ЕБОР одобри 9 милиони евра за поддршка на млади претприемачи и „зелени“ инвестиции, кредитите ќе се одобруваат преку ПроКредит Банка

македонија3 дена ago

Анѓушев на одбележувањето 20 години Фероинвест и Брако: Потребно е обединување на бизнисите, силни партнерства и градење кадри!

економија2 дена ago

Преку 800 гости на корпорацискиот прием на Фероинвест и Брако